Македонија се разбуди денеска со измешани чувства. Разочарана од тешкиот пораз, но сепак и натаму горда на националните хероини. Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров се европски вицешампионки по поразот од Шлагелсе во финалниот двомеч. Пласманот во завршната пресметка е огромен успех.
Кометал Ѓ.П. загуби од Слагелсе со 20:27 во реваншот во финалето на ЛШ Мечот беше загубен уште во првото полувреме кога Кометал имаше реализација од 23 отсто Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров согореа по огромната желба да го совладаат бранителот на титулата Слагелсе во возвратниот натпревар од ...
Интересот на љубителите на спортот, особено ракометот од Скопје и Македонија за синоќешната втора финална пресметка од ЛШ, меѓу Кометал Ѓ.П. и Слагелсе во "Кале", беше исклучително голем. Меѓутоа, организаторот не можеше да ги задоволи апетитите на сите, поради строгите прописи на ЕХФ за безбедност ...
Кометал Ѓорче Петров не успеа по вторпат да се искачи на европскиот ракометен трон. Вечерва во Скопје во неговата сала Кале катастрофално го загуби финалниот реванш од Шлагелсе со 27:20. Нашиот тим бркаше негатива од 4 гола која данскиот состав ја имаше од воведниот натпревар во двомечот.
Македонија во исчекување. Трепери спортскиот дух, финално одбројување. Нема веќе часови, педесетина минути до стартот на големиот настан финалниот реванш натпревар од ракометната лига на шампионките. Кометал Ѓорче Петров може да ја освои втората клупска континентална титула.
Пред полни трибини ракометарките на Кометал Ѓорче Петров ќе се обидат вечерва да ја анулираат предноста на Шлагелсе од четири голови, и по втор пат во клупската историја да станат европски прваци. На првиот финален натпревар од Лигата на шампионите што пред една недела се одигра во Данска, ...
Ракомет ДЕНЕСКА ФИНАЛЕ НА ЛИГА НА ШАМПИОНКИ, КОМЕТАЛ ЃП - ШЛАГЕЛСЕ Александра Мазнева- Бундалевска Ракометна треска по пауза од три години одново владее во Македонија. Ќе се повтори ли 2002 година и дали македонските ракометни хероини, Кометал Ѓорче Петров повторно ќе ја освојат титулата европски ...
ДЕНЕСКА ВТОР ДЕЛ ОД ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ За Кометал Ѓорче Петров нема веќе никакви калкулации. Целта е јасна, потенцијал има. Актуелниот европски шампион Слагелсе во Скопје доаѓа со четири гола предност (27:23), но најавува дека нема намера само да ј За Кометал Ѓорче Петров нема ...
Ѓорчепетровки со голем оптимизам влегуваат во вечерашниот реванш од 20,40 ч. против Слагелсе од финалето на ЛШ Аморим: Веруваме во себе, дури и во можноста од реприза на оние 20:12 во Скопје РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров со огромна самодоверба и оптимизам влегуваат во ...
Експедицијата од Данска вчера попладне требаше со чартер-лет да пристигне во Скопје, а ќе си замине веднаш по натпреварот, пропуштајќи го вообичаениот банкет во вакви пригоди. Со нив ќе допатуваат и десет новинари од данските медиуми, а од Данска се најавени и еден до два автобуса со навивачи.
Историјата на Слагелсе е кратка, но исполнета со успеси. Зацртаната цел да биде во европскиот ракометен врв почна да се остварува само пет години откако клубот беше основан. Во 1997 година, со фузија на две екипи, Слагелсе и Мериаваг, почнува да постои тим што тргна од Третата данска лига и секоја ...
Составот на Кометал ЃП го претставува "најдоброто од Македонија" во женскиот ракомет, речиси целата репрезентација, која зад себе има две ЕП и три СП. Основан во 1979 година како РК Ѓорче Петров, во 1984 година управата решава да почне создавање на тим со кој ќе се вмеша во врвот на силната лига во ...
Навивачите што нема да успеат да обезбедат влезница ќе можат да го бодрат Кометал ЃП во Градскиот парк, каде што на видеоѕидот ќе се емитува ТВ-преносот од натпреварот. По финалниот меч, ракометарките, независно од крајниот исход на натпреварот, ќе дојдат во паркот да го прослават крајот на ...
РАКОМЕТ - ФИНАЛЕ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНКИТЕ Агресивна игра во одбраната, расположени голмани, прецизни крила и без респект кон противникот треба да бидат решение за триумф на Кометал ЃП во реваншот од Лигата на шампионките, вечерва (20.40 ч., МТВ пренос) против актуелниот европски првак Слагелсе.
