СФОР ОБЈАСНУВА СФОР вчера соопшти дека ги спречувал босанските полицајци да му пријдат на авионот на македонскиот претседател Борис Трајковски, што се урна во планините во близина на Мостар, "поради нивна безбедност, бидејќи теренот бил миниран".
Лични спомени и високи оцени за претседателот Борис Трајковски Сите странски државници што присуствуваа на погребот изјавија дека вчерашниот ден бил многу тажен за Македонија. Тие најавија дека ќе ја поддржат нашата земја на нејзиниот евро-атлантски пат Странските државници, кои вчера присуствуваа ...
по авионската несреЌа каЈ мостар Содржината на црната кутија ќе ги разоткрие и последните сомненија зошто се урна авионот во кој загинаа претседателот Борис Трајковски, шестчлената делегација и двајцата членови на екипажот, велат извори блиски до истрагата.
ДЕСЕТ ДЕНА ОД НЕСРЕЌАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Емил Зафировски Поради недостиг од официјални информации за причините за авионската несреќа на претседателот Борис Трајковски и на осумте негови соработници, во јавноста се појавија многу шпекулации и претпоставки што му даваат мистерија на случајот и ...
ЦРНАТА КУТИЈА ВО ГЕРМАНИЈА Што се случувало во владиниот "кингер" за време на мистериозните седум минути тишина на лентата снимена во контролата на летање на мостарскиот аеродром се очекува да се разјасни откако ќе биде преслушан уредот за снимање звуци во црната кутија во германскиот институт ...
обвинителството на Бих го ДЕМАНТИРА СФОР Со француските контролори никој од нашиот тим не разговарал, вели обвинителот на БиХ Неколку жители на Ротимља, селото во чија близина падна владиниот "кингер", прексиноќа за босанската државна телевизија изјавија дека екипа на СФОР веднаш стасала на местото ...
БиХ БАЊА ЛУКА - Мировниците на НАТО вчера соопштија дека го уапсиле поранешниот министер за одбрана на босанските Срби, во времето на Радован Караџиќ, поради неговата поддршка на Србите кои се осомничени за воени злосторства.
Секој патнички авион поседува две т.н. црни кутии ФДР (флајт дејта рикордер) и ЦВР (кокпит воис рикордер), кој всушност се со светлопортокалова боја. Тие се нарекуваат црни поради трагичните податоци што ги бележат. Црната кутија е необичен и сигурен инструмент што ги регистрира сите реакции на ...
Првични информации за фактите за несреќата на авионот на претседателот кај Мостар ЗДЕНКА ПАВКОВИЌ На аеродромот во Мостар нема радар. Слетувањето се врши со помош на ВОР, односно по процедура на слетување која е исцртана во карта.
Истрага Сараево - Државниот обвинител на Босна и Херцеговина, Васо Маринковиќ, шеф на тимот што ги истражува причините за уривањето на авионот на македонскиот претседател, ги негираше тврдењата на СФОР дека француските контролори на летање биле веќе сослушани од страна на истражниот тим на БиХ.
БОСАНСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ ГИ СОСЛУШАЛО ФРАНЦУСКИТЕ КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ ВО МОСТАР Министерот за безбедност на БиХ, Бариша Чолак, ги демантираше информациите дека СФОР прв ги пронашол црните кутии и оти по неколку часа му ги предал на Обвинителството на БиХ.
Став - Ферид Мухиќ Можам на господинот од СФОР да му порачам дека и покрај тоа што не сум особено брз ни опак, има во мене нешто од што е умно да се плаши. Ах, да ми е да го сретнам некаде, сам в шума, па да му порачам што тој да прави, кого да погребува, кого да избира, каде да гледа и каде да не ...
Париз се повеќе е незадоволен од полемиката за несреќата кај Мостар Од нашиот дописник Тони Гламчевски Париз - Полемиката е непотребна, ако е утврдена грешка на француските контролори на летањето тие ќе одговараат за тоа - се вели во француската престолнина.
Државниот обвинител на Босна и Херцеговина Васо Маринковиќ, шеф на тимот што ги истражува причините за уривањето на авионот на македонскиот претседател, ги негираше тврдењата на СФОР дека француските контролори на летање биле веќе сослушани од страна на истражниот тим на БиХ.
Изворот на контроверзните информации, лиферувани на 26 февруари, денот кога се урна авионот во кој беа претседателот Борис Трајковски и членовите на македонската делегација останува тајна. Претседателот на колективното босанско претседателство Драган Човиќ, неколку часа по несреќата од говорницата ...
