TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Прекината блокадата на штабот на Арафат

А1 - 29.09.2002

Израелската армија денеска ја прекина десетдневната опсада на седиштето палестинскиот лидер Јасер Арафат и почна да се повлекува, јавуваат агенциите. Според истите извори отстранет е обрачот од бодливата жица и симнато е израелското знаме, поставено во близина на штабот на Арафат.

ОН го повикаа Израел да ја прекине блокадата

А1 - 28.09.2002

Советот за безбедност на Обединетите Нации повторно побара од Израел да ја прекине опсадата на седиштето на лидерот Јасер Арафат во Рамалах. По консултациите е соопштено дека е побарано резолуцијата 1435 во целост да се почитува од страна на Израел, што подразбира повлекување на позициите септемрви ...

Израел ја ракетира Газа, загинаа тројца Палестинци

Вест - 27.09.2002

Палестинците со камења маваа по израелските војници во Рамалах на Западниот Брег ГАЗА, 27 септември (Ројтерс) - Израелски воени хеликоптери извршиле напад врз градот Газа при што според кажувањата на сведоците најмалку три лица биле убиени, а два автомобила биле уништени.

Израел убеден во исправноста на блокадата врз Арафат

А1 - 26.09.2002

Израел денеска ја бранеше од критиките својата еднонеделна блокада на седиштето на палестинскиот лидер Јасер Арафат, соопштувајќи дека таа има за цел спречување на палестинското насилство планирано во исчекувањето на американската војна против Ирак.

Со резолуција осудена израелската акција против Арафат

Дневник - 25.09.2002

ПО ДОЛГА ДЕБАТА ВО он Советот за безбедност а Обединетите нации вчера усвои резолуција во која остро го осуди Израел поради уривањето на резиденцијата на палестинскиот лидер Јасер Арафат и побара од израелските сили веднаш да го повлечат од палестинскиот штаб во Рамалах, јави Ројтерс.

Шарон пред меѓународна изолација

Утрински - 25.09.2002

По уривањет?на штабот на Арафат во Рамала??новите убиств?на Палестинците Израелскат?војска ја нападн?Газа ?уб?деве?Палестинци ГАЗА - Израелскат?војска вчер?уб?деве?Палестинци во еден од најголемит?напади во појасо?Газа, соочувајќи се со меѓународн?изолациј? поради опсадата на седиштет?на ...

ЕУ побара поцврста акција од Арафат

Утрински - 25.09.2002

Реакција КОПЕНХАГЕН - Данскиот премиер Андерс Фог Расмусен, кој стои на чело на ротирачкото претседателство на Европската унија, вчера апелираше до палестинскиот лидер Јасер Арафат да направи сў во неговата моќ за да ги спречи самоубиствените напади во Израел.

Израелска операција во предградија на Газа

А1 - 24.09.2002

Дванаесетина израелски тенкови со подршка на хеликоптери денеска влегоа во две предградија на Газа, во операција за уривање на куќите на осомничените палестински екстремисти, јавија агенциите, повикувајќи се на изјави на очевидци.

Арафат одби на Израел да ги предаде милитантите кои се кријат во неговиот штаб

Вест - 24.09.2002

РАМАЛАХ, 24 септември (Ројтерс) - Палестинскиот претседател Јасер Арафат вчера ги отфрли барањата на Израел да предаде список на сите луѓе кои се кријат со него во штабот во Рамалах. Израелската војска му дозволи на главниот палестински преговарач Саеб Ерекат да влезе во опседнатиот претседателски ...

Израелците му оставија само една куќарка на Арафат

Дневник - 24.09.2002

ОДМАЗДНИЧКА АКЦИЈА НА ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ВО РАМАЛАХ Израелските трупи што завчера го срамнија со земја речиси целиот резиденциски комплекс на палестинскиот лидер во Рамалах, вчера се вкопаа околу единствената здрава зграда во која остана Јасер Арафат со 250 палестински офицери и телохранители, јави ...

Булдожерите го запреа уништувањето на штабот на Арафат

Утрински - 24.09.2002

По големата меѓународна осуда, вклучувајќи ги и САД, на акцијата на израелската војска РАМАЛАХ - Израелските војници вчера се стационираа околу седиштето на Јасер Арафат на Западниот Брег, откако го прекинаа уништувањето на неговиот претседателски комплекс поради меѓународната осуда, која уследи ...

Израелската војска го прекина уништувањето на штабот на Арафат

А1 - 23.09.2002

Израелската војска ги запре синоќа своите операции на уништување на седиштето на палестинскиот лидер Јасер Арафат, од кое остана само една зграда, соопштија израелски воени извори и шефот на дипломатијата Шимон Перез. Тој изјави дека Израел нема намера да му наштети на Арафат, ниту да го принуди да ...

Седиштето на Арафат срамнето со земја

Утрински - 23.09.2002

Продолжуваат обидите на израелската армија за фаќање на палестинските милитанти РАМАЛАХ - Израелската армија урнала куќа во близина на канцелариите на палестинскиот лидер Јасер Арафат, во неговото седиште во Рамалах, по демонстрациите во текот на ноќта, во кои, според извештаите, четворица ...

Четири Палестинци загинаа во протестите против израелската блокада на Арафат

Вест - 23.09.2002

РАМАЛАХ, Западниот брег, 23 септември (АП) - Илјадници Палестинци, и покрај воведениот полициски час, излегоа вчера на улиците на Западниот Брег и Газа за да протестираат против израелскиот напад врз штабот на Јасер Арафат. Во демонстрациите четворица демонстранти загинале од армиски оган, додека ...