Вечерва во "Кале" (20.40 ч.) повторно ќе проработи спортскиот "вулкан", добро препознатлив за сите европски екипи што гостувале во Скопје, кога во пеколна атмосфера, со френетично навивање и многу емоции, нашиот првак во своето трето учество во финалето од Лигата на шампионите ќе се обиде по ...
Спортската атмосфера кај нас пулсира за Кометал Ѓорче Петров. Втората титула европски првак е на дистанца од 4 гола во полза на актуелниот континентален ракометен шампион Шлагегсе. Нешто повеќе од цело деноноќие не дели од големата неизвесност.
УТРЕ ФИНАЛЕ НА ЛШ, КОМЕТАЛ ЃП - ШЛАГЕЛСЕ Кометал Ѓорче Петров, финалистот во женската ракометна Лига на шампиони (ЛШ), ќе оди на изненадување во утрешниот финален натпревар во СРЦ „Кале“ (20,40 часот) против Шлагелсе, по кој ќе биде познат новиот европски првак.
ВЧЕРА ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА ТРОЈЦАТА НАВИВАЧИ НА КОМЕТАЛ ВО ДАНСКА Судењето било прекинато зашто судот побарал дополнителен извештај од органите за безбедност коишто непосредно биле инволвирани во случувањата околу салата во Копенхаген Тројцата навивачи на Кометал Ѓорче Петров, приведени по првиот ...
ОБЕМНИ ПОДГОТОВКИ НА КОМЕТАЛ ЃП ЗА ПЕТОЧНИОТ РЕВАНШ СО СЛАГЕЛСЕ Сите структури на Кометал Ѓорче Петров се максимално вклучени во подготовките за утрешниот реванш од финалето на Лигата на шампионите со Слагелсе. Ракометарките и стручниот штаб подготвуваат тактика за над Сите структури на Кометал ...
Кастратовиќ со рецепт за утрешниот реванш со Слагелсе од финалето на ЛШ Портној верува во плус три во првиот дел и уште толку во вториот РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ "Не треба да брзаме. Има 60 минути. Во првото полувреме нека биде два гола разлика за нас и во второто уште два до триии, е рецептот на ...
Најава Како и во двете претходни еврофиналиња во 2000 и во 2002 година, и овојпат ќе биде организирано заедничко следење на натпреварот и прослава по него, но наместо како досега на плоштадот “Македонијааи, локација за фештата ќе биде летната сцена во Градски парк.
Почна судењето на тројцата "комити" во Данска Судот во Данска побара дополнителен извештај од органите за безбедност за вмешаноста на тројцата навивачи на Кометал Ѓорче Петров во инцидентот по завршувањето на саботниот натпревар со Слагелсе во Брондби во рамките на финалето од женската ракометна ...
Видеоѕидот со димензии 4х3 метри, на кој ракометните фанови на Кометал ЃП ќе можат заедно да го проследат финалето против Слагелсе, ќе биде поставен во Градскиот парк, во близина на Јужната трибина. Градскиот парк дојде како алтернативно решение, откако организаторите на веќе закажаниот концерт ...
РАКОМЕТ - ЗА РЕВАНШОТ во финалето на лш ПРОТИВ СЛАГЕЛСЕ, В ПЕТОК Трифун Костовски, спонзорот на екипата на Кометал ЃП, побара од ракометарките да играат без калкулации во утрешниот реванш со Слагелсе, во финалето на Лигата на шампионките.
Како и во 2002 година, кога љубителите на ракометот, кои не можеа да бидат дел од среќниците во салата "Кале" на освојувањето на европката титула на Кометал Ѓ. Петров, финалето со унгарскиот Херц го гледаа на видео-бим на плоштадот "Македонија", и овојпат ќе можат да уживаат во играта на своите ...
Утрешниот ден е голем ден за македонскиот спорт и ракомет, зашто најелитниот наш женски тим Кометал Ѓ. Петров во своето трето учество во едно европско финале, ќе се обиде вторпат да го освои победничкиот пехар. Противник ќе му биде актуелниот европски шампион, данскиот Слагелсе, со кого во оваа ...
Македонските медиуми ги предимензионирале инцидентите од Брондби - обвинија од Кометал Ѓорче Петров. Осудувајќи ги новинарите што се дрзнале да прашуваат во ЕХФ дали можеби се подготвува казна за клубот, им препорачаа да се занимаваат повеќе со спортскиот аспект на финалето со Шлагелсе во Лигата на ...
