Како што одминува времето и се вжештува предизборната кампања, така се менува и уличниот декор во градот под Шара. Покрај споредните и периферните, од вчера и главните улици и булевари, како што е и најфреквентниот и највпечатливиот од влезот од Скопје до самиот плоштад, булеварот "Маршал Тито", ...
И покрај тоа што на последните седници пратениците во Народното собрание во Белград почнаа да се "јадат", тие не се гладни. Но, не затоа што сами си изгласаа плати во просек од 120 000 динари (помалку од 1 500 евра), туку затоа што секојдневно, на име на топол оброк добиваат 1 028 динари (12,5 ...
Завчера напладне пред битолскиот Народен театар се случи инцидент. Во обид да раздвои две завојувани лица настрада Борче Секуловски. Беше прободен со нож во грбот по што итно со возило на случајни минувачи е пренесен и задржан на лекување во Медицинскиот центар во Битола.
Мини лизгалиштето на плоштадот "Македонија" очигледно е "полн погодок" на организаторите и Градот. Ова катче, што деновиве предизвикува големо интересирање кај скопјани, за помладите претставува вистинска атракција. Тоа го докажува и присутноста на оние кои секојдневно на ова место ги испробуваат ...
Некои претставниците на меѓународната заедница во БиХ преку свои посредници веќе подолго време од граѓаните откупуваат лесни преносни ракетни системи за противвоздушна одбрана. Тоа нелегално купување има за цел, опасното оружје да не дојде во рацете на бунтовниците во Ирак или во некое друго кризно ...
Четирите млади актерки Петра Куртела, Марија Кобиќ, Антонија Шола и Анита Бериша од хрватската сапуница "Забранета љубов" се разголија за новиот број на магазинот "Клин". Фотографиите на убавите актерки се дело на Томислав Доленац, а се направени во студиото во кое се снима сапуницата, додека за ...
Портпаролот на Обвинителството на Хашкиот трибунал Флоренс Артман го оцени како "гласина и шпекулација" пишувањето на сараевскиот весник "Дневни аваз" за наводните обвиненија против повеќе лица. "Сакам да ги посоветувам граѓаните да не читаат весници што се занимаваат со гласини и шпекулации", ...
Издавачкиот центар "Три" ја отпечати и за две години "постарата" книга на авторот на "Кодот на Да Винчи", Ден Браун - "Ангели и демони". Станува збор за експлозивен интернационален трилер, што кривули од просветлувачки откровенија до мрачни вистини, додека битката меѓу науката и религијата се ...
"Иако Македонија го предаде Прашалникот во Брисел на Денот на љубовта и врската со ЕУ доби во длабочина, тие се уште се далеку од својата свадба", го почнува својот најнов извештај за Македонија, Меѓународната кризна група што излезе вчера.
Дејвид Бекам ги поднаучи тајните на јапонската вештина кендо. Две недели одеше на курс, но не за да се одбрани од ненадејните напаѓачи, туку за потребите на новата реклама за пијалакот "пепси". На часовите по кендо, Бекс не одеше сам, туку во друштво на двете американски суперѕвезди на поп-музиката ...
Објектот пред зградата на ЕСМ ги добива завршните контури. Деновиве почна поставувањето на металната кровна конструкција, по што ќе се изврши и застаклувањето на објектот. Според надлежните од фирмата "Лумикс", која е сопственик на земјиштето и инвеститор на овој деловно-трговскиот центар, кој се ...
Пишува: Виолета ЦВЕТКОВСКА Најмалку три државни институции, почнувајќи од Владата, МВР се до Царина, симптоматично молчат околу една афера која бугарските медиуми упорно се обидуваат да ја разгорат во меѓународната јавност. Станува збор за обидот Македонија да се претстави како некој регионален ...
Швајцарскиот производител на познатите "Милка" чоколади , "Крафт фудс" ќе донира компјутери за учениците од 50 основни училишта во земјава.Од први идниот месец започнува акцијата "Компјутери за основците во Македонија" што ќе трае до 31 март, за чие времетраење по пет денари од секое продадено ...
