ИЗЈАВА Локалните избори на 13 март 2005 година се одвиваа во генерално мирна атмосфера во земјата во целост и во многу области од земјата гласањето се одвиваше по редовен пат. Сепак, ОДИХР известува дека некаков вид нерегуларности негативно влијаеле на десет проценти од гласачките места и на преку ...
ЕВРОПСКИТЕ АМБАСАДОРИ ПОРАЧАА Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Македонија ги повикаа власта, ДИК и политичките партии да ги преземат сите мерки да не се повторат нерегуларностите од првиот изборен круг. „Очекуваме и ги повикуваме ДИК и Владата да обрнат внимание на нерегуларностите на кои ...
ОД ГЛАСАЧКИ МЕСТА ВО СЕЛОТО СИНГЕЛИЌ, СКОПСКО Билјана Клисарова Овластениот претставник на ВМРО-народна партија, М. П., тврди дека со закани со оружје на денот на изборите околу 17 часот бил принуден да го напушти гласачкото место во месната канцеларија на селото Сингелиќ, а потоа и од гласачките ...
ВО КУМАНОВО Коалицијата „За подобра Македонија“ на денот на гласањето околу 17 часот од лица од албанска националност добиле понуда за купување на околу 500 гласачки ливчиња, кои ги имале во својот автомобил, тврдат претставници на Унијата на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.
ОЦЕНКА НА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ Власта намерно не ги решава повредите на процесот на гласање карактеристични за албанската заедница, и со изборите ги маскира партиските договори, смета Хелсиншкиот комитет за човекови права. Според Комитетот, неправилностите оставаат можност за манипулација и со ...
ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА, ПРОФЕСОРКА ПО ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ Мери Јордановска - Професорке Силјановска, сметате ли дека требаше толку долго да се чека скопските комисии, особено градската, да ги објават резултатите од локалните избори? - Кога станува збор за пропорционален изборен систем, според кој се ...
САД ЗА ИЗБОРИТЕ Американскиот Стејт департмент со согласува со мислењето на ОБСЕ дека во првиот круг од локалните избори во Македонија имало сериозни нарушувања при гласањето во одредени делови од земјата, кои ги изнесе и меѓународната набљудувачка мисија, изјавил портпаролот Ричард Баучер.
БАТЛЕР ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Првиот круг од локалните избори во најголем дел беше спроведен според меѓународните стандарди, а нерегуларностите забележани во некои општини не треба да се повторат во вториот круг - оцени вчера американскиот амбасадор Батлер.
Прелиминарна оцена на Хелсиншкиот комитет за локалните избори Најголем број од граѓаните имаа можност на првиот круг од локалните избори во неделата да го остварат своето избирачко право и во слободни и фер избори да гласаат за градоначалници и за советници во локалната самоуправа, оценува ...
стејт-департмент ВаШингтон - Американскиот Стејт департмент објави дека се согласува со оцената на набљудувачите на ОБСЕ дека првиот круг од локалните избори во Македонија поминал во најголем дел според меѓународните стандарди.
Стејт Департментот синоќа објави дека се сложува со оценката на набљудувачите на ОБСЕ дека имало „значителни нерегуларности“ на локалните избори во Македонија. „Ги повикуваме сите официјални лица во Македонија да интервенираат и да го осудат секое кршење на законот за време на гласањето, а пред ...
Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на Советот на Европа излегоа со прелиминарен извештај Сериозни неправилности се регистрирани во Липково, Теарце, Сарај, Шуто Оризари, Студеничани, Долнени, Арачиново и во Осломеј. Во одредени општини меѓународните набљудувачи забележале полнење на гласачките кутии, ...
На локалните избори полицијата интервенирала во 20 случаи На локалните избори Министерството за внатрешни работи интервенирало во 20 случаи, во кои имало нарушување на јавниот ред и мир.Во Шуто Оризари била извршена проверка во автомобил БМВ, во кој биле браќата Д. и Н. Демировски.
ОБСЕ И СОВЕТОТ НА ЕВРОПА СО ОСТРИ КРИТИКИ Боби Христов <> Локалните избори беа во согласност со поголемиот број стандарди на ОБСЕ и на Советот на Европа, но не ги исполнија клучните за тајноста на гласањето и гарантираното еднакво право на глас, оценија меѓународните набљудувачи на Канцеларијата за ...
МВР ЗА ИЗБОРНИТЕ ИНЦИДЕНТИ Полицаец уфрлал претходно заокружени гласачки ливчиња во селото Врбјани, Гостиварско, а друг бил забележан како агитира за една политичка партија во Кочани, на првиот круг од локалните избори, информира вчера МВР.
Првиот круг од локалните избори во Македонија, според странските набљудувачи, поминале согласно европските изборни стандарди и во мирна атмосфера, но забележани се сериозни нерегуларности во Липково, Теарце, Сарај, Шуто Оризари, Студеничани, Долнени, Арачиново и Осломеј.
И вчерашнот гласање беше проследено со нарушувања на изборниот процес Скршени кутии, тепачки, прекини, агитирање, кражба на ливчиња, упатство за гласање само на албански јазик, гласање на еден за повеќе... Вчерашните локални избори, главно, поминаа без поголеми инциденти, кои би можеле да фрлат ...
ПОЛИЦИЈАТА СО МАЛКУ РАБОТА ЗА ИЗБОРИТЕ За време на гласањето вчера полицијата интервенирала неколку пати, но велат дека гласањето поминало релативно мирно. Покрупни инциденти се забележани во скопската населба Бутел каде на пладне се степале две групи избирачи надвор од гласачкото место.
ВО ТЕТОВСКО И ГОСТИВАРСКО На најголемиот дел од гласачките места во тетовско-гостиварскиот регион вчера немаше истакнати државни знамиња. Официјалното знаме на Република Македонија можеше да се види само на гласачките кутии. Избирачките одбори самоволно решиле и на овие избори да не се истакне ...
ГРАЃАНИТЕ ВЧЕРА ИЗБИРАА ЛОКАЛНА ВЛАСТ Главно во мирна атмосфера и без инциденти кои би ја довеле во прашање регуларноста на целиот изборен процес, граѓаните на Македонија вчера на четвртите локални избори гласаа за градоначалници и за советници во 84 општини и во градот Скопје.
ШТАБОВИТЕ ВОЗДРЖАНИ СО ОЦЕНИТЕ Во штабот на Трифун Костовски, независниот кандидат за градоначалник на Скопје, вчера до затворањето на весникот беа воздржани во оцените за текот на вчерашното гласање. Во штабовите на опозициските партии констатираа дека претпладневниот одѕив е задоволителен и ...
ИНЦИДЕНТИ И ДРУГИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ Полицијата интервенирала во 15 случаи во кои биле регистрирани инциденти за време на гласањето, но немало ниту еден вооружен инцидент, соопшти вчера МВР На гласачките места вчера до 16 часот беа регистрирани тепачки, кршење кутии, агитирање, гласање за повеќе лица и ...
Граѓанската асоцијација МОСТ регистрираше инциденти на неколку гласачки места, кршење на избирачки кутии, прекини на гласање, агитирање и растурање пропаганден материјал, како и користење на упатства за гласање само на албански јазик.