Ракомет ЗА ФИНАЛЕТО ОД ЛШ В ПЕТОК МЕЃУ КОМЕТАЛ ЃП И ШЛАГЕЛСЕ Кометал Ѓорче Петров најави дека на плоштадот „Македонија“ ќе има видеобим и организирано следење на финалниот натпревар од ракометната Лига на шампионки против Шлагелсе, в петок, но тоа е неизвесно поради од порано закажаниот концерт на ...
ЕХФ САМО СО ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНСТРУКЦИИ ЗА КОМЕТАЛ ЃП Како и што можеше да се очекува, Европската ракометна федерација (ЕХФ) нема никакви замерки кон Кометал Ѓорче Петров за меѓунавивачката тепачка во Копенхаген, што се случи надвор од салата по првиот финален меч од Лигата на шампионите со Слагелсе.
За тепачката во Данска На преостанатите тројца македонски навивачи што беа приведени по саботниот натпревар меѓу Слагелсе и Кометал Ѓорче Петров во Данска, наместо вчера, како што беше најавено, ќе им се суди денеска. Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија очекуваат ...
Кометал ЃП најверојатно ќе куртули од казна за инцидентот на навивачите во Данска Кастратовиќ се чувствува подобро и сака да игра во реваншот РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Кометал Ѓорче Петров најверојатно нема да биде санкциониран од Европската ракометна федерација за инцидентот на неговите навивачи надвор ...
ЗА РЕВАНШОТ В ПЕТОК ЕХФ од Кометал ЃП ќе побара само спроведување на дополнителни мерки на безбедност пред реваншот со Слагелсе од женската ракометна Лига на шампионките. Што точно предвидуваат тие дополнителни мерки, ќе биде познато денеска или утре, ни потврдија од канцеларијата на ЕХФ.
РАКОМЕТ - ЗА ФИНАЛЕТО В ПЕТОК ПРОТИВ СЛАГЕЛСЕ Сите што нема да обезбедат влезници за финалниот меч од ракометната лига на шампионките меѓу Кометал ЃП и Слагелсе, в петок, ќе можат најверојатно на плоштадот Македонија на видеоѕид да го проследат натпреварот.
подготовки за следната сезона Две турски ракометарки што играат на пивотменска позиција, кон крајот на мај ќе дојдат во СРЦ "Кале" на проба пред да биде решено дали ќе бидат ангажирани за следната сезона. - Додека репрезентацијата се подготвува за баражот со СЦГ, ќе имаме две турски ракометарки на ...
Непријатните сцени меѓу нашите навивачи што се случиле по првиот финален натпревар во Лигата на шампионите, во Копехаген, пред паркингот на салата "Брондби Хале", по што беа притворени шестмина навивачи на Кометал Ѓ.Петров, воопшто не допреле до "ушите" на челниците на Европската ракометна ...
Александра Мазнева-Бундалевска Токму кога во Шведска почнаа деновите на македонската култура, во данскиот град Броднби, македонските спортски навивачи одлично го манифестираа своето културно ниво. Се испотепаа меѓусебе, скопјани и гастарбајтери со битолско и охридско потекло.
КОМЕТАЛ ЃП ВО ПРЕСРЕТ НА РЕВАНШОТ Индира Кастратовиќ, капитенката на македонските ракометни шампионки Кометал Ѓорче Петров, не е потешко повредена и од вчера почна со физикална терапија. Според Маја Неделковска, лекарот на тимот, популарната Инди при падот на мечот против Шлагелсе ги истегнала ...
По првиот финален меч во ЛШ меѓу Слагелсе и Кометал ЃП (27:23) во Брондби Херлике и помошник-тренерот Лингхолм најавуваат победа и во Скопје РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ За само пет минути ракометарките на Кометал Ѓорче Петров го расипаа и впечатокот и резултатот во првиот натпревар од финалето на Лигата на ...
Казнети дел од шестемина притворени навивачи на Кометал Ѓ.П. по инцидентот во Брондби Поради вчерашниот празник, на другите тројца ќе им се суди денеска РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Тројца од шестемина притворени навивачи на Кометал Ѓорче Петров добија по 12 дена затвор за учество во тепачката на паркингот ...
Пишува: Сашо ХРИСТОВСКИ Дали, по глупавиот и нецивилизиран инцидент што го предизвикале "навивачите" на Кометал Ѓорче Петров по првиот финален меч во саботата во Копенхаген, кога во алкохолизирана состојба му се нафрлиле на дански полицаец, можеме, еднаш за секогаш да прашаме: аман, до кога вака? ...
Инцидентот што го предизвикаа македонските навивачи по натпреварот, надвор од салата во Копенхаген, на првиот натпревар од ЛШ меѓу Слагелсе и Кометал Ѓ.Петров, досега не предизвика никаква реакција од челниците на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена.
