TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Единствениот доказ во „Бачило“ се' уште е валиден

Дневник - 22.07.2006

Признанието на ветеринарот од Камењане дека издал невистинита ветеринарна потврда останува валиден доказ во случајот „Бачило“, откако вчера истражниот судија во Основниот суд во Тетово го одби барањето изјавата да се прогласи за неважечка.

На конец виси повторувањето на постапката за „Бачило“

Време - 20.07.2006

СЛУЧАЈОТ „БАЧИЛО“ УПОРНО СЕ ОДЛОЖУВА Со поништено решение од тетовскиот суд, Владимир Ракочевиќ, адвокат на овчарот Иснифарис Џемаили, вчера се обиде да го побие единствениот доказ на правобранителството за случајот „Бачило“ да не почне од почетокот.

Спорен единствениот доказ за повторување на „Бачило“?

Дневник - 20.07.2006

Рочиштето за повторување на судењето за „Бачило“ вчера повторно се одложи. Причината за ова е потребата да се утврди дали во постапката може да се користи единствениот доказ, изјавата на ветеринарот од Камењане дека фалсификувал потврда за бројот на овците на Иснифарис Џемаили, сопственик на ...

Обвинителтво ги повредило правата на ветеринарот

Вест - 20.07.2006

ТРЕТО ОДЛОЖУВАЊЕ НА СУДСКИОТ ПРОЦЕС "БАЧИЛО" Решение на истражен судија од Тетово со кое се отфрла единствениот и нов доказ на Правобранителтвото кое бара повторување на постапката за случајот Бачило, беше причина вчера да биде одложен судскиот процес.

Повторно одложено судењето на Џемаили

А1 - 19.07.2006

Одбраната на овчарот Џемаили и денеска го одложи рочиштето на кое требаше да се одлучи дали ќе има повторување на целата судска постапка. Како аргумент приложи решение од истражниот судија во Тетово, кој го отфрлил како невалиден единствениот нов доказ до кој дојде правобранителството.

Овчарот Иснифарис Џемаили доби уште седум дена пред да се одлучи дали ќе има ново судење

Канал5 - 19.07.2006

Немаат крај судските играрии за Бачило. Ниту на новата судијка Јасмина Блажевска не и појде од рака да го одржи рочиштето без кое не може да се донесе одлука – ќе има ли нов процес и ќе треба ли овчарот Иснифарис Џемаили да и ги врати на државата 730-те илјади евра отштета? Немаат крај судските ...

Иснифарис повторно ќе бара одлагање

Вечер Прес - 19.07.2006

Дали ќе биде повторена постапката во случајот "Бачило" или најбогатиот овчар Џемаили Иснифарис ќе може мирно да спие со своите 700.000 евра, ќе се реши денеска на закажаното рочиште за случајот "Бачило". Адвокатот на овчарот Владимир Ракочевиќ вчера ни рече дека Иснифарис овојпат ќе присуствува на ...