TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДУИ за своите барања во одбраната и полицијата ќе се обрати до МЗ

А1 - 14.09.2003

Барањата на ДУИ за реформи во одбраната и полицијата и преиспитување на планот за реинтеграција на поранешните кризни региони партијата ќе ги трансформира во понуда за решенија по овие прашања пред странските амбасадори во државата.

Црвенковски и Ахмети ги надминаа недоразбирањата

А1 - 13.09.2003

Лидерите на владеачките СДСМ и ДУИ Бранко Црвенковски и Али Ахмети се сретнаа за да ги испеглаат недоразбирањата во коалицијата. Договориле дека ќе ги поделат обврските, но не по партиска и етничка припадност. Состанокот се одржа зад затворени врати, а завршил со оптимистичката идеја на двајцата ...

Напнатоста од Владата се сели во ДУИ

Утрински - 12.09.2003

Конфузија во центарот на албанскиот политички блок по случувањата во Брест Односите меѓу коалициските партнери СДСМ и ДУИ се нормализираа, но напнатоста се пресели во ДУИ, јавија вчера извори од оваа партија која деновиве трага по волшебната формула како да го поправи разнишаниот рејтинг меѓу ...

Советот на НАТО ја поддржа акцијата во Брест

Утрински - 12.09.2003

Изјава Брисел - Советот на НАТО изрази загриженост поради повторувањето на "сериозните инциденти" во Македонија, "за кои се виновни криминалните банди" и ја поддржа "неопходната силна акција на Владата во Скопје" во селото Брест, чија цел беше спречување на насилството, изјави анонимен дипломат во ...

Планот на МВР го сопна Ахмети на пат кон Црвенковски

Дневник - 12.09.2003

НОВИНИ ПРЕД НАЈАВЕНАТА СРЕДБА Демократската унија за интеграција се уште нема побарано средба со премиерот Бранко Црвенковски, иако нејзини претставници ја најавија за вчера попладне. Целта беше да му ги пренесат барањата за одговорност на наредбодавците и на спроведувачите на акцијата во Брест, за ...

Буџаку: „Костов нема да биде поштеден од одговорност“

А1 - 11.09.2003

„Не е ништо чудно доколку министерот оди на одмор, неговите заменици да ги преземат ингеренциите“, е првичната реакција на потпретседателот на ДУИ Агрон Буџаку на наредбите кои до замениците од неговата партија ги упати министерот за внатрешни работи.

ДУИ бара Владата да го признае неуспехот во Липково

Вест - 11.09.2003

ВО ВЛАДАТА НЕМА КРИЗА, АМА ИМА НОВИ БАРАЊА Партијата на Али Ахмети смета дека воено-полициската акција во Брест покажала дека планот за мирна реинтеграција на кумановско-липковскиот регион доживел вистински дебакл и бара негова ревизија.

Партијата на Ахмети знаела дека се подготвува операција на МВР во Брест

Утрински - 11.09.2003

Меѓународната заедница ја оцени акцијата на полицијата во Брест како професионална ТАМАРА ГРНЧАРОСКА За подготовките за полициската акција во Брест, како што дознаваме од неколку извори, знаел заменик-министерот за внатрешни работи од редовите на ДУИ, Хазби Лика, а "кризата" која се појави во ...

ПДП смета дека акцијата во Брест е неприфатлива

Утрински - 11.09.2003

СТАВ Скопје - Полициско-армиската акција во реонот на село Брест и начинот на кој таа е реализирана, за Партијата за демократски просперитет е "неприфатлива, бидејќи е недозволено, противуставно и политички контрапродуктивно ангажирање на АРМ при решавање на проблемите внатре во државата".

ДУИ не бара оставки, туку реформи во одбраната и во полицијата

Утрински - 11.09.2003

Албанскиот коалициски партнер во Владата со нов став во врска со акцијата во Брест ДУИ не бара оставки, туку реформи во полицијата, гласи најновиот став на албанскиот коалициски партнер во Владата, кој овие денови интензивно заседава за да се произнесе по полициско-воената акција во Брест.

ДУИ со недефиниран став за полициската акција во Брест

А1 - 10.09.2003

„Работната група е формирана, но се уште немаме извештај од неа. Ги очекуваме резултатите“, изјави денеска пратеникот на ДУИ Гзим Острени. „Ние работевме на терен и имавме резултати. Требаше да разговараме и со вооружените луѓе таму во Брест, но таму имаше интервенции“, додаде Острени.

Ахмети ќе бара нова анализа на акцијата во Брест

А1 - 10.09.2003

Претседателот на ДУИ Али Ахмети утре од премиерот Црвенковски ќе побара нова анализа на акцијата во Брест и ќе му ги испорача барањата кои произлегоа од вчера одржаното претседателство на ДУИ - одговорност од наредбодавците и извршителите на акцијата во Брест и реформи во македонските безбедносни ...

