TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Израел продолжува да го блокира појасот Газа

Нетпрес - 21.11.2008

Израел продолжува да го блокира појасот Газа, без разлика на меѓународната упатена порака за да се дозволи премин на хуманитарната помош. Како што пренесуваат светските медиуми според израелскиот министер за одбрана, одлуката за продолжување на блокадата на појасот Газа е поради продолжувањето на ракетните напади од страна на Палестина врз Израел.

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт и министерот за одбрана Ехид Барак во тајна посета на Јордан

Канал5 - 20.11.2008

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт и министерот за одбрана Ехуд Барак во вторникот престојувале во тајна посета на Јордан за да се сретнат со кралот Абдула Втори, јавија израелските медиуми. Кралот Абдула пред своите соговорници настојувал Израел да не презема голема воена операција во Појасот Газа, која е под контрола на Хамас.

Светските медиуми протестираат поради забраната за влез во Газа

Алсат-М - 20.11.2008

Водечките медиумски куќи во светот испратија протест до израелските власти поради одлуката да не им се дозволи пристап на новинарите во појасот Газа. Писмо до израелскиот премиер Ехуд Олмерт вчера испратиле главните уредници на „Асошиетед прес“, „Ројтерс“, „Њујорк Тајмс“, „Еј – Би – Си њуз“ „Би – Би – Си њуз“, ...

Светските медиуми протестираат поради забраната за влез во Газа

Макфакс - 20.11.2008

Светските медиуми протестираат поради забраната за влез во Газа. Ерусалим /20/11/ 10:37. Водечките медиумски куќи во светот испратија протест до израелските власти поради одлуката да не им се дозволи пристап на новинарите во појасот Газа. Писмо до израелскиот премиер Ехуд Олмерт вчера испратиле главните уредници на „Асошиетед прес“, „Ројтерс“, „Њујорк Тајмс“, „Еј – Би – Си њуз“ „Би – Би – Си ...

Јорданскиот крал бара од Израел да не ја нападне Газа

Нетпрес - 20.11.2008

Јорданскиот крал бара од Израел да не ја нападне Газа Јорданскиот крал Абдулах Втори тајно се сретнал во Аман со израелскиот премиер Ехмуд Олмерт и министерот за одбрана Ехуд Барак, настојувајќи да спречи голема воена операција во појасот Газа, пренесуваат изутринава израелските медиуми повикувајќи се на “високи дипломатски“ извори во Ерусалим.

Израелските тенкови влегоа во Газа

Вест - 19.11.2008

ГРАДОТ ГАЗА, 19 ноември (АП) - Израелски тенкови вчера навлегоа во Појасот Газа на што палестинските милитанти реагираа со напад од минофрлачи и го интензивираа насилството што го прекина деликатниот преки на огнот. Израел и Хамас ги обновија насилствата во последните две недели по речиси петмесечен релативен мир.

Бан Ки Мун загрижен за ситуацијата во Газа

Алсат-М - 19.11.2008

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун, ги повика израелските власти повторно да ги отворат премините кон Појасот Газа за хуманитарни пратки. Во телефонскиот разговор со израелскиот премиер во заминување, Ехуд Олмерт, Бан порачал оти е загрижен за хуманитарната состојба на жителите од палестинските подрачја.

Израел ја обнови блокадата на Газа

Утрински - 19.11.2008

Израел ја обнови блокадата на Газа. ГАЗА - Израел вчера повторно затвори гранични премини со појасот Газа, наведувајќи ги константните ракетни напади врз нивните градови, и покрај предупредувањата од светските хуманитарни групи за недостаток на храна и гориво, кој е на повисок, во крајбрежната територија.

Њујорк: Повик до израел за прекин на блокадата на појасот Газа

Р.С.Европа - 19.11.2008

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации Нави Пилеј го повика Израел да ја прекине блокадата на појасот Газа. Според комесарот блокадата на палестинската територија ги прекршува хуманитарните закони бидејќи со неа Палестинците се лишуваат од основните средства како храна, лекови, гориво и струја.

