Утрово се будам со дилемата: дали да одам на Галичка свадба или во Врање, каде што со една интересна група-музичари треба да работиме на еден музички проект. Во секој случај, со време треба да ја разрешам дилемата, а несомнено и на едното и на другото место ќе има интересни ...
Овој викенд ми е исполнет со подготовките за концертот в недела во Даут- пашиниот амам, во рамките на †Скопското културно лето". Почестена сум со гостувањето на виолинстката од Србија и Црна Гора, Мирка Шќепановиќ, па денеска во текот на денот имаме проба.
Денеска уште од 7 ч. веќе сум на базен, каде што се распливуваат цицибаните што ги тренирам за Државното првенство во оваа категорија. По завршувањето на обврските таму, одам на Матка, каде што се одржува Скопскиот маратон во пливање, но само како поддршка.
Бидејќи до доцна ноќе, некогаш нў фаќа и утро, со Дамир Имери работиме на песните за мојот нов проект, а и на една песна за претстојниот †Тетово фолк- фест", обично спијам до пладне. Потоа излегувам низ Струмица, на некое кафе, ќе потрошам час- два кај мајстор Даци и мајстор Џемо, па тргнувам за ...