TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Парламентот ќе заседава во понеделник

А1 - 13.10.2001

Собранието во понеделник треба да ја продолжи 83-тата седница на чиј дневен ред се предлозите на партиите Нова Демократија и Демократска Алтернатива за распишување на референдум во врска со рамковниот договор и уставните промени.

Џафери со амнестијата му ги мати сметките на Ахмети

Вест - 13.10.2001

ПОМИЛУВАЊЕТО ГИ РАЗБРАНУВА АЛБАНСКИТЕ ПОЛИТИЧКИ РЕДОВИ Застанувањето на ДПА зад изјавата на претседателот Трајковски за амнестија добро пресметан потег на лидерот Арбен Џафери со кој се поткаструваат политичките амбиции на поранешниот лидер на ОНА Али Ахмети.

Ахмети бара закон за амнестија

А1 - 12.10.2001

Поранешниот политички лидер на таканаречената Oслободителна национална армија, Али Ахмети побара изјавата за амнестија, што деновиве ја усвои македонската влада, да се регулира со закон, јави агенцијата „Косовалајв“. Ахмети усвојувањето на изјавата за амнестија го оцени како израз на добра волја.

ПДП против промената на „охридската“ преамбула

А1 - 12.10.2001

Од одлуката на Владата да се прифати амнестијата се оградија министрите на ПДП, а нивниот министер за правда Иџет Мемети побара амнестијата да се регулира со закон. Претставникот на Европската Унија во Македонија, Франсоа Леотар денеска во седиштето на ПДП во Тетово имал средба со раководството на ...

Рокот на усвојување на уставните амандмани ќе биде пробиен

А1 - 10.10.2001

Претседателот Борис Трајковски до понеделник може да заврши и да му достави на Собранието само уште три амандмани, со што бројот на понудените амандмани ќе биде 9, најавуваат од кабинетот на шефот на државата. Во кабинетот енергично тврдат дека зад тоа не стојат никакви скриени мотиви на ...

ПДП не сака да чуе за амнестија преку изјава на Трајковски

А1 - 10.10.2001

На денешната прес конференција лидерот на ПДП, Имер Имери само ги повтори веќе добро познатите ставови на неговата партија околу нецелосното доставување на нацрт амандманите до Собранието. На пресот беше присутно комплетното раководство на Просперитетот.

Георгиевски: Не можам да ја сфатам постапката на ПДП

Вест - 10.10.2001

ПДП беше непринципиелна и не можам да ја сфатам нејзината денешна постапка. Ова е веројатно нов патриотизам на ПДП, но сепак најбитна е меѓународната заедница, која кажа дека амнестија може да се даде и со изјава. Со тоа е овозможено да влеземе во нова фаза и да го продолжиме влегувањето во ...

ПДП и ДПА продолжуваат со бојкотот на Собранието

Вест - 10.10.2001

РАСПРАВАТА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ НА КРСТОПАТ Пратениците од албанскиот политички блок не отстапуваат од барањето амандманите да одат во пакет, а не дел по дел како што предлага претседателот Трајковски. Интензивни консултации на Џафери и Имери со ...

Слобода за ОНА

Вест - 10.10.2001

ВЛАДАТА ЕДНОГЛАСНО ГО ПРИФАТИ ПРЕДЛОГОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ ЗА АМНЕСТИЈА Министрите од ПДП го бојкотираа гласањето и ја напуштија седницата пред да започне расправата за ова прашање, затоа што сметаат дека само изјавата не е доволна гаранција за безбедноста на разоружаните...

Трајковски ќе предложи нова формулација за преамбулата?

Дневник - 10.10.2001

ОДЛОЖЕНА СЕДНИЦАТА ЗА УСТАВНИ ПРОМЕНИ Предлогот, кој ќе ја содржи одредбата "македонски народ", ќе им биде презентиран на лидерите на четирите политички партии Кабинетот на претседателот Борис Трајковски набргу ќе понуди нова формулација за преамбулата на Уставот, во која ќе се содржи одредбата ...

Терористите добија гаранции дека нема да бидат кривично гонети

Дневник - 10.10.2001

владата Ја ПРИФАТи ИЗЈАВАТА НА ТРАЈКОВСКИ ЗА АМНЕСТИЈА Амнестијата нема да се однесува на лицата што учествувале во злосторствата извршени кај Вејце, Карпалак, Љуботен, Матејче и Челопек Владата ја поддржа изјавата на претседателот Борис Трајковски за амнестија на поранешните припадници на ОНА, со ...

И по средбата со Ајник ПДП и ДПА ултимативни

А1 - 09.10.2001

ПДП и ДПА продолжија со блокадата на собраниската процедура оклу имплементацијата на уставните реформи. Тие и денеска не дојдоа на закажаната седница на уставната комисија, заради што спикерот Андов ја одложи и седницата на паралемнтот што вчера ја закажа за денеска попладне.

Владата ја потврди изјавата на Трајковски за амнестија

А1 - 09.10.2001

Македонската влада денеска ја потврди изјавата за амнестија на претседателот Борис Трајковски, со што, според новиот владин портпарол, Ѓорѓи Трендафилов, може да се констатира дека од денеска таа и практично важи. Тоа би значело дека до операционализирањето на политичката волја за амнестирање, ...

Албанскиот политички блок ги бара амандманите топтан

Вест - 09.10.2001

БОЈКОТ ВО СОБРАНИЕТО Пратениците од ПДП и ДПА одбиваат да учествуваат во работата на Уставната комисија и на Собранието воопшто, и да расправаат по дел од амандманите, се додека претседателот Трајковски не го досатви целиот пак Уставната комисија вчера ја одложи седницата на која требаше да се ...

ДПА и ПДП не сакаат амнестија со изјава, туку со закон

Вест - 09.10.2001

ПО НАЈАВИТЕ ДЕКА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ ДЕНЕСКА ЌЕ ГО РЕШИ ПОМИЛУВАЊЕТО НА ПРИПАДНИЦТЕ НА ОНА Пратениците од албанските политички партии сметаат дека изјавата на Трајковски не е никаква гаранција дека помилуваните после нема да бидат гонети од судско-истражните органи па затоа инсистираат...

Не учествуваме во собраниската расправа ако не се достават сите амандмани

Дневник - 09.10.2001

ПДП И ДПА НАЈАВУВААТ Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на собраниската седница, но ќе побаат да не се усвојуваат уставните промени пред да се ослободат киднапираните Македонци Пратеничките групи на ПДП и ДПА вчера го известија претседателот на Собранието, Стојан Андов и предлагачот на ...

Кој ги опструира уставните амандмани?

А1 - 08.10.2001

Пратеничките групи на ДПА и ПДП го известија собранискиот спикер дека нема да учествуваат во расправата на комисијата за уставни прашања по предлозите на шестте амандмани се додека шефот на државата не ги достави сите потребни 15 амандмани.

Трајковски ја достави изјавата за амнестија

А1 - 08.10.2001

Претседателот Борис Трајковски денеска ја доставил изјавата за амнестија до Владата, од која очекува на утрешната седница да ја потврди и поддржи таквата изјава, соопштија за А1 извори во кабинетот на шефот на државата. Дознаваме дека содржината на изјавата е слична со онаа од 13 август, кога ...

Дали Албанците се повлекуваат од рамковниот договор?

А1 - 08.10.2001

Претседателот на македонскиот парламент упати отворено прашање до пратениците Албанци: „Дали нивното одбивање да присуствуваат на утрешната седница по дел од предлог амандманите за промена на Уставот значи дека тие се повлекуваат од рамковниот договор?“ „Ако ДПА и ПДП не дојдат на утрешната ...