Собранието на акционерите на унгарската телекомуникациона компанија "Матав" одобри промена на името на компанијата во "Маѓар Телеком". Акционерите на вонредната собраниска седница ја прифатија промената на името по говорот на претседателот и генерален директор на "Матав" Елек Штрауб за стратегијата ...
Веледрогеријата "Зегин" на македонскиот пазар продава "стрептоксазол", препарат против пролив, иако тој лек нема важечко регистрационо решение ниту во Хрватска, матичната земја на производителот "Плива". Лекот го има во малопродажбата, односно во аптеките низ земјава по цена од 148 денари за ...
По контроверзите и светскиот "бум" што го предизвика "Кодот на Да Винчи" на Ден Браун, од Издавачката куќа "Феникс" најавуваат објавување на светско издание во кое ќе се декодира кодот на Да Винчи. "Ќе го објавиме делото 'Декодираниот код на Да Винчи' на американскиот автор Ричард Абанес.
Со прес-конференцијата на шефот на Изборниот штаб, Гзим Острени, и портпаролот Ермира Мехмети одржана вчера во седиштето во Мала Речица, ДУИ го означи почетокот на изборната кампања под мотото "Заедно со вас во нови победи". Откако многу подробно со конкретни бројки беа презентирани досегашните ...
Братислава, 25 февруари (МИА) - За време на средбата на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џорџ Буш, што се одржа вчера попладне во Братислава, главни теми беа прашањата околу Иран, Сирија, Ирак и Косово, како и заедничката борба против тероризмот и ширењето на оружјето за масовно ...
Финализирање на работите пред претстојната посета на тимот од НАТО беше единствената точка за која се разговараше на вчерашната седница на Работниот комитет за интеграција во Алијансата. Високите претставници од Алијансата, амбасадорот Гинтер Алтенбург, помошник генерален секретар за политички ...
Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против дваесет и двегодишниот Х.Ф., за сторено кривично дело - недозволено изработување и држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Кај гостиварчанецот, се наведува во пријавата, поточно во неговиот автомобил "мерцедес" бил најден пиштол ...
Дека од главата си патиме, покажува примерот со зелените пазаришта во Гевгелија и Богданци. Пред неколку месеци, поради квалитетните земјоделски производи, а посебно ниските цени мошне беше голем бројот на грчките граѓани од прекуграничните населени места, кои тука доаѓаа за купување на сите видови ...
Прославениот автор на "Господарот на прстените", Џон Роналд Рејл Толкин, на македонската јавност за прв пат и е достапен со нешто невообичаено од неговото творештво - две нови книги за деца. "Ковачот од големиот Вутон" и "Лунѕало" се две од четирите најпознати книги за деца на овој светски познат ...
ПОДГОРИЦА, 24 ФЕВРУАРИ. - Црногорските власти завчера на највисоките институции во Србија и доставија официјален предлог за трансформација на сегашната државна заедница СЦГ во сојуз на независни држави. Според соопштението на Владата во Подгорица, промените ќе помогнат во надминувањето на ...
Возев во правец на дискотеката Вулкан. Имав повик и брзав да стасам на време. Кога пред локалот гледам една група на тинејџери кои почнаа да ми мавтаат. Се доближија до мене и тогаш едно машко дете ме праша: - Чиче ќе не возиш ли пет души до Црниче.
Големата донација на "Зегин" за која се утврди дека е со изминат рок, ќе биде спалена во почетокот на наредната недела. Според извори од Царинската управа, од сопственикот на оваа веледрогерија е побарано лично да присуствува на уништувањето на неупотребливите лекови, кои тој се обиде да ги протури ...
Скандалот што се случи на бугарскиот избор за песна на Евровизија и јавното обвинување упатено од страна на познатиот шоумен Славеј Трифунов и неговата дует - партнерка Софи Маринова дека изборот е наместен, е отфрлен и како прв официјален претставник во Киев ќе патува групата "Кафе".
БОН, 24 ФЕВРУАРИ. - Повеќе илјади демонстранти вчера протестираа во цела Германија, во знак на револт поради посетата на американскиот претседател Џорџ Буш. Протести имаше и во Визбаден, каде што Буш вчера ја посети американската база, како и во Мајнц, каде што американскиот претседател имаше ...
