TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Фракционерите од НСДП формираа партија

А1 - 24.05.2008

Доскорешните членови на највисокото раководство на НСДП Лазар Еленовски, Вера Рафајловска и Веле Митановски формираа нова партија. Новиот субјект на политичката сцена се уште нема име, ниту претседател, а основачите најавија дека ќе дејствуваат лево од политичкиот центар.

Промотивен состанок за создавање нова партија на иницијаторите Еленовски, Рафајловска и Митаноски

Канал5 - 24.05.2008

Иницијативниот одбор предводен од Лазар Еленовски, Вера Рафајловска и Веле Митаноски денеска во Скопје во присуство на симпатизери и поранешни членови на НСДП го одржаа првиот состанок за иницијативата за формирање нов политички субјект.

Разрешени 100 функционери од НСДП

Време - 23.05.2008

ПОРАДИ „ПОГРЕШЕН“ ПАРТИСКИ АНГАЖМАН Стотина директори и раководители од редовите на НСДП се разрешени од функциите затоа што одбиле да ја напуштат партијата и да преминат во ВМРО-ДПМНЕ, обвини вчера Горан Мисовски, шеф на Изборниот штаб на НСДП.

НСДП обвинува за притисоци од ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 23.05.2008

НСДП обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ и министерот за одбрана Лазар Еленовски дваесетина дена вршеле притисоци на носители на јавни функции од редовите на партијата на Тито Петковски да потпишат пристапници на ВМРО-ДПМНЕ доколку сакаат да ги зачуваат позициите.

НСДП: Директорите разрешени зашто не пристапиле во ВМРО-ДПМНЕ

Дневник - 23.05.2008

Откако не успеа невидениот притисок од министерот за одбрана Лазар Еленовски и ВМРО-ДПМНЕ врз функционерите на НСДП за да преминат во таа партија, Владата незаконски разреши седумдесетина директори, раководители на подрачни единици и други носители на јавни функции од нашата партија, обвини вчера ...

Велешки титоисти преминаа во ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 22.05.2008

ВЕЛЕС - Стотина членови од општинската организација на НСДП - Велес од вчера се дел од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тие биле незадоволни од однесувањето на партискиот претседател Тито Петковски уште додека бил дел од владејачката коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Владата разрешила директори од НСДП, но не кажува кои

Дневник - 22.05.2008

Десетина директори и функционери од НСДП, на прексиноќешната владина седница биле разрешени и на нивно место биле назначени други. Вчера од Владата потврдија дека имало разрешување, но не сакаа да ги откријат нивните имиња ниту дали се тие само од НСДП или и од друга партија.

Реакција на НСДП за последните разрешувања директори и државни секретари

Канал5 - 22.05.2008

НСДП реагира на последните владини одлуки за разрешувања директори и државни секретари од нивната партија. Велат дека санкциите следуваат по одбивањето на, според нив, жестокиот притисок од ВМРО ДПМНЕ и Лазар Еленовски, да потпишат пристапници во ВМРО ДПМНЕ ако сакаат да ги зачуваат позициите.

Петковски и Андов паразити на грбот на СДСМ

Вечер Прес - 22.05.2008

Од друга страна, министерот за одбрана Лазар Еленовски, екс министерката за економија Вера Рафајловска и поранешниот пратеник Веле Митаноски, најверојатно в сабота, или најдоцна до средината на идната недела, ќе ја промовираат новата политичка партија, чие име ќе ги содржи називите "социјал" и ...

Над 300 члена на НСДП од Гевгелиско преминале во ДС

А1 - 21.05.2008

Од Демократскиот сојуз информираат дека денеска повеќе од 300 членови на НСДП од Гевгелија и од Миравци преминале во редовите на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов. Пристапувањето, како што соопштија од Демократскиот сојуз било образложено од доскорешниот претседател на општинската организација ...

Партиска дисциплина

Утрински - 21.05.2008

Поглед Соња Крамарска Партискиот камшик заигра на овие избори. Триото Вера Рафајловска, Лазар Еленовски и Веле Митаноски доби „нога“ од својата Нова социјалдемократска партија (НСДП) поради шурување со ВМРО-ДПМНЕ. Поентата е што тие не ја следеа одлуката на НСДП да го растури сојузништвото со ...

Фракционерството само на хартија

Време - 20.05.2008

ИСКЛУЧЕНИТЕ ОД НСДП ТВРДАТ Одлуката на Централниот одбор на НСДП да не исклучи од партијата е тоталитаристички и недемократски чин, реагираат фракционерите Веле Митановски, Лазар Еленовски и Вера Рафајловска. - Ќе му се заблагодариме на Тито Петковски затоа што ни остави можност да се жалиме пред ...

Фракционерите на НСДП ќе формираат нова партија

Утрински - 20.05.2008

Тоа е само пуста желба. И други формираа партии, па видовме што се случи, вели Петковски Светлана Унковска Членовите на НСДП кои на неделната седница на Централниот одбор беа исклучени од членство во партијата најавија дека ќе формираат нов политички субјект.

Метла за директорите од НСДП

Дневник - 20.05.2008

Владата денеска ќе побара одговорност од сите директори од редовите на НСДП што ја злоупотре биле положбата заради кампањата на опозицијата, дознаваме од владини извори. Според нив, повеќе директори од НСДП ја користеле функцијата за притисок врз граѓаните да гласаат за коалицијата „Сонце“.

Исклучените од Тито Петковски ќе формираат нова партија

Дневник - 20.05.2008

Министрите Вера Рафајловска, Лазар Еленовски и пратеникот Веле Митановски, кои завчера беа исклучени од НСДП, ќе формираат нова партија. Тие ќе бараат поддршка од членовите на НСДП што и' се приклучија на фракцијата и кои не се задоволни од одлуката на партијата на Тито Петковски за коалиција со ...

Диктатура во НСДП

Вечер Прес - 20.05.2008

На последната седница на Централниот одбор на НСДП, експлозијата на демократијата се претвори во експлозија на диктатурата, реагираат исклучените фракционери од партијата. Раководството на НСДП завчера ги исклучи од партијата министрите во оставка Лазар Еленовски и Вера Рафајловска и поранешнот ...

Се разделивме со Груевски за ЕУ и НАТО

Утрински - 19.05.2008

ИНТЕРВЈУ Донесовме одлука да се оди во коалицијата „Сонце“ затоа што имавме апсолутно идентични ставови за македонските приоритети, вели Тито Петковски , лидер на НСДП Светлана Унковска Господине Петковски, на овие избори коалицирате со „Сонце“.

Дел од НСДП во Ресен премина во ВМРО-ДПМНЕ

Дневник - 19.05.2008

Најголем број од членовите на НСДП од Ресен пристапија во ВМРО-ДПМНЕ. Ова беше соопштено по средбата викендов помеѓу Антонио Милошоски, носител на кандидатската листа од Коалицијата „За подобра Македонија“ во „петката“, и Татјана Гештаковска, претседателка на општинската организација на НСДП од ...

Митаноски, Еленовски и Рафајловска исклучени од НСДП

Вечер Прес - 19.05.2008

Централниот одбор на НСДП вчера ги исклучи од партијата, поранешниот пратеник, Веле Митаноски, министерот за одбрана Лазар Еленовски и екс-министерката Вера Рафајловска. Повеќе од 60 од вкупно 90 членови на ЦО на партијата гласале за отстранување на фракционерската тројка од партијата.