Фудбалерите на вицешампионот Беласица Герас Цунев и на Пелистер вечер ќе го отворат 11. првенство на Македонија. Под светлото на новите рефлекторите на реновираниот струмички стадион, по дваесетина минути ќе почне првиот натпревар сезонава.
Резултатски за нас ништо ново ниту на стартот од оваа фудбалска евро-сезона. Вардар уште во второто коло ги заврши квалификациите во лигата на шампионите. Третото останува докрај неотсонуван сон за македонските прваци, камо ли пак, пласман во групите. Таква е нашата фудбалска реалност.