TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ахмети и Тачи ќе одат на мисија во Кондово

А1 - 05.12.2004

На иницијатива на двете најголеми албански политички партии, а со поддршка на мандатарот Бучковски, Кондово ќе биде следната дестинација на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и потпретседателот на ДПА, Мендух Тачи. Нивната посета во Кондово треба да ги демантира информациите дека вооружените групи во ...

Владата треба да се справи со ситуацијата во Кондово

Утрински - 05.12.2004

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ расправаше за безбедносната состојба Македонија нема суверенитет врз целата територија. Ситуацијата во Кондово трае предолго, а Владата не прави ништо за да ја реши. Поради тоа, опозициската ВМРО-ДПМНЕ на завчерашната седница на Централниот комитет на партијата ...

ВМРО-ДПМНЕ бара од власта акција за Кондово

А1 - 04.12.2004

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ бара од власта акција за Кондово и план за надминување на лошата економска состојба. Безбедносната и економската состојба - теми на вечерашната седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. „Ќе разговараме за актуелната политичка, безбедносна и економска состојба во РМ.

Не можеме да одиме во Европа преку Кондово

Време - 04.12.2004

РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА Не можеме да одиме кон Европа ако ни се случуваат ситуации како во Кондово, рече вицепремиерката Радмила Шеќеринска на вчерашната дискусија за улогата на граѓанското општество во процесот на приближување кон ЕУ, која се одржа во рамки на НВО-саемот.

Со ситуации како во Кондово нема влез во Европската унија

Утрински - 04.12.2004

Според оцените на вицепремиерката Радмила Шекеринска Шекеринска е уверена дека рокот за одговорите на прашалникот ќе се почитува и покрај вакуумот во власта Слободанка Јовановска ?Македонија не може да оди во Брисел со ситуации како сегашнава во Кондово", оцени вицепремиерката Радмила Шекеринска на ...

Шеќеринска: На Кондово се тестира државноста

Вест - 04.12.2004

ЧЕТВРТИ ФОРУМ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО "Не сум компетентна да кажам како ќе се реши овој проблем, но секој ваков случај не враќа пет чекори назад од ЕУ", рече вицепремиерката за евроинтеграции во оставка Радмила Шеќеринска на вчерашниот прв ден од НВО с "Нема одење во Брисел со вакви ситуации на ...

Во Кондово ќе влезеле 900 вооружени Македонци

Време - 04.12.2004

ЗАКАНА ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ Околу 900 вооружени Македонци ќе влезат во Кондово да се пресметаат со „шиптарските терористи“ ако македонската полиција најдоцна до 20 декември не го реши проблемот во Кондово, стои во анонимниот електронски допис испратен вчера до сите македонски медиуми.

Кондово не враќа пет чекори назад на патот кон ЕУ

Дневник - 04.12.2004

ШЕЌЕРИНСКА Министерството за транспорт и врски е едно од клучните за реформите што треба да се спроведуваат и затоа е важно кој ќе биде министер, смета вицепремиерката Ситуациите како таа во Кондово ја враќаат Македонија пет чекори назад во напорите да влезе во Европската Унија, оцени вчера ...

Време: „Муџахедини ја затвориле амбасадата на САД“

А1 - 03.12.2004

Муџахедини од Пакистан и Саудиска Арабија минатата недела влегле во Македонија за да се сретнат со водачите од паравоените формации од Кондово, што било главна причина за американската влада да ја затвори својата амбасада во Скопје, пишува денеска скопскиот весник „Време“, повикувајќи се на високи ...

Муџахедини ја затвориле амбасадата на САД

Време - 03.12.2004

„ВРЕМЕ“ ДОЗНАВА Емил Зафировски Муџахедини од Пакистан и од Саудиска Арабија минатата недела влегле во земјава за да се сретнат со водачите на паравоените формации на Кондово, што било главната причина за американската влада да ја затвори својата амбасада во Скопје, дознава „Време“ од високи извори ...

"Република Кондово"

Дневник - 03.12.2004

Колумна - Никола Груевски Некој во владата ставил вето на полицијата да направи интервенција. Погодете кој. Сега веќе, слушаме подготвеност да се преговара со нив. Ама сега тие, вооружените паравоени групи, велат дека се уште не се спремни за преговори и дека наскоро ќе кажат кои се нивните барања ...

Кризата во Кондово е контролирана од Владата

Утрински - 02.12.2004

Опозиција Скопје - ВМРО-ДПМНЕ смета дека кризата во Кондово ја контролира Владата, бидејќи полицијата место да ги апси паравојниците во селото, контактира со нив. "Дел од тие вооружени лица работат во државните институции, па не е можно Владата да не знае кои се тие.

