"Јас и на претседателот на синдикатот му кажав дека Владата подготвува добар пакет за целата македонска администрација. Јас му понудив дали тој пакет сака заеднички да го претставиме по 10 дена или сака и понатаму да се продолжи со сила.
Премиерот Георгиевски во својот кабинет го покани претседателот на ССМ Ванчо Муратовски на разговор во четири очи. Георгиевски инсистирал Муратовски да дојде сам за да се договорат околу утврдувањето на најниската плата и прекинување на генералниот штрајк.