По наредба на ветеринарната управа денеска почна колењето на свињите во кумановската фарма „Голдфарм“. Тие најпрвин се прегледуваат, и потоа се праќаат во кланиците низ Македонија. Пцовисаните свињи се закопуваат во специјални сточни јами и се врши засилена дезинфекција.
Навестен крај на фармата „Голдфарм“ од Речица, каде половина година гладуваат свињи. Ветеринарната управа со став дека прегладнетите свињи треба да се спасат со колење. „Свињите ќе одат на колење со целокупно ветеринарно санитарна контрола“, вели Слободан Чокревски од Ветеринарната управа.
На фармата за свињи во Речица се случува вистинска трагедија. Сопствениците ретко ги хранат свињите, а за да се избегне поголемата катастрофа работниците ги испуштиле свињите надвор од боксовите. Свињите за да преживеат ги јадат остатоците од мртвите свињи.