Епилогот од масовната тепачка во Струмица заврши сo кривична пријава и 30 дена притвор за 21 годишниот Г.П. Тој зад себе има дебело досие и е добри познат на полицијата и на струмичани. Тепачката се случи ноќта меѓу четвртокот и петокот што се случи меѓу улиците „5 ноември“ и „Крушевска Република“.
КРВАВА УЛИЧНА ТЕПАЧКА ВО СТРУМИЦА К. П.(24) и 20 годишниот Т. Б. од Струмица, завчера на полноќ биле повредени со нож во тепачка на улицата 5. Ноември во Струмица. Тепачката се случила откако поголема група млади се собрале да ја гледаат договорената тепачка меѓу 20 годишнот Т. Б. и 29 годишниот В.
Т.Б (20) од Струмица со два убода во левата страна од градниот кош и десната надлактица е најтешко повредениот во масовната тепачка. Според изјавите на хирурзите од струмичката болница од здобиените повреди кај Т.Б дошло до издишување на белите дробови, поради што итно бил пренесен на клиничкиот ...