Претставата во целост ја отсликува актуелната општествена и социјална ситуација во Македонија. Вечерва во 20 часот, на сцената на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, премиерно ќе биде изведена претставата „Службогонци“, работена според текстот на бугарскиот автор Иван Вазов, во режија на Софија Ристевска.
Претставата „Службогонци“ од Иван Вазов, а во режија на Софија Ристевска премиерно ќе се прикаже вечерва во прилепски театар. - Претставата во целост ја отсликува актуелната општествена и социјална ситуација во Македонија во која малиот човек секој ден се бори за опстанок трудејќи се да биде поблиску до власта - вели Ристевска.
Во Националната установа Центарот за култура „Марко Цепенков“, Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп денеска премиерно ќе ја изведе претставата „Службогонци“ од Иван Вазов, како втор проект во новата сезона. Претставата е во режија на Софија Ристевска, сценографијата и костомите се на Мери Јован, изборот на музика е од Илија Тирицовски, сценските движења се на Кире Миладиноски, додека ...
„Службогонци“, новата претстава на прилепскиот театар по текст на Иван Вазов, а во режија на Софија Ристевска, премиерно ќе биде прикажана вечерва. Режисерката Ристевска се одлучила за овој текст зашто, иако пишуван пред еден век, тој и натаму е актуелен. - Претставата е комедија што има трагичен призвук. Трагичното како основна идеја се провлекува низ целата содржина на претставата.
Народниот театар од Прилеп утревечер (20 часот) премиерно ќе ја изведе претставата "Службогонци" од познатиот бугарски писател Иван Вазов. Режисер е Софија Ристевска, сценографијата и костимите се на Мери Јовановска, изборот на музиката на Илија Тирицовски, сценските движења на Кире Миладиноски, а видеодизајнот на Филип Јовановски.
Ансамблот на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ вечерва, во 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Службогонци“, работена според текст на Иван Вазов, во режија на Софија Ристовска. Главните улоги ги толкуваат актерите Трајче Иваноски и Марјан Чакмакоски. Во претставата ќе настапи речиси целиот актерски тим на театарот.
Премиерата на претставата Службогонци" од Иван Вазов е закажана за вечерва во НТ Војдан Чернодрински" во Прилеп. - Вториот проект во новата сезона во целост ја отсликува актуелната општествена и социјална ситуација во Македонија. Желбата на малиот човек да биде поблиску до власта, секојдневната борба за опстанок и преживување како и рангирањето на луѓето по статусот кој го имаат во општеството, ...
Ова е прва претстава што Ристевска ја работи во театарот во Прилеп. „Службогонци“, по текст на Иван Вазов , е трагикомичен коментар на времето во кое се губи човечкото достоинство и во целост ја отсликува актуелната општествена ситуација во Македонија.