Грчкиот бизнисмен Димитри Контоминас кој до лани беше еден од акционерите во "Македонски телекомуникации" завчеравечер со својот приватен авион пристигнал на неколкучасовна средба со премиерот Бучковски. Во Владата велат дека тој на премиерот му го најавил својот интерес да инвестира во Македонија ...
Редакцијата на босанскиот "Евросонг 2005" ја отфрли секоја шпекулација за наводното "парично условување" за учество на одделни изведувачи на домашниот натпревар и ги демантираше изнесените лични проценки за фаворизирањето на некои песни, автори и интерпретатори.
Долгонајавуваната трибина за претставување на кандидатките за градоначалнички, што требаше да се одржи во просториите на Организацијата на жени на град Скопје, доживеа фијаско. Дваестина жени повеќе од еден час чекаа да пристигне барем актуелниот градоначалник на Општина Центар и кандидат за втор ...
Фабриката за минерална вода "Власинка", производител на познатата "роса", минатиот викенд е продадена на гигантот "Кока- Кола" за 21,5 милиони евра. Договорот за продажба на 100 отсто од капиталот на фабриката, на 18 февруари го потпишаа директорот на компанијата "Симпо"(во чиј состав е ...
Победата на локалните избори Коалицијата "За Македонија заедно" ја најави со звуците на "Болеро" и ветување за создавање на европски општини. Победничкиот дух на предизборната конвенција, која завчера се одржа во МНТ, беше надополнета со присуството на Киро Глигоров, поранешниот претседател на ...
Царинската управа на Македонија вчера ја поднесе првата прекршочна пријава против компанијата "Зегин" за лажна царинска декларација, односно неточно пријавено количество лекови, наменети за помош на настраданите од цунами во југоисточна Азија.
Кога зборот и дејството на страста, власта, крвожедноста и желбата за одмазда ќе бидат водени од некого кој е само нем сведок на она што како раскол се случува во менталниот склоп на смртникот, е сублимиран во драматиката на античкиот мајстор Софокле, тогаш со право се очекува жестокост, и ...
На последната средба со новинарите, маестро Симон Трпчески, најавувајќи го своето учество на спектакуларното отворање на годинешните "Денови на македонската музика", најљубезно ги замоли фоторепортерите да не го сликаат додека свири, бидејќи му го одвлекуваат вниманието.
Во Основниот суд Скопје 1, заврши истрагата за изнудата на 60 илјади евра од актуелниот пратеник и кандидат за градоначалник Трифун Костовски. Целокупниот материјал со изјавите на осомничените Наташа Петровска, Зоран Патковски и Роберт Атанасовски, според неофицијални судски извори, е доставен до ...
Претседателот на државата Бранко Црвенковски, од вчера презема и улога да ги координира и интензивира активностите во врска со реформите во сферата на судството. Со таквиот чекор, а користејќи ја својата уставна позиција, како што велат во Кабинетот, Црвенковски, практично, ќе се обиде да и ја ...
Со често и силно скандирање на името на Љубчо Георгиевски, завчеравечер во Универзалната сала во Скопје, се одржа конвенцијата на ВМРО-Народна партија, на која беа претставени над 50 кандидати за градоначалници и носители на советнички листи.
"Дојче банк" е сериозно заинтересирана за купување на "Комерцијална банка". Ова се најновите шпекулации кои кружат во банкарските кругови, но кои се директно врзани и со пазарот на капитал, односно берзата. На пазарот на капитал, акциите на "Комерцијална банка" одат како алва, што финансиските ...
Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ), на вчерашната прес-конференција на "Скопскиот саем", ја претстави програмата за годинашното, 29. издание на "Деновите на македонската музика", кои ќе се одржат од 30 март до 8 април. "Досега организациски бевме скромни.
Филмот "Илузија" на режисерот Светозар Ристовски ја продолжува интернационалната презентација. По турнејата и успешните одгласи во Канада и Јапонија, следна дестинација за негово прикажување е Белградскиот филмски фестивал. "Илузија" на Беофест ќе биде прикажан на 4 и 5 март и тоа во термините од ...
"Безбедна, стабилна и демократска Република Македонија, интегрирана во Европската унија" се главните цели во програма за локалните избори на Коалицијата "За Македонија заедно", што синоќа беше претставена на изборната конвенција во Македонскиот народен театар.
