TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

На 1 ноември почнува битката за врвот на СДСМ

А1 - 21.10.2006

1 ноември. Тоа е „денот Д“ за СДСМ. Тогаш почнува вистинската битка за освојување на врвот. Од први до петти, ќе се распоредуваат силите, ќе се притиска, ќе се лобира. По овие денови ќе стане јасно кој ќе оди пред делегатите на конгресот.

Бучковски и напиша писмо на Јанкуловска

Време - 21.10.2006

СДСМ ЗА ПОЛИЦИСКИТЕ РЕФОРМИ Владо Бучковски, претседателот на СДСМ, вчера во парламентот и достави писмо на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, во кое побарал законот за полиција да не се става на гласање веднаш откако ќе заврши расправата за него.

Ханџиски, Петров и Јордановски против Шеќеринска

Време - 21.10.2006

ВО СДСМ БИТКА НА ТРИ ФРОНТА Градоначалниците на Карпош и на Струмица Андреј Петров и Зоран Заев, досегашниот амбасадор во САД Љупчо Јордановски и актуелниот амбасадор во Атина Благоја Ханџиски се предлозите за највисоките функции во СДСМ во месните организации во пресрет на изборниот конгрес на 5 ...

СДСМ пред финален распад

Вечер Прес - 21.10.2006

Во настапот во "Светла точка" на ТВ Сител, Бучковски изнесе аргументи и состојби во СДСМ за последниве 15 години. Толкава критика и напад врз социјалдемократите, ВМРО-ДПМНЕ нема јавно пласирано ни за година дена. По сето изнесено, едно е јасно - Бучковски и неговите приврзаници не можат да останат ...

Црвенковски не се буди кога му „ѕвони“ Бучковски

Време - 20.10.2006

КУЛМИНИРАА НЕСОГЛАСУВАЊАТА МЕЃУ ПОРАНЕШНИТЕ ПАРТИСКИ ДРУГАРИ Александра М. Митевска Претседателот Бранко Црвенковски реши да го премолчи повикот од поранешниот премиер Владо Бучковски да се разбуди и да почне повеќе да се грижи за интересите на Македонија отколку за случувањата во СДСМ.

Црвенковски и Бучковски се раскусуруваат по осумгодишно партнерство

Утрински - 20.10.2006

Раздружување Останува енигма кога и како Црвенковски и Бучковски станаа „крвни непријатели“ СОЊА КРАМАРСКА „Јас му се придружив на Црвенковски кога никој друг не сакаше“,беше главната реплика на лидерот на СДСМ, Владо Бучковски, со која тој ја правеше својата кариера во партијата и на политичката ...

Предвремени избори? - зошто политичарите ја форсираат оваа тема само два месеци по изборот на новата

Канал5 - 19.10.2006

Далеку пред истекот на првите сто дена на владата во кои на премиерот му се остава чист простор да ги исцрта контурите на своето владеење, Груевски ја доби првата критичка проценка на стилот со кој владее- обезвластениот опозиционер Бучковски не ја пропушти приликата на вчерашната трибина за ...

Општинските организации на СДСМ предлагаат кандидати за лидер

Канал5 - 19.10.2006

Радмила Шеќеринска, Илинка Митрева, Јани Макрадули, Љупчо Јордановски, Горан Минчев, Андреј Петров за наследници на Бучковски. Тоа се предлозите што излегоа на првиот ден од изјаснувањето на месните организации на Социјал Демократите.

Бучко е историја!

Вечер Прес - 19.10.2006

Обидот да даде свој генерален секретар е "последната невозможна мисија на Бучко". Околу 80 отсто од општинските претседателства и официјално ќе ја предложат Радмила Шекеринска за нов лидер на СДСМ најдоцна до сабота, тврдат за "Вечер" извори во партијата.

