TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Цената на нафтата ја надмина и границата од 90 долари

Дневник - 20.10.2007

Слабиот долар и заканите за турска интервенција во северен Ирак придонесоа цената на барелот нафта првпат во историјата да ја премине границата од 90 долари. Американската лесна нафта завчера достигна рекордна цена од 90,02 долари за барел, но вчера падна на 89,39 долари по отворањето на европските ...

Нафтата скокна над 90 долари

Време - 20.10.2007

ЕКОНОМИЈА Цената на суровата нафта на берзата во Њујорк завчера првпат во историјата се искачи над 90 долари за барел. Цената скокнала до максималните 90,2 долари, а потоа се стабилизирала на 89,60 долари, што исто така претставува рекорд.

Цената на нафтата надмина 90 долари за барел

А1 - 19.10.2007

Цената на нафтата на светските берзи за првпат го надмина психолошкиот праг од 90 долари за барел, пренесоа светските агенции. Лесната сурова нафта која стасува за доставување во теркот на ноември синоќа достигна 90,02 долари на електронското тргување на њујоршката берза, пред да се врати на околу ...

Пад на цената на нафтата на азиските берзи

Канал5 - 18.10.2007

Нафтата поевтини денеска во Азија, откако синоќа на Берзата во Њујорк достигна цена од 89 долари за барел, како последица на најновите тензии на Блискиот Исток. Американската лесна нафта за испорака во ноември утрово се продава за 87,29 долари за барел.

ОПЕК прогнозира стабилна побарувачка за нафта во 2008

Капитал - 18.10.2007

ОПЕК прогнозира стабилна побарувачка за нафта во 2008 Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) начелно ја потврди својата важечка прогноза за потрошувачка на сурова нафта, предвидувајќи во понеделникот во најновиот месечен извештај само благ раст на побарувачката во 2008 година, на 87,1 ...

Цената на нафтата урива рекорди

Вечер Прес - 18.10.2007

Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) вчера изрази загриженост поради скокот на цената на нафтата на околу 88 долари за барел, кој никако неможе да го контролира. ОПЕК минатиот месец се договори од 1 ноември да го зголеми производството на нафта за половина милиони барели дневно со цел ...

Цената на нафтата над 87 долари за барел

Утрински - 17.10.2007

Цената на американската нафта, која континуирано соборува рекорди, вчера прв пат се искачи на над 87 долари за барел. Американската нафта за испорака во ноември вчера на азиските берзи ја достигна цената од 87,62 долара за барел, што е за 1,5 долар повеќе од вчера.