Во донацијата на "Зегин" за Шри Ланка сите лекови биле или со веќе изминати рокови или, пак, тие биле на истекување, а единствениот препарат со валиден датум за употреба, во декларираната палета од 128 ставки бил "стрептоксазолот" кој наспроти малопродажната цена од 146 денари бил позициониран по ...
Пиштол "црвена застава" и рамка со муниција и стотина петарди, завчера се откриени во џип со скопски таблички. Возилото, според полицијата, било запрено на рагионалниот пат Велес-Штип. Против "сопственикот", по целосното расчистување на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Поранешниот амбасадор во Полска, Коста Стоименовски, на вчерашната прес-конференција оцени дека МНР го води неспособна група луѓе, кои се врзани со роднински и кумски врски, а немаат поим од дипломатија. МНР, според Стоименовски, не знае да ги искористи професионалните дипломати како него, па затоа ...
Светската научна јавност ја прогласи 2005 година за Светска година на физиката. Алберт Ајнштајн, човекот кој го промени класичното сфаќање за просторот и времето и ни откри една нова Вселена - е одбран да биде заштитно лице на Светската година на физиката.
ТЕТОВО.- Во организација на ПДП, завчера вечерта во угостителскиот објект "Ата", сопственост на лидерот Абдуљади Вејсели, коалицијата ДПА-ПДП свечено ја започна предизборната кампања под мотото "За благосостојба", со организирање "Американска вечер".
Меѓународната кризна група доцни повеќе од месец и половина со објавувањето на документот за Македонија што требае да излезе во јануарскиот билтен на "Крајсисвоч". Не е објавен брифингот што МКГ го најавуваше за почетоков на неделава. Објавувањето, повтотно е поместено за наредната недела.
Новиот дел од Градските гробишта "Бутел" во делот кон патот за Бањани, иако зафаќа прилично голема површина, се уште е партерно неуреден, а собирните улици се неасфалтирани. Ова предизвикува големо незадоволство кај граѓаните, кои по кал доаѓаат до споменикот каде што почиваат нивните блиски.
Куманово - Апелациониот суд го поништи решението на Основниот суд Куманово за продажба на кумановската фабрика за метални конструкции "Искра инженеринг" на грчкиот бизнисмен Димитриос Салепсис, сопственик на фирмата ДС Констракшн ДООЕЛ Куманово.
По 27-годишен престој во Шведска донесов одлука да се вратам во Македонија. Но, мојата одлука, која треба да биде до крај реализирана на почетокот на април годинава, не е тема на моето размислување, туку нешто сосема друго. Имено, откако се дозна за мојата одлука, делумно јас им ја соопштив на ...
Јужноафриканскиот филм “У-Цармен е Кхаеѕелитсха" на режисетот Марк Донфорд Меј, во конкуренција на 21 филм во официјалната програма, ја освои "Златната мечка " на престижниот 55. Филмски фестивал во Берлин кој заврши завчеравечер.
Магацините со лекови на "Зегин" во Сарај се запечатени со царинска пломба и такви ќе останат се до конечното расветлување на аферата за манипулацијата со помошта за настраданите од цунами. Ова вчера ни го изјавија високи извори од Царинската управа, кои енергично демантираа дека имаат каква било ...
Малку кој можеше да претпостави дека осетно подмладениот состав на МЗТ Скопје 2000 од неодамна и без капитенот Војновиќ, кој стана генерален секретар на КФМ, ќе направи вистински подвиг среде Градскиот парк. По петгодишен пост совладан е лутиот спортски ривал Ф.
Единствена опозициона партија која за локалните избори нема потпишано договор за соработка со независниот кандидат Трифун Костовски е Либералната партија. Според објаснувањата од двете страни, меѓу нив нема никаков судир, туку, едноставно, се работи за недоразбирање.
Деновиве, кога на големо се пишува и се коментира претсвадбената журка на Роналдо и неговата свршеница Даниела Чикарели во Париз, во италијанските медиуми се појави и приказната за неговата прва љубов, Сузана Вернер. Оваа бразилска убавица, манекенка, глумица, ТВ-водителка, беше речиси пред ...