TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ОВЕН

Дневник - 26.07.2002

Овен - анализирајте се Време е да согледате каде сте и што сте направиле досега. Можеби очекувате некои резултати или услуга од ваши пријатели. Личните контакти и пријателствата ќе имаат ефект врз резултатите од вашите деловни преговори. Ќе наидете на недоразбирања, забуна или на неискреност.

Овен-планирајте со партнерот

Дневник - 25.07.2002

Ќе бидете насочени кон решавањето на проблемите, па поради тоа можете да го занемарите приватниот живот. Ако сте во сериозна врска вклучете го партнерот во вашите планови, за да не се почувствува запоставен. Некои од вас ќе се разочараат од однесувањето на некои пријатели, роднини или можеби соседи.

Овен-уживајте во добро друштво

Дневник - 24.07.2002

Ако веќе се ви е дојдено преку глава, обидете се да се завртите кон послатката страна на животот. Никој не може да ви ги одземе вашите задоволства, уживајте во добро друштво или во друштво на вашата сакана личност. Зачувајте ги романтичните односи од надворешните стресови.

Овен-до правда по секоја цена

Дневник - 23.07.2002

Односите со најблиските ви се лоши. Не очекувајте од другите да ги разберат вашите проблеми. Ќе бидете раздразливи и ќе сакате да дојдете до правдата и тоа по секоја цена. Обидете се да го направите тоа на убав начин. Постои можност од некои правни или законски неприлики.