ДУИ останува во Владата, но ќе бара одговорност за акцијата во Брест

Утрински - 10.09.2003

Попушта напнатоста меѓу коалициските партнери по состанокот на Бранко Црвенковски и Али Ахмети Соња Крамарска Напнатоста во владата по завчерашниот состанок Црвенковски-Ахмети почнува да попушта, а кризата која настапи по дејствувањето на полицијата во Брест полека се надминува, јавија вчера ...

Ахмети бара одговорност за акцијата во Брест

Дневник - 10.09.2003

ТЕНЗИИ МЕЃУ СДСМ И ДУИ Претседателството на ДУИ вчера попладне свика итна седница на Централниот партиски одбор, на која предложи "да се побара конкретна одговорност за луѓето што се одговорни за акцијата во Брест, која ја дестабилизира државата", изјави за "Дневник" потпретседателот Агрон Буџаку.

ДУИ бара одговорност за акцијата во Брест

А1 - 09.09.2003

Конкретна одговорност за тоа што се случи пред два дена во Брест, но и барање за длабоки реформи во МВР и Министерството за одбрана, заради унапредување на процесите за спроведување на Охридскиот договор, се заклучоците од дваиполчасовната седница на Централното претседателство на ДУИ, одржана ...

ДУИ ја минира акцијата на МВР против криминалците

Вест - 09.09.2003

НЕРВОЗА КАЈ КОАЛИЦИОНИОТ ПАРТНЕР НА ЦРВЕНКОВСКИ Али Ахмети му бил лут на Бранко Црвенковски, зашто наспроти најавите за начинот за справување со криминалните банди кои дејствуваат на Скопска Црна Гора, сметал дека била преземена жестока акција спротивна ...

Црвенковски: ДУИ е нервозна, но не отстапува од заедничките цели

Вест - 09.09.2003

Премиерот Бранко Црвенковски вчера изјави дека нема расцеп меѓу политичките партии - партнери во Владата, поради завчерашната акција во селото Брест. "Можам да кажам дека се забележува една нервоза во редовите на ДУИ, меѓутоа, околу глобалните политички ставови и крајните цели не може да се ...

ДУИ се заканува дека ќе ја напушти Владата?!

Утрински - 09.09.2003

Полициската акција во Брест предизвика нервоза во коалицијата на Црвенковски Соња Крамарска Полициската акција во реонот на Брест внесе криза во владините редови - е првиот впечаток по вчерашното отсуство на ДУИ од свечениот прием по повод празникот на независноста на Македонија и изјавата на ...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваат акцијата, ДУИ и ДПА ја критикуваат

Утрински - 09.09.2003

Политичките партии со спротивставени ставови околу акцијата на македонските безбедносни сили во Брест Борис Георгиевски Политичките партии во државава вчера излегоа со спротивставени ставови и коментари за неделната акција на полицијата во селото Брест.

Екстремистите мора да бидат изведени пред лицето на правдата

Утрински - 09.09.2003

Премиерот Црвенковски за акцијата на полицијата во Брест Крајната цел на акцијата во Брест, како што истакна премиерот Бранко Црвенковски во вчерашната изјава за новинарите, е во рамките на Уставот и законите сите оние кои се наоѓаат на чело или се членови на криминални и екстремистички групи да ...

Ахмети ќе ја напушти Владата ако има многу цивилни жртви

Дневник - 09.09.2003

ПОЛИтиЧка разврска по полициската АКЦИЈА Демократската унија за интеграција на Али Ахмети ќе ја напушти владината коалиција ако се потврдат информациите дека имало многу цивилни жртви при завчерашната акција на полицијата и армијата во село Брест - дознаваме од дипломатски извори на кои вчера ...

Агрон Буџаку: „Нема владина криза“

А1 - 08.09.2003

„Владина криза нема. Се договоривме нормално да продолжиме со контактите и заеднички да работиме на санација на состојбите на теренот“, изјави потпретседателот на ДУИ Агрон Буџаку. Изјавата следеше по вечерашната средба во Владта на Црвенковски и лидерот на ДУИ Али Ахмети, на која присуствуваа и ...

Црвенковски: „Има нервоза кај ДУИ, но во крајните цели нема разлика“

А1 - 08.09.2003

„Во редовите на ДУИ се забележува нервоза, меѓутоа околу глобалните политички ставови и крајните цели не може да се констатираат никакви разлики“, изјави премиерот Бранко Црвенковски, во врска со реакциите по вчерашната полициска акција во реонот на Брест.