„ За Македонија ќе речам да продолжи со реформите, а јас верувам дека ќе бидете членки на НАТО и ЕУ во блиска иднина “, изјави во интервјуто за А1 бригадниот генерал Дениз Блис, поранешен шеф на советодавниот тим на НАТО во РМ.
Од Македонија, барем според должностите во НАТО штабот, вчера се прости генералот Денис Блис, кој цели две години, мошне успешно, работеше на трансформацијата на македонската армија од позицијата на директор на Советодавниот тим на НАТО во Министерството за одбрана.
По две години минати во Македонија, вчера, на свечена церемонија во кампот "Ејбл Сентери" во Петровец, генерал Денис Блис му ја предаде командата со НАТО-штабот на бригадниот генерал Џон Џуранс. На свеченоста присуствуваа претседателот на парламентот Љупчо Јордановски, вицепремиерот Муса Џафери, ...
На свечена церемонија во кампот „Ејбл Сентери“ во Скопје, бригадниот генерал Џон Џуранс денеска ја презеде командата на НАТО штабот во Македонија од досегашниот командант Денис Блис. „Со особено нетрпение очекувам да соработувам со Владата, особено со министрите за одбрана и за надворешни работи да ...
Ако Македонија не ги наруши своите шанси за НАТО со лоши парламентарни избори идната година, повеќе од сигурно е дека новиот командант на штабот во Скопје, генерал Џон Дјуранс, со 2-годишниот мандат ќе биде последниот шеф на советодавниот тим пред нашиот прием во Алијансата.
Скопје Бригадниот генерал Џон Џуранс денеска ја презеде командата на НАТО штабот во Македонија, од досегашниот командант, бригадниот генерал Денис Блис. Свеченоста на примопредавањето на должноста се одржа во кампот Ејбл Сентри на аеродромот Петровец во Скопје.
Избркајте ги сите што ќе прават проблеми на изборите, им порача денеска на македонските политички партии НАТО претставникот во заминување. Покрај ефикасни изборни комисии и едукација на гласачите, за генералот Блис најбитно е како партиите ќе се однесуваат во изборниот стрес.