Пронајдени се трите црни кутии од хеликоптерот на АРМ што вчера се урна кај Катланово, при што загинаа 11 војници. Во црните кутии се снимаат техничките параметри на леталото и говорната комуникација меѓу пилотите и контролорите на летањето.
Објавени имињата на 11-мината загинати македонски мировници во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце. Најстариот по чин и по години е 40-годишниот потполковник Тони Спасовски, командир на транспортен хеликоптерски сквадрон. Тој управувал со хеликоптерот кога се случила несреќата.
Армискиот хеликоптер се урнал на земја, па експлодирал на 20 метри од последната куќа во Блаце, која пилотот успеал да ја избегне, тврдат градежните работници кои биле очевидци на несреќата. Хеликоптерот Ми-17 ја надлетал куќата што се гради, свртел полукружно над соседните две куќи, иако според ...
Во текот на целата ноќ траеше истрагата на местото на несреќата на армискиот хеликоптер „МИ 17“, кој вчера напладне на враќање од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина се урна кај катлановско Блаце при што загинаa 11 припадници на АРМ. Доцна синоќа беа пронајдени телата на сите 11 загинати.
Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје на семејствата и на блиските на загинатите припадници на АРМ во вчерашната трагична хеликоптерска несреќа им упати најдлабоко сочувство. Скопје, 13 јануари (МИА) Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје на семејствата и на блиските на загинатите припадници на ...
40 годишниот тони Спасовски пилот на хеликоптерот е најстар меѓу 11-мина кои вчера загинаа кај катлановско Блаце. најмлад е десетарот Златко Велјановски. Сите и припаѓале на воздухопловната единица на армијата на Македонија, а изминатите 6 месеци беа на задача во рамките на мировната мисија Алтеа ...
Телата на загинатите војници вечерва беа извлечени од местото на хеликоптерската несреќа. Извлекувањето почна околу 19 и 30 и траеше околу два и пол часа. На носилка, под светла од агрегати, телата беа извлечени 7 часа по трагедијата.
Со одлука на Владата на вчерашната седница формирана е посебна владина комисија која што треба да ги испита причините и сите околности за хеликоптерската несреќа кај Катланово во која загинаа 11 припадници на АРМ кои се враќаа од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
До семејствата на загинатите и до Македонија стигнуваат сочувства за големата несреќа. Огромна е загубата на овие млади луѓе кои им служеа на својата земја и на каузата на мирот во регионот напиша амбасадорката на ОБСЕ во земјава Наталија Грос.
Маглата и лошата видливост не можат да бидат причина за несреќата – тврди експерт за канал 5 – хеликоптерот ми 17 бил опремен и можел да лета во сложени метео услови. Воздухопловците кои вчера загинаа тврди тој со себе носеле само лично вооружување што не може да предизвика силни детонации.
Во вчерашната хеликоптерска несреќа кај Катланово при нивното враќање од мисијата АЛТЕА од Босна и Херцеговина животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко ...
Министерот Еленовски потврди дека ги имаат потребните докази за утврдување на причината на несреќата . Црните кутии се кај истражната судијка Славјанка Јанкоска. Таа ќе одлучи дали ќе ги преслушуваат само домашни или ќе се побара помош и од странски експерти.
Со батерии и агрегати, вака во ноќта продолжи потрагата по телата на жртвите и остатоците од урнатиот хеликоптер. Телата се уште не се извлечени. Крим техничарите и екипите на Судска медицина го вршат увидот. Експерти од воздухопловството се во дилема, се урнал поради удар во височината или ...
Армиски хеликоптер Ми-17 денеска околу пладне се урна во селото Блаце кај Катланово. Во несреќата нема преживеани. Во хеликоптерот имало 11 војници. Се урнал на само 50-ина метри од последните куќи во селото. Нема жртви од мештаните.
Во Институтот за судска медицина во Скопје се очекува да бидат донесени телата на загинатите војници од мировната мисија АЛТЕА. Според досегашните сознанија, на местото на несреќата пронајдени и идентификувани се осум од настраданите војници. Се уште се извлекуваат останатите.
Со едноминутно молчење Владата ја почна денешната вонредна седница. Им оддаде почит на 11-мината загинати војници. На седницата, освен владиниот кабинет, присуствуваа началникот на Генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски и директорот на Институтот за судска медицина Алексеј Дума.