Јасмина Миронски Има нешто гнило во безбедносниот систем на Република Македонија. Многу денови, многу празни одговори, многу од во место по авионската несреќа во која претседателот Трајковски и членовите на делегацијата и на екипажот трагично загинаа на само две минути од пистата за слетување во ...
26 февруари (четврток) 6.48 - Владиниот авион „кингер“ летна од скопскиот аеродром кон Мостар по маршрута на обласните контроли на летање Скопје-Албанија-Србија и Црна Гора-Босна. Во авионот се наоѓаа претседателот Борис Трајковски, Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска, ...
ФРАНЦУСКА АМБАСАДА СФОР, кој е задолжен за контролата на воздушниот простор над Босна, на барање на босанските власти, на истражните органи им ги предаде сите материјали поврзани со несреќата, соопшти вчера француската амбасада во Скопје.
Претставниците на Франција одговараат на некои обвинувања дека вината за несреќата е во контролорите на летањето Од нашиот дописник Тони Гламчевски Париз - Полемиката што се развива околу француските војници- контролори на летањето во составот на СФОР, според помошникот-портпарол на француското ...
СПОРЕД ИЗВОРИ ОД ВЛАДИНАТА АВИОСЛУЖБА Емил Зафировски Македонските пилоти уште во Скопје знаеле дека на мостарскиот аеродром нема радар за контрола на летот, тврдат за „Време“ извори во владината авиослужба. Според нив, пилотите на владиниот „кингер“, во кој настрадаа претседателот Борис Трајковски ...
РЕАКЦИИ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА ИСТРАГАТА НА ТРАГИЧНАТА НЕСРЕЌА Граѓаните од цела Македонија различно реагираат на информациите што им ги пласираат македонските медиуми во врска со истрагата за смртта на претседателот Трајковски. На веб-страницата на „Време“ постојано пристигнуваат коментари и мислења на ...
ИСТРАЖНИТЕ ОРГАНИ ОДЛУЧИЈА Во комисијата има и претставник од УЦВП и на силите на СФОР во БиХ. Според експертите, прегледувањето на црната кутија ќе трае најмалку три месеци. Конечните заклучоци не може да се очекуваат порано од половина година. Црната кутија се состои од две блиндирани кутии.
ПРОЦЕДУРА НА СЛЕТУВАЊЕ НА МОСТАРСКИОТ АЕРОДРОМ Искуството на пилотите, како и совршената опрема во пилотската кабина го сведуваат на минимум факторот грешка Слетувањето на мостарскиот аеродром се одвива по строго утврдена процедура, од која нема отстапувања, како и на сите други аеродроми што се ...
Црната кутија и снимените разговори во кабината на македонскиот „Кингер“ ќе се прегледуваат во авио базата Вестинг во близина на Минхен, Германија. Вака денеска одлучи босанското обвинителство. „Утре со црните кутии се заминува за Германија, заедно со комисијата што ја формираше министерот за ...
ПОРАКА ОД БРИСЕЛ Генералниот секретар на НАТО ќе одговори на писмото што во понеделникот му го испрати македонскиот премиер Бранко Црвенковски во врска со истрагата за несреќата што се случи во Босна и Херцеговина, вели портпаролот на НАТО Џејмс Апатураи.
Во Сараево се изнесуваат некои интересни детали за аеродромот во Мостар ОД НАШИОТ ИЗВЕСТУВАЧ БУДО ВУКОБРАТ САРАЕВО - Сў уште уште не е соопштено каде ќе бидат испратени црните кутии од претседателскиот авион на експертиза. Од обвинителството може да се дознае дека нивните дестинации нема да бидат ...
БиХ - ФОРМИРАНА КОМИСИЈА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПАДОТ НА АВИОНОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ Изјави Аднан Терзиќ, претседавач на Советот на министрите на БиХ, но вели дека "постои друга одговорност на СФОР. Факт е дека авионот паднал... Факт е и дека не е пронајден истиот ден.
МАКЕДОНИЈА И БИХ ОДЛУЧИЈА Емил Зафировски Црната кутија што го крие одговорот за авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Трајковски и осум негови сопатници ќе се преслушува или во Англија или во Германија, одлучиле вчера јавните обвинителства на БиХ и на Македонија.
