TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Миладиновци ги обединија вмровците

Време - 14.08.2004

ПО СЕДУМДНЕВНО ПЕШАЧЕЊЕ ОД СТРУГА Наследниците на Миладиновци, Љупчо и Ангел Куртелов, вчера во 12 часот и пет минути пристигнаа пред Собранието на Македонија, по седум дена пешачење од Струга. Тие прво се сретнаа со претседателот на Парламентот, Љупчо Јордановски, а потоа и со пратениците од ...

Татко и син од Струга пропешачија до Скопје за спас на општината

Утрински - 14.08.2004

ПАТЕШЕСТВИЕ Стружаните Љупчо и Ангел Куртелови, вчера напладне стигнаа во Скопје каде што, по шестдневното пешачење низ земјава, во парламентот симболично ја пренесоа пораката од стружани за нивното несогласување со новиот Закон за територијална поделба.

Пратениците побрзи од правнуците на Миладиновци

Дневник - 14.08.2004

ПЕШАЦИТЕ ОД СТРУГА СТИГНАА ВО СКОПЈЕ Правнукот на Миладиновци Љупчо Куртелов и неговиот син Ангел, по шест дена пешачење од Струга до Скопје, вчера во 11 часот стигнаа пред зградата на Собранието. Нивното патешествие беше протест против Законот за територијалната организација.

Правнуците на Миладиновци пристигнаа во Скопје

А1 - 13.08.2004

Охриѓаните Љупчо Куртелов и неговиот син Ангел, правнуци на струшките преродбеници Константин и Димитар Миладиновци, по седумдневното патување во знак на протест поради законот за струшката општина, денеска напладне пристигнаа пред зградата на Парламентот во Скопје.

Потомците на Миладиновци тргнаа пеш кон Скопје

Дневник - 09.08.2004

необиЧен ПРОТЕСТ Правнукот на славните струшки браќа Миладиновци, Љупчо Куртелов, заедно со својот 21-годишен син Ангел, вчера во минута до дванаесет тргна пеш за Скопје, во знак на протест против законот за територијална организација.