TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Католичката црква ќе се гради пред 24 мај

Дневник - 12.05.2006

Камен-темелникот на католичката црква во Секирник се очекува да биде поставен пред 24 мај, односно пред славењето на Денот на свети Кирил, дознава „Дневник“ Според информациите, жителите на селото нема да се спротивставуваат на градбата на оваа црква бидејќи се испочитувани условите што претходно ...

Обележани верници

Дневник - 12.05.2006

Кога пред камерите и фотоапаратите ќе се појават тројца луѓе, кои јавно ја соопштуваат својата верска припадност речиси автоматски се јавува чувство дека тие се обележани. Се јавува она непријатна ситуација во која некому му е нарушена приватноста, дел од човечкиот интегритет и слободата што никој ...

Во Секирник ќе се гради католичка црква

Утрински - 11.05.2006

Тројца католици од струмичкото село дадоа изјава СТРУМИЦА - Во селото Секирник ќе се гради католичка црква. На завчерашниот состанок што се одржа во Општина Босилово се појавија првите тројца припадници на католичка вероисповед во Секирник.

Се појавија католици во Секирник- Црква ке има

Вест - 11.05.2006

Католичка црква во с. Секирник ке се гради, но кога, немаа конкретен одговор ниту владиката Наум ниту апостолскиот егзарх на Католичката Црква Киро Стојанов. Оваа го истакнаа по средбата со семејствата на Горги и Трајан Митрови и на Стојан Николов кои во писмената изјава за јавноста истакнаа дека ...

Во Секирник се појавија католички верници

Дневник - 11.05.2006

Тројцата жители на селото Секирник Ѓорѓи и Трајан Митрови и Стојан Николов, сите припадници на католичката вероисповед, завчеравечер во просториите на општина Босилово се појавија пред јавноста. Со тоа одговорија на барањата на своите соселани од собирот што се одржа минатиот петок во Секирник, ...

Исполнети условите за изградба на католичка црква во Секирник

А1 - 10.05.2006

Се охрабрија и појавија првите тројца католици во селото Секирник. Со ова, како што изјавија претставниците на МПЦ и католичката црква, се исполнети условите за изградба на католичка црква, бидејќи на состанокот од пред три дена месното население се изјасни дека прифаќа изградба на католичка црква ...

Ќе се гради католичка црква во Секирник

Канал5 - 10.05.2006

Падна договор. Католичка црква во Секирник ќе се гради. По три рунди разговори и преговори,проблемот е испеглан. Падна договор. Католичка црква во Секирник ќе се гради. По три рунди разговори и преговори,проблемот е испеглан.

Црвенковски: Не е христијански да се пребројуваат верниците

Дневник - 10.05.2006

Не треба да се оневозможи изградба на црковен објект ако за него постои интерес кај верниците, е ставот на шефот на државата Бранко Црвенковски за настаните врзани за изградбата на Католичката црква во селото Секирник, Струмичко.

Пребројувањето на верниците не е ни хумано, ни христијански

Утрински - 10.05.2006

Претседателот Црвенковски за случувањата во Секирник Најновите настани во врска со проблемите околу почнувањето со градењето католичка црква во селото Секирник беа главна тема на вчерашната средба на претседателот на државава, Бранко Црвенковски, со скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република ...

Секирник бара верници за католички храм

Дневник - 08.05.2006

Селаните ветија дека ќе дозволат градба ако се пријави барем еден жител од селото што е со католичка вероисповед Жителите на струмичкото село Секирник на собирот на кој присуствуваа претставници на МПЦ, Католичката црква и на политички партии не донесоа одлука за изградба на католички храм во ...

Ако има католици, ќе има и црква

Утрински - 08.05.2006

На селски собир во Секирник СТРУМИЦА - Ако има католици во нашето село може, а ако нема не може да се гради католичка црква. Ова е одлуката на жителите на селото Секирник кои по неколкучасовното убедување во петокот навечер им ја соопштија на претставниците на МПЦ и на Католичката црква.

Селаните од Секирник не сакаат католичка црква

Вест - 08.05.2006

ЦРКОВЕН СПОР ВО СТРУМИЧКО Сеуште не се знае дали и кога ќе започне изградбата на католичка црква во Секирник, струмичко. Црковните и државните власти минатиот месец во интерес на добрите односи меѓу МПЦ и Католичката црква како и меѓу Македонија и Ватикан се заложија и ветија дека наскоро во ова ...