ПРЕСУДА Осумдесетгодишниот Веселин Стојановски од штипското село Радање вчера беше осуден на десет години затвор откако Кривичниот суд на Основниот суд во Штип го прогласи за виновен за убиството на неговата снаа од брат, во септември годинава.
Во Основниот суд во Штип на 80- годишниот Веселин Стојановски од селото Радање му беше изречена казна затвор од 10 години за убиство на снаата од брат, Ратка Филипова (61). Убиството се случи на 19 септември годинава, кога Веселин во својата бавча со три удари со мотика по глава ја усмртил Филипова.