TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Убиени Шиптар и Кум, Легија сеуште на слобода

Вест - 29.03.2003

БЕЛГРАД, 29 март (АП) - Полицијата завчеравечер застрелала две лица кои беа осомничени за атентатот врз премиерот Зоран Ѓинѓиќ додека пружале отпор при апсењето и пукале во полицијата. Душан Спасојевиќ - Шиптар и Милан Луковиќ - Кум беа лидерите на Земунскиот клан кој е одговорен за убиството ...

Ликвидирани Шиптар и Кум

Утрински - 29.03.2003

Во оружена пресметка на белградската полиција со припадници на Земунскиот клан Белград - Душан Спасоевиќ, наречен Шиптар и Миле Луковиќ, наречен Кум, лидери на таканаречениот Земунски клан, обвинет за убиство на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, биле убиени завчера во Белград во пресметка со српската ...

Пронајдени коските на Стамболиќ, потера по Мира Марковиќ

Дневник - 29.03.2003

ПОЛИЦИски акции низ србиЈа Српската полиција во престрелка во Белград ги убила Душан Спасојевиќ-Шиптар и Миле Луковиќ-Кум, луѓе од врвот на Земунскиот мафијашки клан Српската полиција вчера соопшти дека го нашла телото на убиениот поранешен претседател на Србија Иван Стамболиќ, ги убила Душан ...

Убиени Шиптар и Кум во Белград

А1 - 28.03.2003

Душан Спасоевиќ - Шиптар и Миле Луковиќ - Кум, лидери на Земунскиот клан обвинет за убиство на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, биле убиени синоќа во Белград во пресметка со српската полиција. Полицијата соопшти дека на слобода, од водството на Земунскиот клан, сега се наоѓа само уште Милорад Луковиќ ...

Околу 200 припадници на "Црвените баретки" се распуштија без отпор

Дневник - 28.03.2003

КУЛА, СРБИЈА Околу 200 припадници на единицата за специјални операции на српската полиција "Црвени баретки" завчера доброволно го предале оружјето и ја напуштиле својата база во гратчето Кула во северна Србија, јави Ројтерс. Специјалците од единицата, чии водачи се обвинети дека го организирале ...

Специјалците имаат 30 дена за да ги предадат оружјето и црвените баретки

Дневник - 27.03.2003

ОДЛУКА НА СРПСКАТА ВЛАДА По апсењето на Звездан Јовановиќ-Звеки, осомничениот убиец на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, српската Влада реши да ја расформира Единицата за специјални операции ЈСО, попозната како "Црвени баретки".

Експертизата потврди дека Звеки го убил Ѓинѓиќ

А1 - 26.03.2003

Резултатите од балистичката експертиза потврдуваат дека досегашниот помошник на командантот на Единицата за специјални операции Звездан Јовановиќ - Звеки го убил српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, соопшти српското МВР. „Резултатите од балистичката експертиза покажаа недвосмислено дека од снајперска ...

Уапсен атентаторот на Зоран Ѓинѓиќ?

Утрински - 26.03.2003

Српската полиција ја заокружува потрагата по извршителите на убиството на српскиот премиер Белград - Српските власти денеска соопштија дека атентаторот, кој го застрела српскиот премиерот Зоран Ѓинѓиќ на 12 март е уапсен. Уапсеното лице било помошник-шеф на полициска специјална единица.

Звеки и Пеле го убиле Ѓинѓиќ?

Дневник - 26.03.2003

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА Српската полиција вчера потврди дека во понеделникот го уапсила човекот за кого верува дека на 12 март со снајперска пушка го уби српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ. Атентаторот се вика Звездан Јовановиќ - Звеки, поранешен помошник-командант во полициската единица за брзи интервенции, ...

Уапсен атентаторот на Ѓинѓиќ

А1 - 25.03.2003

Српската полиција вчера го уапси досегашниот помошник на командантот на Единицата за специјални операции Звездан Јовановиќ - Зеки (38), поради сомневање дека го убил српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, изјави денеска наследникот на Ѓинѓиќ, Зоран Живковиќ.

Уапсен убиецот на Ѓинѓиќ

Вест - 25.03.2003

Белград, 25 март (БТА) - Српската полиција вчера го уапсила убиецот Зоран Ѓинѓиќ. Снајперистот кој на 12 март пукаше на српскиот премиер е во притвор, а неговиот идентитет ќе биде откриен во текот на денешниот ден. Ваквите тврдења бугарската агенција БТА ги потпира на доброинформиран српски извор ...

Уапсен снајперистот кој го застрела Ѓинѓиќ?

Утрински - 25.03.2003

Според бугарската БТА Белград - Снајперистот кој на 12 март го изврши атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ е уапсен, јави денеска бугарската агенција БТА повикувајќи се на доброинформиран извор кој побарал анонимност. Идентитетот на убиецот ќе биде откриен по неколку часа.

Фатен снајперистот?

Дневник - 25.03.2003

Снајперистот што на 12 март во центарот на Белград го уби српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ е уапсен, јави вчера бугарската агенција БТА, повикувајќи се на доброинформиран извор, кој побарал анонимност. Се очекуваше идентитетот на убиецот да биде откриен вчера ...

Српските зависници од дрога во криза по апсењето на снабдувачите

Дневник - 25.03.2003

БОРБА ПРОТИВ СРПСКАТА МАФИЈА Српската полиција вчера потврди дека земунската мафија е одговорна за атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, откако еден "земунец" сам се предал и посведочил против своите поранешни шефови. Мафијашот што и се предал на полицијата наводно дознал дека шефовите на ...

Уапсен снајперистот од атентатот врз Ѓинѓиќ?

А1 - 24.03.2003

Снајперистот кој на 12 март го изврши атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ е уапсен, јави денеска бугарската агенција БТА, повикувајќи се на доброинформиран извор кој побарал анонимност. Идентитетот на убиецот не е откриен.