Татнежи од артилериски оган утрово околу 8 часот доаѓаа од селото Љуботен на Скопска Црна Гора, на 15 километри од Скопје. Македонските безбедносни сили возвратија на нападите што утрово ги извршиле терористите на полициската станица во селото Љубанци - потврдија извори во министертството за ...
Во последните неколку часа неколку стотици терористи успеале да се префрлат од косовска на македонска страна и да ги напаѓаат позициите на македонските безбедносни сили. Од македонска страна жестоко се одговара. Во одбраната се вклучени хеликоптерите на АРМ и во тек е не само воена, туку и ...
Во четвртокот, во вечерните часови, албанските терористи во три наврати во текот на ноќта жестоко ги нападнале пунктовите на македонските безбедносни сили кај Радуша, при што еден припадник на АРМ бил повреден. Првиот напад бил во 20 чаот и 15 минути кога терористите го нападнале полицискиот пункт ...
КАЈ ЉУБОТЕН, БЛИЗУ СКОПЈЕ, АРМИСКО ВОЗИЛО НАГАЗИ НА ДВЕ МИНИ Во страотните експлозии на самото место загинале шест војници од резервниот состав на АРМ, а уште еден од десеттемина повредени им подлегнал на повредите на патот до Воената болница во Скопје, соопшти вчера...
Коментар - Георги Барбаровски Македонија вчера даде уште најмалку седум жртви. Само што погреба десет млади војници во Прилепско, мораше да копа нови гробови во Скопско. Пред тоа крвавеа Битола, Драчево, Македонска Каменица...
РЕШИТЕЛНА АКЦИЈА во ТЕТОВО Kомандантите на ОНА вчера во паника се јавиле во логистичката база во Косово, за да известат дека имаат повеќе од 300 мртви и огромен број ранети Големи армиски и полициски сили вчера водеа жестока и молскавична акција за ослободување на Тетово и околината, во која ...
Мишел Чосудовски - Анализа Додека државниот секретар Колин Пауел ја потврдува американската решителност "да се бори против тероризмот", американски воени советници се борат рамо до рамо со терористите Помеѓу бунтовниците што беа преместени од Арачиново имаше 17 "инструктори" - поранешни американски ...
ЗАВЧЕРА ДЕСЕТЧАСОВНА БОРБА ЗА ТЕТОВО Во жестокиот вкрстен оган врз АРМ и полицијата во Тетово, се вклучија и жители, етнички Албанци, кои пукаат од становите. Полесно повредени тројца војници на АРМ и двајца полицајци, но и цивили, Македонци ...
ПОДМОЛЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД КАЈ СКОПСКОТО СЕЛО ЉУБАНЦИ По експлозијата на мините терористите со пешадиско оружје стрелале кон преживеаните војници, кои возвратиле и успеале да го одбијат нападот Седум војници на АРМ загинале, а девет биле ранети кога воен камион нагазил на две противтенковски мини ...
Седум војници од резервниот состав на АРМ загинаа, а осум се повредени утрово во осум часот на патот меѓу скопските села Љубанци и Љуботен кај месноста Љуботенски бачила на Скопска Црна Гора. Во експлозијата се повредени припадниците на АРМ Томе Димовски, Штерјо Филиповски, Сашо Трајковски, Зоран ...
Терористите на ОНА вчера за странските агенции изјавија дека не се одговорни за смртта на десеттемина македонски војници. Во изјавата за АП висок командант на терористите, кој инсистирал да биде анонимен, изјавил дека "жали за смртта на војниците" и инсистирал: "Ние не ...
МВР ВО ЧАИР СПРЕЧИЛА ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ОНА Доброупатени извори велат дека се чекало на две големи групи терористи за да се изведе акцијата за освојување на полициската станица, на која планирале да постават албанско знаме Групата терористи од кои петмина беа убиени, а петмина уапсени во акцијата на ...
На заседата каЈ ГрупЧин и претходеле катастрофални грешки Процената била дека конвојот ќе помине понезабележливо ако војниците бидат префрлени со обични автобуси и без посебна придружба На подмолната заседа на албанските терористи на воениот конвој на АРМ му претходела катастрофално лоша процена на ...
ВО ПОДМОЛНА ЗАСЕДА УБИЕНИ ДЕСЕТ ВОЈНИЦИ НА АРМ Поголеми групи терористи влегуваат во Тетово од повеќе страни, го малтретираат македонското цивилно население и ги напаѓаат пунктовите на АРМ Десет македонски војници се убиени, а тројца се ранети во жесток напад со рачни минофрлачи врз конвој на АРМ, ...
Во Тетово, вчера владееше голема напнатост. Во градот се пукаше од сите страни. Македонците се во паника. Продавниците од раните пладневни часови беа затворени, а минувачите на улиците беа ретки. Неофицијални информации говорат дека поголема група терористи биле забележани околу Шарената џамија, ...
Два безмерно храбри пилоти на АРМ со невооружени хеликоптери влетаа среде битка и успеаја да ги евакуираат тројцата ранети војници од конвојот што беше нападнат од осумдесетина терористи кај селото Групчин. Во нападот загинаа десет резервисти на АРМ. Нападот почнал околу 9.30 часот.
Десет војници на АРМ загинаа, а тројца се повредени во нападот на албанските терористи вчера претпладне врз конвој воени возила на патот Тетово - Скопје Десет војници на АРМ загинаа, а тројца се повредени во нападот на албанските терористи вчера претпладне врз конвој воени возила на патот Тетово - ...
Едно лице мртво, а две потешко повредени - е билансот од денешните вооружени дејства на албанските терористи во Тетово. Сулејмани Лимани на 35 годишна возраст подлегна, по 30-тина минути, на прострелните рани во десната надлактица и надколеница и во стомакот.
ЛИКВИДИРАНО ТЕРОРИСТИЧКО ГНЕЗДО ВО СКОПЈЕ Во масовна полициска акција во која учествувале 300 припадници на МВР од специјалниот состав, вчераутро околу 5 часот, во скопската населба Чаир и Гази Баба е разбиено терористичко гнездо.
Пет албански терористи се усмртени изутрината во операцијата на специјалните сили на македонската полиција, при обид да се изврши претрес во куќа во близина на Гази Баба. Петтемината убиени терористи се платеници во редовите на ОНА дојдени од Албанија.