ПО НАЈНОВАТА ВЛАДИНА ПОНУДА ЗА СТРУЈА ЗА ГОЛЕМИТЕ ПОТРОШУВАЧИ Се надеваме дека Владата ќе размисли и ќе ги промени условите за испорака на струја за големите потрошувачи, бидејќи со сегашната понуда „Силмак“ не може да го рестартира производството, вели Борко Андреев, помошник-генерален директор во ...
ЕДИТОРИЈАЛ МАЈА ТОМИЌ Да нудиш на продажба нешто што немаш, а притоа и да му одредиш продажна цена, повеќе личи на добар виц отколку на сериозна понуда. Дотолку повеќе ако таа понуда доаѓа, ни помалку ни повеќе, туку од најсериозната државна институција - Владата.
Некои големи потрошувачи на електрична енергија ја прифаќаат цената од 75 евра за мегават-час, која им ја понуди Владата . Другите оценија дека повеќе им одговараат договорите со трговците на слободниот пазар, не поради цената, туку поради флексибилноста.
Силмак почна со откази за вработените. Компанијата од денеска ги изготвува решенијата за престанување на работниот однос на 700-ина работници - жртви на либерализацијата на енергетскиот пазар. Отказот ќе биде на одреден рок додека фирмата да најде начин како да се справи со ударот од скапата струја.
Моментално нема никакви вишоци ноќна струја која упорно деновиве им се нуди на големите потрошувачи МАЈА ТОМИЌ Дали беше лага или вистина великодушната понуда на Владата на големите потрошувачи на струја. Таа рече дека е подготвена да им продава електрична енергија по цена од 75 евра за еден ...
Според повеќето индустриски потрошувачи не е спорна цената на електричната енергија, туку тоа што Владата не може да им понуди флексибилност во снабдување со струја Само дел од големите компании ја прифатија понудата на Владата од државата да купуваат струја по цена од 75 евра за мегават-час, која ...
Големите фабрики ќе можат да го издржат ударот од отворањето на пазарот со струја. Исклучок е само „Силмак“. Комбинатот од Јегуновце веќе најавува откази за вработените. За фабриките кои сами излегоа на пазарот, неприфатлива е понудата државата да им продава струја по цена од 75 евра за мегават час.
Компаниите се оптимисти дека ќе се најде компромисно решение со Владата од кое ќе бидат задоволни сите МАЈА ТОМИЌ Владата и големите потрошувачи на струја денеска попладне треба да се состанат и да најдат заедничко решение околу цената на струјата.
НОВ СТРУЕН УДАР ЗА ИНДУСТРИЈАТА Потрошувачот ќе плати казна од околу 60 евра за мегават-час ако потрошувачката на струја е помала и 150 евра за мегават-час ако таа е поголема од најавената Големите потрошувачи, кои од први јануари сами си ја купуваат струјата, ќе му плаќаат на МЕПСО високи пенали ...
РАБОТНИЦИТЕ ОД КОМБИНАТОТ ВО ЈЕГУНОВЦЕ ВО ИСЧЕКУВАЊЕ Безмалку сите 750 работници на „Силмак“ се доведени на работ на егзистенцијата поради тоа што фабриката престана да работи. Работниците, претежно на средовечна возраст, сега ќе станат невработени.
Македонскиот електропреносен систем-оператор (МЕПСО) бара од големите потрошувачи да му плаќаат казнени пенали ако потрошат помалку или повеќе од струјата што ќе ја купат во странство, а тие ќе им ја пренесат. Според Владимир Здравев, директор на МЕПСО, големите индустриски потрошувачи треба да ...
Големите потрошувачи и Владата и во вториот обид без договор околу снабдувањето со струја. По денешната дво часовна средба власта уверуваше дека има заинтересирани компании кои сакаат да купат енергија по цена од 75 евра за мега ват час. Не откри кои се. Неофицијално интерес покажале Силмак и Фени.
Скопје Македонскиот премиер Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставревски денеска ќе се сретнат со претставници на големите потрошувачи на електрична енергија. На средбата потрошувачите треба да се произнесат околу владиниот предлог за новата цена на струјата.
Големите потрошувачи ќе му плаќаат пенали на преносниот оператор МЕПСО ако при увозот на струја не ги преземат најавените или побараат поголеми количини на електрична енергија. На вчерашната средба во МЕПСО, претставници на осумте индустриски капацитети побараа од државната компанија, за струјата ...
Државната компанија за пренос МЕПСО им зададе уште еден удар на големите потрошувачи на струја. Откако Владата ги остави сами да си купат енергија на пазарот, сега МЕПСО им најавува казни и пенали во случај ако повлечат помалку или повеќе струја од договорените количини со трговците.
Се понеизвесно е дали големите потрошувачи ќе ја прифатат владината понуда, се со цел да се ублажи ударот од либерализацијата на пазарот на електричната енергија. Наместо за денеска, средбата во Владата е закажана за утре. Големите потрошувачи стојат на ставот дека Владиниот предлог е нејасен и ...
Скопје Големите потрошувачи на електрична енергија во земјава до денеска имаат рок да се произнесат околу владиниот предлог за новата цена на струјата. Владата им понуди на големите потрошувачи во земјава 1.250 гигават- часа електрична енергија за 2008 година по цена од 75 евра за мегават- час.
Менаџерите на големите индустриски потрошувачи денеска треба да и одговорат на Владата дали ја прифаќаат понудата да купуваат струја по цена од 75 евра за мегават-час, што е за речиси 20 проценти пониска од увозната. Вицепремиерот Зоран Ставрески им понуди поевтина струја на осумте квалификувани ...
Понудата на владата до компаниите големи потрошувачи на струја, за ублажување на ударот од либерализацијата на пазарот на електрична енергија, е нејасна и непрецизна, велат менаџерите на осумте фирмите. Откако власта прво им рече сами да си ја набават целата потребна струја, сега им нуди дел од ...
Скопје Дел од големите потрошувачи ќе можат да се снабдуваат со електрична енергија по цена од 29,6 евра за мегават час во ноќните часови. Ова е последната понуда на македонската влада до големите потрошувачи што денеска во Скопје им ја пренесе вицепремиерот Зоран Ставрески.