Експлодирал во воздух или се удрил во ридот кај Блаце. Што е причина за уривањето на армискиот хеликоптер? Започна сеопфатна истрага. Според првичните сознанија, временските услови биле лоши, со густа магла. Хеликоптерот скршнал четири милји од правецот кој е предвиден за слетување.
За трагичната смрт на членовите на македонскиот хеликоптерски тим изјави и телеграми со сочувство упатија мисијата на европската унија во Скопје, француската амбасада и српскиот претседател Тадиќ. Длабоко жалиме за трагичната смрт на припадниците на македонската армија кои загинаа во денешната ...
„Околу 9 часот и 30 минути денеска наутро хеликоптер МИ-17 на Поранешната Југословенска Република Македонија го напушти аеродромот Бутмир. Хеликоптерот се враќаше по завршување на мисијата...“ - Околу 9 часот и 30 минути денеска наутро хеликоптер МИ-17 на Поранешната Југословенска Република ...
Ми-17 е транспортен воен хеликоптер. Македонската армија имаше три- по денешната трагедија остана со два. Едниот неисправен е паркиран на воениот аеродром- другиот, како што беше и урнатиот, е дел од мисијата Алтеа во Босна и Херцеговина. Ми -17 е транспортен воен хеликоптер.
Станува збор за голема трагедија, изјави претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски по посетата на местото во Катланово, каде денеска се урна хеликоптер на АРМ при што загинаа сите 11 патници. Скопје, 12 јануари (МИА) - Станува збор за голема трагедија, изјави претседателот на ...
Web Special фото ПЕТР СТОЈАНОВСКИ Хеликоптерот „Ми-17“ превезуваше македонски војници кои се враќаа од мисијата „Алтеа“ во БиХ Хеликоптер на Армијата на Република Македонија се урна кај катлановско Блаце, потврди Министерството за одбрана.
Хеликоптер на Армијата на Република Македонија попладнево се урна кај катлановско Блаце, потврди Министерството за одбрана. Станува збор за транспортен хеликоптер „Ми 17“ кој што превезувал македонски војници што се враќале од мисијата во Босна и Херцеговина „Алтеа“.
Силна и невообичаена бучава слушнале жителите на скопско Блаце, само неколку секунди пред армискиот хеликоптер да падне во дворовите на последните куќи. Тврдат дека имало две експлозии, една уште додека леталото било во воздух, а втората која била многу посилна кога хеликоптерот паднал на земја во ...
Точно во 12 часот и 24 минути била загубена врската со контролата на летање, стои во првичниот извештај за несреќата изготвен од воздухопловните власти, до кој дојде канал 5. Хеликоптерот кој од сараевскиот аеродром Бутмир полетал во 10 часот и 10 минути кај Катланово скршнал дури 4 милји од ...
Станува збор за огромна трагедија и загуба, изјави претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски по посетата на местото каде што денеска се урна хеликоптер на АРМ при што загинаа сите 11 патници. Скопје, 12 јануари (МИА) - Станува збор за огромна трагедија и загуба, изјави претседателот ...
Владина комисија, во која ќе бидат вклучени и претставници од министерствата за внатрешни работи и за правда, ќе и помага на истрагата во утврдувањето на причините за хеликоптерската несреќа. Владина комисија, во која ќе бидат вклучени и претставници од министерствата за внатрешни работи и за ...
Сите 11 припадници на македонската Армија што се превезуваа со хеликоптерот „Ми 17“ кој што се урна кај катланско Блаце се загинати. Министерството за одбрана ја потврди несреќата, но засега нема информации за причините поради кои дошло до неа.
Осум лица загинаа при уривање на хеликоптер во мексиканската држава Пуебла, пренесува МИА. Меѓу жртвите е и сопругата на министерот за внатрешни работи на Пуебла, Патрисија Росано. Во несреќата загинале уште четири жени на службеници од истото Министерство и на влијателни претприемачи.
Сите 11 припадници на македонската Армија што се превезуваа со хеликоптерот „Ми 17“ кој што се урна кај катланско Блаце се загинати. Хеликоптерот „Ми 17“ се враќал од мисијата „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина. Засега нема информации за причините за несреќата.