Бан бара крај на израелската блокада на Газа

Форум - 19.11.2008

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, апелираше до Израел да ги отворат границите кон појасот на Газа за дотур на хуманитарна стока. Во телефонски разговор со израелскиот премиер Ехуд Олмерт, Бан изразил загриженост за хуманитарната состојба на палестинските територии.

Њујорк: Загриженост на ОН од влошувањето на хуманитарната ситуација во Газа

Р.С.Европа - 19.11.2008

Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун изрази длабока загриженост од влошувањето на хуманитарната ситуација во Газа и побара од Израел да им дозволи на хуманитарците од Обединетите Нации да влезат во Газа. Израел ја затвори Газа на 4-ти овој месец, поради нападите на палестински милитанти со ракети врз израелска ...

Израелски тенкови влегоа на палестинска територија

А1 - 18.11.2008

Израелски тенкови навлегоа денеска на југот на појасот Газа, што предизвика ракетен и минофрлачки оган на палестинските екстремисти. Најновата ескалација на тензиите уште повеќе го загрози прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас, кој го контролира појасот Газа.

Израел повторно ја затвори Газа

Алсат-М - 18.11.2008

Израелските власти денеска повторно воведоа целосна блокада на Појасот Газа, откако вчера за првпат по две недели,дозволија влез на конвој со повеќе од 30 камиони хуманитарна помош. Новата блокада е воведена поради постојаните ракетни напади од Појасот Газа врз израелски цели, кои продолжија и вчера.

Израелски тенкови навлегоа во Појасот Газа

Канал5 - 18.11.2008

Израелски тенкови навлегоа денеска на југот на Појасот Газа, што предизвика ракетен и минофрлачки оган на палестинските екстремисти, јавија израелските медиуми. Најновата ескалација на тензиите уште повеќе го загрози прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас, кој го контролира Појасот Газа.

Во воздушни напади загинаа 4 милитанти

Утрински - 17.11.2008

Во воздушни напади загинаа 4 милитанти. ГАЗА - Во израелски воздушен напад вчера загинаа четворица милитанти во појасот Газа, а премиерот Ехуд Олмерт изјави дека нарачал план за воена акција во територијата под контрола на Хамас доколку продолжат ракетните напади врз Израел.

Состанок Абас – Олмерт

Алсат-М - 17.11.2008

Претседателот на палестинската самоуправа, Махмуд Абас и шефот на израелската преодна влада, Ехуд Олмерт денеска ќе се состанат во Ерусалим, Израел. Според најавите, Абас и Олмерт ќе разговараат за насилството, но и за мировниот процес, што и понатаму се наоѓа на мртва точка. Тоа ќе биде нивна прва средба во последните два месеца.

Ерусалим: Средба Ехуд Олмерт- Махмуд Абас

Р.С.Европа - 17.11.2008

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска во Еуросалим ќе оствари средба со израелскиот премиер во заминување Ехуд Олмерт. Како што изјави палестинскиот преговарач Саеб Ерекат, Абас и Олмерт ќе разговараат за обновените насилства во Газа, по петмесечното ...

Ерусалим: Средба Абас – Олмерт за примирјето во Газа

Р.С.Европа - 17.11.2008

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска во Ерусалим треба да се состане со израелскиот премиер во заминување, Ехуд Олмерт. Најавени се разговори за примирјето во Газа, а Махмуд Абас ќе побара од Израел да ја прекине блокадата на ...

Израел најавува ослободување на 250 палестински затвореници

Нетпрес - 17.11.2008

Израел ќе ослободи 250 палестински затвореници следниот месец, по повод муслиманскиот празник Ид ал-Адха, најавил денес израелскиот премиер во заминување Ехуд Олмерт, во текот на состанокот со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Ерусалим.

Состанок Абас – Олмерт

Макфакс - 17.11.2008

Претседателот на палестинската самоуправа, Махмуд Абас и шефот на израелската преодна влада, Ехуд Олмерт денеска ќе се состанат во Ерусалим, Израел. Според најавите, Абас и Олмерт ќе разговараат за насилството, но и за мировниот процес, што и понатаму се наоѓа на мртва точка. Тоа ќе биде нивна прва средба во последните два месеца.