ПО ТРАГЕДИЈАТА КАЈ МОСТАР Клучното прашање е дали екипажот знаел дека лета премногу ниско и каква била неговата комуникација со контролата на летање Екипажот на македонскиот авион во кој загина претседателот Борис Трајковски добил дозвола "да се спушти пониско", кога преку планинските врвови се ...
По информацијата на ФТВ дека францускиот баталјон е одговорен за падот на авионот на Трајковски Француските контролори на летање не се повлечени од БиХ Сараево - СФОР ја отфрли одговорноста за авионската несреќа кај Мостар и ги демантираше тврдењата дека двајцата војници од францускиот контингент, ...
Инцидент над мостарскиот аеродром на авионот со кој патуваше премиерот Црвенковски Томислав Кежаровски Авионот "фалкон-50", сопственост на српско-црногорската влада, со кој македонскиот премиер Бранко Црвенковски, придружуван од министерот Хари Костов и други членови на делегацијата, во саботата ...
Коментар - Бранко героски Мистеријата за авионесреќата во која трагично загина македонскиот претседател Борис Трајковски се повеќе се продлабочува. Иако натовци од Босна и Херцеговина вчера енергично ја отфрлија одговорноста на своите контролори на летање, многу прашања поврзани со контроверзниот ...
Црната кутија и денеска остана во Босна. Комисијата што требаше да утврди каде ќе се испрати црната кутија од Кингерот, утврди само каде нема да се испрати, во Франција и во Америка. Засега нема објаснување за неефикасноста во работата на македонскиот и босанскиот експертски тим кои губат драгоцено ...
Франција денеска ги отфрли шпекулациите дека нивните контролори на летот се можеби виновни за авионската несреќа кај Мостар, бидејќи се уште не се објавени резултатите од истрагата. Прес конференција и на човекот кој живее денес а не во минатото, портпаролот на СФОР Дејвид Саливен, кој демантира ...
ЗА ДА НЕ ОСТАНЕ НЕСРЕЌАТА НЕРАЗЈАСНЕТА Имајќи предвид дека контролата на воздушниот коридор на аеродоромот во Мостар е под надлежност на францускиот контингнет на СФОР, Ве молиме НАТО Алијансата и Вие лично да се заложите за тоа сите релевантни пода Премиерот Бранко Црвенковски вчера упати писмо до ...
ПИСМО НА ЦРВЕНКОВСКИ ДО НАТО Македонија нема да прифати трагичната загуба на нејзиниот претседател да остане под неразјаснети околности, му порача премиерот Бранко Црвенковски на генералниот секретар на НАТО. Во писмото тој го замоли Јаап де Хоп Шефер и лично да се заложи за сите релевантни ...
Босанско-херцековските институции се многу незадоволни од начинот на кој СФОР ја почна истрагата Од нашиот известувач БУДО ВУКОБРАТ Сараево - Тема број еден во Босна и Херцеговина е прашањето што се случило, всушност, тој кобен четврток во раните утрински часови и многубројните шпекулации посебно ...
По објавувањето на некои вести дека француските контролори на летање биле повлечени од БиХ ОД НАШИОТ ДОПИСНИК ТОНИ ГЛАМЧЕВСКИ ПАРИЗ - Париз не сакаше да ги коментира шпекулациите за наводното повлекување во Франција на француските контролори на летот од аеродромот во Мостар.
СПОРЕД МАКЕДОНСКИ ЕКСПЕРТИ Дури и пилотите да се обиделе самоиницијативно да се пробијат низ облаците, контролата на летот морала да реагира Контролата на летање на аеродромот во Мостар имала цели седум минути да го пријави прекинот на врските со авионот на претседателот Трајковски во обласната ...
ИСТРАГАТА СЕ УШТЕ БЕЗ РЕЗУЛТАТИ Емил Зафировски Премиерот Бранко Црвенковски вчера со писмо го замоли НАТО да помогне за што побрзо и професионално да заврши истрагата за авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Трајковски и неговата осумчлена делегација.
Францускиот баталјон на СФОР ја сноси целосната одговорност за уривањето на авионот на македонскиот претседател Борис Трајковски во близина на Мостар, јави синоќа Телевизијата на Федерацијата БиХ (ФТВ), повикувајќи се на веродостојни полициски извори.
ПИСМО Скопје - "Македонија на трагичен начин го загуби својот претседател и би сакал да Ви изразам голема благодарност за сочувството што ми го изразивте мене лично и на граѓаните на РМ", истакнува премиерот Бранко Црвенковски во писмото што го упати до генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп ...
