TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тирана против српска мини-држава на Косово

А1 - 01.03.2003

Албанската влада го оцени како неприфатлив обидот на Србите од Косово да постигнат поголем степен на самостојност од власта во Приштина, предупредувајќи дека ваквите постапки би можеле да го зарозат соживотот на етничките заедници во покраината.

Ахмети мост меѓу македонските и косовските власти

А1 - 01.03.2003

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети во вторник патува за Приштина на средба со шефот на УНМИК, Михаел Штајнер. Засега е потврден само состанокот на Ахмети со Штајнер, иако лидерот на ДУИ најверојатно ќе се сретне и со претседателот на Косово, Ибрахим Ругова и со премиерот ...

Штајнер: Трибуналот не може да им суди само на Србите

Вест - 01.03.2003

Подгорица, 1 март - Шефот на цивилната администрација на ОН на Косово, Михаел Штајнер изјави дека Хашкиот трибунал не може да им суди само на Србите за случувањата во текот на деведесеттите години на Косово и останатите војни на територија на поранешна Југославија.

Штајнер: „Хаг не може да им суди само на Србите“

А1 - 28.02.2003

Хашкиот трибунал не може да им суди само на Србите за случувањата во текот на 90-тите на Косово и останатите војни на територија на поранешна Југославија, изјави шефот УНМИК, Михаел Штајнер. „Ако навистина сакате да се суди за воени злосторства, тогаш не смеете да употребувате двоен стандард и да ...

Коштуница и Штајнер разменија изрази на загриженост

Дневник - 28.02.2003

СОСТОЈБА НА КОСОВО Српскиот премиер Ѓинѓиќ изјави дека намерно ја создал политичката криза за Косово, бидејќи меѓународната заедница се зафаќа само за проблеми што "горат" Претседателот на Југославија, Воислав Коштуница, во разговор со шефот на УНМИК, Михаел Штајнер, изразил загриженост поради ...

Она што Ирак е за Буш, за Ѓинѓиќ е Косово

А1 - 27.02.2003

„Она што за американскиот претседател Џорџ Буш е Ирак, за мене е Косово - еден тежок национален проблем и проблем на безбедноста кој ние мораме да го решиме“, изјави српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ во интервјуто за „Франкфурски вести“, што во Германија се печати на српски јазик.

Косовските Срби си избраа претседател

Дневник - 27.02.2003

КРИЗА ВО МИТРОВИЦА Косовскиот премиер Бајрам Реџепи оцени дека потегот на Србите од Митровица е неприфатлив обид да се подели Косово Косовските Срби од северниот дел на провинцијата завчера во Митровица формираа свое Собрание, усвоија резолуција според која Србија има суверенитет над цело Косово и ...

УНМИК ги отфрли идеите на Ѓинѓиќ за поделба на Косово

Дневник - 26.02.2003

ПРИШТИНА РЕАГИРА Цивилниот управник на Косово Михаел Штајнер вчера ја отфрли најавата на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ дека Косово може да биде поделено на српски и албански дел, јави Ројтерс. Мисијата на Обединетите нации на Косово УНМИК го отфрли и барањето на Ѓинѓиќ за враќање на неколку стотици ...

Белград ќе поддржи поделба на Косово ако нема подобро решение

Дневник - 25.02.2003

ЃИНЃИЌ ЗА "ТАЈМС" Белград ќе поддржи поделба на Косово на српски и на албански дел ако меѓународната заедница не постигне некој поприфатлив договор меѓу Албанците и Србите - изјави српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ во интервју за лондонскиот весник "Тајмс".

Обид за "шлеперски атентат" врз српскиот премиер Ѓинѓиќ?

Дневник - 24.02.2003

ВО ПЕТОКОТ КАЈ БЕЛГРАД Камион со австриски регистарски таблички во петокот се обидел да удри во службениот автомобил на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, но благодарение на присебноста на возачот на премиерот, судирот бил избегнат, јави Ројтерс.

Обид за атентат врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ

Утрински - 24.02.2003

Иако официјално не се потврдува од српската полиција и од кабинетот на премиерот БЕЛГРАД - Српската полиција е уверена дека инцидентот во петокот, кога еден камион речиси удри во автомобилот во кој се наоѓаше премиерот Зоран Ѓинѓиќ, претставува обид за атентат врз српскиот премиер, јавија вчера ...

Обид за атентат врз српскиот премиер Ѓинѓиќ

Вест - 24.02.2003

БЕЛГРАД, 24 февруари, (Ројтерс) - Српската полиција верува дека инцидентот кој се случи во петокот, кога еден камион речиси ја удри колата во која се возеше премиерот Зоран Ѓинѓиќ, е обид за атентат врз српскиот премиер, јавија локалните медиуми.

Србија ќе поддржи поделба на Косово

Утрински - 24.02.2003

Интервју на Зоран Ѓинѓиќ за лондонски "Тајмс" ЛОНДОН - Премиерот на Србија, Зоран Ѓинѓиќ, во интервју за лондонски "Тајмс" изјавил дека Белград "нема да се воздржи да поддржи поделба на Косово, доколку со поддршка на Западот не се изнајде решение за заштита на тамошните Срби".