Собранието вчера не расправаше за Кондово

Утрински - 02.12.2004

Опозицијата ја обвини Владата дека почнала да преговара со вооружените групи во скопското село Трендафилов посочи дека во активностите на паравоените формации се инволвирани високи функционери, меѓу кои и Сулејмани ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Собранието вчера не прифати да расправа за безбедносната состојба ...

А политичките балони?

Време - 02.12.2004

Емил Зафировски <> Ако му се верува на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во Кондово нема вооружени групи, туку само „неколку млади луѓе“. Ако му се верува на Ахмети, новинарите се лажговци и шпекуланти што дуваат балони. Ако му се верува...

ДУИ нема намера да разговара со вооружените групи во селото

Утрински - 02.12.2004

Состојбата во Кондово останува непроменета, за интегративците нема проблем Дилемата под чија контрола се вооружените лица во Кондово и понатаму останува на ниво на шпекулации Во Демократската унија за интеграции не планираат никакви активности за санирање на состојбата во селото Кондово, каде што ...

Владата ја контролира кризата во Кондово

Време - 02.12.2004

ВМРО-ДПМНЕ Кризата во Кондово ја контролира македонската влада, а полицијата наместо да ги апси паравојниците во селото, разговара со нив, рече Влатко Ѓорчев, член на извршниот комитет на партијата, на вчерашната прес-конференција.

Сулејмани и пријателите ја штителе „Нова група“ во Кондово

Време - 02.12.2004

ВМРО-ДПМНЕ ТВРДИ Во Кондово, Љуботен и во југозападниот дел од Македонија дејствуваат илегални вооружени групи, познати под името „Нова група“, чии активности ги штитат Ризван Сулејмани, заменик-министерот за одбрана, припадници на АРМ, на МВР и пратеници.

Заменик-министерот за одбрана обвинет за Кондово

Дневник - 02.12.2004

ВМРО-ДПМНЕ Заменик-министерот за одбрана Ризван Сулејмани и припадници на МВР, МО и на АРМ со координирани активности оневозможуваат силите на редот да дејствуваат и да ја решат состојбата во Кондово и во регионот. Овие обвинувања вчера ги упати пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ откако владејачкото ...

Пратениците нема да преговараат со вооружените во Кондово

Време - 02.12.2004

СПОРЕД РАФИЗ АЛИТИ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДУИ Пратениците на ДУИ нема да одат во Кондово за да преговараат со вооружените групи што го контролираат селото, изјави вчера за „Време“ Рафиз Алити, пратеник од ДУИ и потпретседател на партијата.

Сулејмани го координира Кондово

Вечер Прес - 02.12.2004

-Заменик-министерот за одбрана во оставка Ризван Сулејмани е инволвиран и ги координира случувањата во Кондово, обвини вчера пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Трендафилов. Тој тврди дека името на Сулејмани се појавува неколкупати во извештаите од случувањата, до кои дошла Партијата.

Собранието не прифати расправа за Кондово

А1 - 01.12.2004

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека собранието треба да расправа за случувањата во Кондово за да се расчистат сите шпекулации како и информациите кои говорат за започнување на преговори на владата со вооружените групи.

Амбасадата на САД во земјава била затворена поради закани од поедници од Кондово..ова за Канал 5 го тврдат ...

Канал5 - 01.12.2004

Тие не соопштуваат на каков начин стигнале заканите до дипломатското претставништво на САД, кои беа причина за неколкудневно неработење на амбасадата.. Лоренс Батлер е се уште надвор од Македонија.. Нашите извори велат дека неговото отсуство не е поврзано Тие не соопштуваат на каков начин стигнале ...

Самозаштита од кондовските "војници"

Дневник - 01.12.2004

ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Жителите на општината Ѓорче Петров се сериозно вознемирени поради зачестени вооружени испади од униформираните лица што во последните неколку недели го контролираат излегувањето и влегувањето на сите лица во селото Кондово .

Вооружените формации во Кондово на готовс

Време - 01.12.2004

ДОДЕКА МВР ПОДГОТВУВА СТРАТЕГИЈА Во Кондово владее борбена готовност на вооружените формации и тие се подготвени да го бранат селото од евентуален напад на македонските безбедносни сили. Ова вчера го пишува весникот на албански јазик „Факти“, кој се повикува на изјави на припадници на вооружените ...

