Прилепската полиција е под привремена управа испратена од Министерството за внатрешни работи од Скопје за решавање на бомбашките напади кои се случуваа во градов. Акциите на полицијата во наредниот период ќе ги координира трочлена група составена од Јован Лиманоски, Кирил Митиќ и Емил Јованоски.
Полицијата не успеа да расветли ниту еден од деветте прилепски напади со бомби-кашикари. За една година беа нападнати куќите на прилепскиот градоначалник, на поранешниот директор на Тутунскиот комбинат и последна, пред три дена, куќата на еден угостител.
ВО ПРИЛЕП Постои спрега меѓу криминалните групи во градот и прилепската полиција, смета општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп во врска со неодамнешните бомбашки напади во градот. - Потребно е да профункционира одговорноста и да се преземе посериозна акција за да се решат немилите случаи во ...
Бомбашкото секојдневје на прилепските улици трае две години, а досега не е откриен ниту еден случај Прилепчани уплашени, бараат откривање на бомбашите Моника Талеска прилеп - Предизборно политичко сценарио, партиски конструкции за пренасочување на фокусот на вниманието поради огромните економски ...
по БОМБАШКИОТ НАПАД ВО ПРИЛЕП Последните две бомби што го тресеа Прилеп не само што ги вознемири граѓаните туку ја подигнаа температурата и кај политичките структури во градот. Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески бара оставка од министерот Љубимир Михалоски-Џанго ако не се чувствува подготвен ...
Револтирани граѓани, исплашени млади луѓе, политички и меѓусебни препукувања, налутени полицајци - ова се реакциите во Прилеп по трите бомби кои експлодираа само за неколку дена. Хаосот во безбедносната состојба во градот, ВМРО-ДПМНЕ ја оцени како резултат на спрега помеѓу полицијата и одредени ...
ДЕТОНАЦИИ ВО ПРИЛЕП Едната бомба била фрлена на покривот а другата пред куќата на Зоран Илиоски - Лоло, мотив е меѓусебна пресметка и нерасчистени сметки на две спротивставени страни, а полицијата има осомничени Засега непознати лица, вчера утрото во 4.30 часот, најверојатно од возило во движење ...
РАЧНИ БОМБИ ПОВТОРНО ФРЛЕНИ ВРЗ СЕМЕЈНА КУЌА Светлана Ристеска, Гоце Михајлоски Две рачни бомби експлодирале пред куќа на прилепчанец вчераутро, но, за среќа, во инцидентот немало повредени, туку само била причинета материјална штета.
ЕКСПЛОЗИИ ГО СТРЕСОА ПРИЛЕП Љупчо Мургоски Нема повредени во експлозијата на двете бомби што вчера рано изутрината беа фрлени во куќата на прилепчанецот Зоран Илиоски, додека неговото семејство спиеше. Силните експлозии, кои вчера ги исплашија прилепчани, направиле само материјална штета.
Даниела Вељановска Трите експлозии што одекнаа во Прилеп за само единаесет дена се случија речиси во исто време кога министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски-Џанго се пофали дека најпозитивната работа е намалување на криминалот во земјава. А вчерашните настани кога бомбашите (Н. Н.
Врз покривот од семејната куќа на Зоран Илиоски-Љољо, кој живее на улица "Димче Мирчески-Бањарот" во Прилеп, и во неговиот двор вчераутро, околу 4,45 часот , беа фрлени две експлозивни направи. Бомбите не предизвикаа голема материјална штета, но внесоа немир во семејството Илиоски.
Две бомби кашикари експлодираа утрово пред куќата на Зоран Илиоски - Лоло, сопственик на два угостителски објекти во Прилеп. Повредени нема и покрај тоа што Илиоски, неговата сопруга и трите деца биле дома кога се случила експлозијата.
ПОРАДИ НЕРАСЧИСТУВАЊЕТО НА НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ Прилепската полиција се уште нема осомничено ниту едно лице за подметнувањето на експлозивната направа пред ноќниот клуб во градот пред четири дена. Прилепските полицајци во изминатава година не расветлија ниту еден случај од четирите подметнувања бомби ...