Власта прави терен за предвремени избори

Време - 18.10.2006

СПОРЕД ВЛАДО БУЧКОВСКИ Власта како да се подготвува за предвремени парламентарни избори. Соочена со политичка и институционална криза, таа влече популарни потези што обично се прават во предизборие - оценува Владо Бучковски, досегашниот лидер на СДСМ во интервјуто за следниот број на „Неделно ...

Митрева или Јордановски контра Шеќеринска

Време - 18.10.2006

КОМБИНАТОРИКИ ПРЕД КОНГРЕСОТ НА СДСМ Радмила Шеќеринска засега нема официјален противкандидат за лидерската функција во СДСМ, иако една недела по конвенцијата на која му беше изгласана недоверба на Владо Бучковски во кулоарите се вртат имињата на нејзините можни ривали.

Лидерска криза

Утрински - 18.10.2006

Анализа ВАСИЛ МИЦКОВСКИ Владо Бучковски прегоре пребрзо во политиката. По нецели две години на чело на Владата и на СДСМ, тој по губењето на власта, ќе ја загуби и челната позиција на најголемата опозициска партија. Зошто Бучковски доживеа таква судбина? Дали заслужи таков крах? Дали брзото ...

Бучковски ќе бара нов статут за нов лидер

Дневник - 18.10.2006

Нема да го оспоруваме легитимитетот на новиот лидер на СДСМ што ќе се избере на 5 ноември само ако на редовниот конгрес го смениме партискиот статут и претседателот се избира на непосредни партиски избори, изјави вчера Владо Бучковски.

Јордановски воздржан за можноста да се кандидира за генерален секретар на СДСМ

Утрински - 17.10.2006

Во СДСМ се' уште врие и покрај тоа што битката меѓу приврзаниците на Бучковски и Шекеринска доби епилог Љупчо Јордановски - една од централните фигури на превирањата во СДСМ, вчера во кус телефонски разговор ни изјави дека „не произлегле од него“ информациите за негова можна кандидатура за ...

СДСМ во пратеничка дилема за законот за полиција

Дневник - 17.10.2006

Пратениците од СДСМ се во дилема како ќе гласаат за законот за полиција, откако досегашниот лидер Владо Бучковски му ветил поддршка на премиерот Никола Груевски, со која не се согласила потпретседателката Радмила Шекеринска. Неофицијално дознаваме дека на последната координација пратениците на СДСМ ...

Старите делегати ќе го избираат новиот лидер на СДСМ

Дневник - 16.10.2006

Делегатите што пред една недела му изгласаа недоверба на претседателот на СДСМ, Владо Бучковски, на 5 ноември ќе одлучуваат кој ќе биде неговиот наследник. Вака реши Централниот одбор на СДСМ по петчасовна дискусија дали треба да гласаат старите или нови делегати.

Промоцијата на Шекеринска во нов лидер на СДСМ на 5 ноември

Утрински - 16.10.2006

Бучковски предлага замена на делегатскиот систем во СДСМ со непосредни избори БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Откако се расчисти лидерската, во Социјалдемократскиот сојуз започнува битка за избор на нов генерален секретар и дебата за промена на партискиот Статут.

На 5 ноември истите делегати ќе го гласаат новиот лидер

Време - 16.10.2006

ЦЕНТРАЛЕН ОДБОР НА СДСМ Без дилеми за 5 ноември како ден кога ќе се одржи вонреден конгрес на СДСМ, но со неколкучасовна кавга за изборот на делегатите што треба да гласаат за нов лидер на партијата, помина завчерашната седница на Централниот одбор на СДСМ.

Бучковски: Митрева да ја предизвика Шеќеринска на конгресот на СДСМ

Канал5 - 16.10.2006

Илинка Митрева е адутот кој Бучковски ќе и го спротивстави на Радмила Шеќеринска во лидерската битка на претстојниот партиски конгрес. Илинка Митрева е адутот кој Бучковски ќе и го спротивстави на Радмила Шеќеринска во лидерската битка на претстојниот партиски конгрес.