TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Се најавуваат длабоки уставни измени за правосудството

А1 - 27.02.2005

До каде ќе се оди во измените на Уставот кои се однесуваат на правосудството. Овие прашања владиниот експертски тим ќе ги отвори утре на средбата во министерството за правда. Според најавите најверојатно ќе се оди на подлабоки измени кои ќе го опфатат и уставното судство, зголемување на неговите ...

Договорени измените во Уставот

Време - 25.02.2005

СРЕДБА ЦРВЕНКОВСКИ-ЕКСПЕРТСКИ ТИМ Уставните измени се договорени и тие ќе се достават до Владата по завршувањето на локалните избори. Ова вчера го договориле претседателот на државата, Бранко Црвенковски, и експертскиот тим за измена на Уставот на Македонија, раководен од професорот по уставно ...

Ќе зајакне позицијата на претседателот во правосудството

Дневник - 25.02.2005

УСТАВНИ ИЗМЕНИ Уставните овластувања на претседателот на државата во однос на правосудните органи ќе се зголемат, а неговата позиција драстично ќе зајакне. Ова се дел од измените на Уставот што ги подготвува експертскиот тим за уставни измени, кој го формираше Владата.

Владиниот тим информираше за уставните измени за судството

Утрински - 25.02.2005

Средба Црвенковски - Климовски Претседателот Бранко Црвенковски вчера се сретна со експертскиот тим за измена на Уставот, раководен од проф. д-р Саво Климовски. Членовите на тимот што го формираше Владата, како што соопштува Кабинетот на шефот на државата, го информираа Црвенковски за обемот и ...

Експертите предлагаат засилена позиција на Претседателот во правосудството

А1 - 24.02.2005

Експертите предлагаат засилена позиција на шефот на државата во сферата на правосудството, нудејќи концепт на уставни измени, што ќе значат негови поголеми ингеренции во оваа сфера, иако Македонија не е дефинирана како држава со претседателски систем.