Наместо шампионски, славенички, промотивен за најдобрите скандалозен и срамен беше минатиот викенд за Македонскиот спорт. Најмалку од спортски причини ако е тоа некаква утеха. Шестмина во апс во Данска, каде што меѓусебна тепачка на нашите навивачи го девалвираше пристојниот резултат на Кометал ...
ФИНАЛЕ НА Лига на Шампионки, ПРВ НАТПРЕВАР, ШЛАГЕЛСЕ - КОМЕТАЛ ЃП 27-23 (11-10) Најмалку четири гола негатива ќе бркаат ракометарките на Кометал Ѓорче Петров во петочниот реванш-финален натпревар од Лигата на шампионките (ЛШ) против актуелните првенки Шлагелсе, откако првиот меч во Данска заврши со ...
Ракомет ПО СРЕДБАТА ШЛАГЕЛСЕ - КОМЕТАЛ ВО БРОНДБИ Златко Крстевски Вкупно шест македонски навивачи се уапсени во Брондби, Данска, откако нападнале полицаец по ракометниот натпревар од женската Лига на шампиони, помеѓу Шлагелсе и Кометал ЃП, кој се одигра во саботата.
КАТАСТРОФАЛЕН ФИНИШ НА ЃОРЧЕПЕТРОВКИ ВО ПРВИОТ ФИНАЛЕН МЕЧ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ Ѓорчепетровки не се и немаат право да бидат задоволни по првиот финален меч од Лигата на шампионите со Слагелсе. Напротив, нивното разочарување е природна емоција откако дозволија да изгубат добиен натпревар.
СКАНДАЛ - НАВИВАЧИТЕ НА КОМЕТАЛ ЃП СЕ СТЕПАА МЕЃУ СЕБЕ ВО КОПЕНХАГЕН Тројца од шестемина приведени навивачи од Македонија вчера беа осудени на 12 дена затвор под обвинение за напад врз службено лице. Мотивот за тепачката помеѓу нашинци што живеат во Шведска и "комитите" што до Тројца македонски ...
Лошиот финиш го одведе Кометал ЃП до пораз од 23:27 од Слагелсе во првиот меч од финалето на Лигата на шампионите Ниту еден гол од крилата Радченко, Тодоровска и Пецевска, Озел единствена светла точка Несфатливиот пад во последните пет минути го чинеше Кометал Ѓорче Петров незгоден пораз од 23:27 ...
Инцидент меѓу навивачи на Кометал Ѓ.П. и нашинци од Скандинавија по натпреварот со Слагелсе Данската полиција привела седуммина учесници во тепачката РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Седуммина приведени е билансот од тепачката меѓу навивачи на Кометал Ѓорче Петров и група од дваесетина нашинци од Скандинавија, ...
Шестмина биле приведени откако нападнале полицаец, кој пукал во воздух за на помош да повика специјалци Шестмина најагресивни македонски навивачи биле приведени во Брондби, Данска, завчеравечер, по мечот меѓу данскиот шампион Слагелсе и Кометал ЃП, во финалето на ракометната Лига на шампионките.
ПО МЕЧОТ СЛАГЕЛСЕ - КОМЕТАЛ ЃП (27-23) Шестмина најагресивни македонски навивачи биле приведени во Брондби, Данска, завчеравечер, по мечот меѓу данскиот шампион Слагелсе и Кометал ЃП, во финалето на ракометната Лига на шампионките.
РАКОМЕТ - ФИНАЛЕ НА ЛИГА НА ШАМПИОНКИТЕ Кометал ЃП во реваншот од финалето против Слагелсе, в петок во Скопје, ќе влезе со негатива од 4 гола Четириминутното олабавување и лошата реализација на крајот од првиот финален меч од Лигата на шампионките против Слагелсе, што актуелниот европски првак го ...
Спортска сала во Брондби. Гледачи 5.400. Судии: Долејс и Кохут, и двајцата од Словачка. Слагелсе: Шмит (одбрани 2 топки), Легангер (одбрани 15 топки), Мелгард, Лунгу 8 (1/1), Лофт, Клиукаите, Хорлике, Фридрикаш 2 (1/3), Савиќ 5, Поповиќ 8 (1/1), Кристенсен, Радуловиќ 2, Будимир 1, Полторицкаја.
Ракометарките на македонскиот женски ракометен првак Кометал Ѓ. Петров можат да жалат што не изборија поповолен резултат против Слагелсе на гостувањето во Копенхаген, во првиот финален натпревар во Лигата на шампионите, каде се поразени со 27:23 (11:10).