TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Откриени 200 карциноми на дојка за еден месец

Н.Македонија - 22.11.2008

За еден месец во рамките на кампањата „Надмудри го ракот - биди здрава жена“ се направени 3.000 ПАП - тестови, 16.000 мамографски прегледи, а меѓу шест и седум илјади жени од сите националности учествувале на работилниците за рана дијагностика на рак на дојка и ПАП-тестови. - Кај двесте жени е откриен карцином на дојка во рана фаза - изјави министерот за здравство Бујар Османи.

Резултати од кампањата за бесплатни ПАП тестови

Канал5 - 21.11.2008

Нови 200 жени заболени од рак на дојка се откриени во изминатиов месец, во рамките на кампањата за бесплатни ехо и мамографски прегледи. Впечатокот на гинеколозите е дека жените од градските средини не наоѓаат време за себе, додека жените од руралните средини на гинеколошкиот преглед гледаат како на нешто невообичаено. - Акцентот на кампањата е ставен на превенцијата.

Кај 200 жени откриен рак на дојка

Дневник - 21.11.2008

Кај 200 жени откриен рак на дојка. Кај двесте жени е откриен рак на дојка во рана фаза по направените мамографски прегледи, со кои за еден месец биле прегледани 16.000 жени, во рамки на Кампањата „Надмудри го ракот - биди здрава жена“, изјави вчера министерот за здравство, Бујар Османи, на едукативна работилница во општина Чаир.

За еден месец направени 3.000 бесплатни ПАП - тестови

Алсат-М - 21.11.2008

Од почетокот на кампањата за бесплатни прегледи 16 илјади жени направиле ехо и мамографски преглед, а кај 200 жени е откриен рак во рана фаза. Кампањата за превенција и спречување на гинеколошките болести и ракот на дојката е успешна, оцени министерот за здравство Бујар Османи на трибина во општина Чаир.

Погубни полувистини за ракот на дојка

Утрински - 20.11.2008

(Повод: написот „Ракот на дојка се лекува“, „Утрински весник“,13 ноември 2008). Д-р Арне Н. Ѓоргов. „Жената многу малку мисли на своето здравје“, се констатира во написот. Зошто да мисли? Сегашнава борба против ракот на дојка се засновува, всушност, на тој недостиг, жената да не мисли на своето здравје и да не е информирана како да се заштити од оваа болест и другите придружни, погубни болести.

Македонија со најмногу парламентарки

Вест - 20.11.2008

Улогата на жената во политиката и фактот дека во Македонија во моментот има 39 жени во Парламентот и две жени што седат во министерска фотелја ги изненади и воодушеви европските преставници, кои беа дел од "Фреја" форумот, кој за време на викендот се одржа во главниот град на Хрватска Загреб.