Георги Барбаровски Македонската влада треба да вложи енергичен протест до НАТО и до Франција и да покаже барем дел од достоинството што во овие денови на болка го искажуваат граѓаните по повод трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски и на неговата осумчлена придружба.
НА МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА Сафет Бишевац, специјално за „Време“ од Мостар Тука првин удрил авионот, покажува некој во како со нож пресеченото дрво од ниската и ретка шума. Речиси автоматски главите се вртат кон искршените гранки оддалечени само пет чекори.
Ден по враќањето од Сараево и Мостар каде премиерот отиде лично да се увери во текот и ефикасноста на истрагата за авионската несреќа во која загина претседателот Трајковски, Црвенковски со писмо од новиот генерален секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер побара тој лично да се заложи несреќата да не ...
Црната кутија и денеска останува во сефот на обвинителството во Босна. Националниот празник во Босна, што е официјална причина за да се одложи испраќањето на црната кутија, според упатените е само обид да се добие во време и да се изврши притисок врз владата црната кутија да патува за Париз, а не ...
Веста за уривањето на претседателскиот авион не дојде од СФОР ниту од босанските одговорни лица, туку беше објавена од радарскиот центар во Сплит, објави емисијата „60 минути“ на Федералната телевизија повикувајќи се на добро известени извори.
Бројни шпекулации ја следат истрагата за урнувањето на авионот со македонската делегација Како што одминува времето од уривањето на македонскиот авион во близина на Мостар, така од ден на ден растат шпекулациите, како во домашната така и во странската јавност, околу причините за трагичниот настан, ...
Дел од јавноста од однесувањето на СФОР извлече заклучок дека се работи за чувство на вина поради некои грешки на контролата во процедурата за наведување на претседателовиот авион ОД НАШИОТ ИЗВЕСТУВАЧ БУДО ВУКОБРАТ САРАЕВО-Премиерот Бранко Црвенковски во придружба на министрите за правда и за ...
македонскиот премиер во мостар Не знам каде ќе одат црните кутии на преслушување, но знам каде нема да отидат, изјави премиерот Бранко Црвенковски пред новинарите во Мостар. Тој не објави каде ќе се преслушуваат црните кутии, но неофицијално се дознава дека преслушувањето ќе се врши во Нирнберг ...
ИСТРАГАТА ОБРЕМЕНЕТА СО ШПЕКУЛАЦИИ Многу си ниско, мораш да се подигнеш! Ова се последните зборови на францускиот контролор на летање, забележани на снимката од разговорот меѓу авионот во кој загина претседателот Борис Трајковски и контролата на летање на аеродромот во Мостар, што е во надлежност ...
ПРЕМИЕРОТ ЦРВЕНКОВСКИ ГО ПОСЕТИ МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА Индентификацијата се уште трае, а датумот на погребот дополнително ќе биде утврден "Инсистиравме на што побрзо расветлување на вистината затоа што се работи за голема трагедија за нашата земја.
ПО КОБНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА Емил Зафировски Целосен хаос владее во истрагата околу авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Трајковски и осумтемина негови сопатници, потврдуваат за „Време“ извори од БиХ. Тие ни јавија дека СФОР не сака да се соочи со ситуацијата, поради што и ...
Прелиминарниот извештај за причините на авионската несреќа ќе биде готов за еден месец ЗДЕНКА ПАВКОВИЌ Причина за авионската несреќа, во која животот го загуби претседателот Борис Трајковски, членовите на делегацијата и пилотите, веќе се знае дека е удар во ритчето во близина на селото Ротимле, до ...
Идентификувани се четири тела од загинатите, за останатите се чекаат резултатите од ДНК Гордана Дувњак "Инсистиравме на што побрзо расветлување на вистината затоа што станува збор за голема трагедија за нашата земја.Загубени се девет животи, меѓу кои и животот на претседателот на државата", изјави ...
СВЕДОШТВО Контролорите на летот од составот на СФОР се одговорни за уривањето на авионот со македонскиот претседател, а стабилизациските сили сега лажат и се обидуваат да ја префрлат одговорноста врз други, изјави хрватски воздухопловен експерт во саботата, во интервју на централните вести на ...
ВОЈНА ЗА КРУНСКИОТ СВЕДОК Американците се борат црната кутија, која е крунски сведок за авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Трајковски и неговата осумчлена делегација, да биде отворена и преслушана во САД, дознаваме од член на македонското специјално тело кое е вклучено во ...