Банди го контролираат скопско-карадачкиот крај

Вест - 01.12.2004

КОНДОВО НЕ Е ОСАМЕН СЛУЧАЈ Бандите во скопско-карадачкиот регион се добро позиционирани и се координираат од ист центар кој се наоѓа на Косово, а имаат и домашна поддршка. Главен на вооружените формации не е Агим Красниќи туку Косове Вооружени банди, покрај во Кондово, има и во Кумановско и ...

ПАКТ СО ЃАВОЛОТ?!

Вечер Прес - 01.12.2004

"Полицијата може за еден час да го реши Кондово, но има апсолутно врзани раце, зашто се чека политичка согласност, пред се од ДУИ. Поради тактизирањето на ДУИ околу решавањето на проблемот во Кондово, полицијата не може да реагира и доаѓа во ситуација да биде напаѓања дека ја толерира состојбата во ...

Вооружената група во Кондово поделена околу преговорите со власта

А1 - 30.11.2004

Ќе има ли полициска акција во Кондово или претставници на власта ќе преговараат со вооружените групи во ова скопско село? Оваа дилема се отвора и во политичките кругови и меѓу членовите на групите во селото. За разговор е вооружената група околу Агим Красниќи, која е подготвена на разговори, преку ...

Бучковски гледа, Ахмети не гледа вооружени групи во Кондово

Дневник - 30.11.2004

РАЗНОГЛАСИЕ ВО ВЛАДАТА ЗА ВООРУЖЕНИТЕ ГРУПИ Мандатарот за состав на нова влада, Владо Бучковски, и лидерот на ДУИ Али Ахмети имаат различни ставови за постоењето вооружени групи во Кондово. Додека Бучковски го признава нивното присуство и најавува приоритетно решавање на проблемот, лидерот на ДУИ ...

Ахмети: Кондово не е опасност за стабилноста на земјата

Утрински - 30.11.2004

Изјава на лидерот на ДУИ на свечената академија во Тетово ТЕТОВО - "Прашањето за Кондово стана повеќе медиумски надуен настан отколку што постои каква било опасност за стабилноста на земјата. Таму има неколку млади луѓе што се под контрола и кои не се вистинска опасност или закана за околината ниту ...

Али му спушти на Бучко за Кондово

Вест - 30.11.2004

ПРВО РАЗИДУВАЊЕ МЕЃУ МАНДАТАРОТ И ЛИДЕРОТ НА ДУИ Во скопското село Кондово не дејствуваат вооружени групи. Тоа се само неколку млади луѓе, кои се под нечија контрола и кои не претставуваат опасност ниту за околината ниту за безбедносната ситуација во Македо Лидерот на ДУИ Али Ахмети тврди дека во ...

ДУИ во АРМ го вработила братот на водачот на паравојската во Кондово

Време - 30.11.2004

„ВРЕМЕ“ ДОЗНАВА Бесим Красниќи, братот на водачот на паравоените формации во Кондово Агим Красниќи, е вработен како водник во АРМ и веќе неколку недели се нема појавено на работното место, дознава „Време“ од армиски извори. Дознаваме дека пред да биде примен на работа во АРМ, армиската служба за ...

Ахмети: „Во Кондово нема вооружени групи“

А1 - 29.11.2004

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во изјава за македонската редакција на Дојче Веле тврди дека во скопското село Кондово не дејствуваат вооружени групи и оти не постои закана по безбедноста во Македонија. „Во скопско Кондово не дејствуваат вооружени групи.

Вооружените групи во Кондово ги предводи Лирим Јакупи

А1 - 29.11.2004

Вооружените групи во Кондово ги предводи извесен Лирим Јакупи, за кого владини извори тврдат дека е и еден од напаѓачите на тројцата полицајци во Шутка на 15-ти септември годинава. По Лирим Јакупи, познат под прекарот нацист, трагаат и УНМИК и Српската влада со распишана потерница за тероризам.

Бучковски: Постоењето вооружени групи не треба да се толерира

Утрински - 29.11.2004

Мандатарот за состав на новата влада најавува пресметка со вооружените групи во Кондово Борис Георгиевски Мандатарот за состав на нова влада, Владо Бучковски, најавува дека уште во почетокот на мандатот како еден од приоритетите ќе го постави решавањето на проблемите во скопското село Кондово.

Вооружени лица во саботата легитимирале полицајци

Време - 29.11.2004

КОНДОВО Патрола на скопската полиција била легитимирана од група вооружени лица на влезот во скопското село Кондово, во саботата, дознава „Време“ од жители на тоа село. Од МВР не ја потврдуваат оваа информација. - Досега од ниедна полициска станица во Скопје не е пријавено дека патрола била ...