TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„Водовод“ ќе ги „притиска“ домаќинствата-неплаќачи

Утрински - 22.09.2007

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ идната недела ќе потпише договор со агенции за наплата на заостанатите долгови од граѓаните. Тоа е еден од чекорите што претпријатието ќе го преземе со цел да изврши наплата на долговите на домаќинствата кои со години не ги плаќале сметките за вода.

Да го одржиме системот и за наредните 100 години

Време - 22.09.2007

ЕДЕН ВЕК ВОДОВОД Традицијата треба да не мотивира за да го одржиме водоснабдителниот систем и тој да ни служи и во наредните 100 години, рече градоначалникот Трифун Костовски на завчерашната свечена академија по повод големиот јубилеј на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - еден век ...

„Водовод“ ќе се модернизира

Дневник - 22.09.2007

Изградба на водоводен и канализациски систем во делови од Скопје, каде што е надминат капацитетот и таму каде воопшто нема, како и замена на азбестните цевки во мрежата се приоритетите со кои ќе се занимава јавното претпријатие „Водовод и канализација“ наредниве години.

„Водовод и канализација“ одбележа 100 години постоење

Утрински - 21.09.2007

Потпишан е договор за соработка со претпријатија од регионот на Западен Балкан Од вчерашната средба на директорите Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ потпиша Нацрт-договор за идна соработка со водоводните претпријатија од главните градови на поранешните југословенски републики: Љубљана, ...

Скопјани пијат најквалитетна вода

Вечер Прес - 21.09.2007

Можеби сме немоќни да влијаеме врз природата, но затоа пак и во наредните години и децении, мора да влијаеме врз заштитата на изворот преку строго почитување на законските акти коишто се донесени за заштитните зони, порача генералниот директор на јавното претпријатие Игор Арнаудов Скопјани пијат ...