Судијата надлежен за хашкиот предмет Mалтретирани мавровски работници нема закажано датум кога ќе стартува судењето против пратеникот Хисен Џемаили и останатите обвинети за воено злосторство откако денеска не се одржа рочиштето затоа што Денот на дрвото е неработен.
Собраниската комисија за избори и именувања вчера реши на пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили, обвинет за хашкиот случај „Малтретирани мавровски работници“ да му скрати 60 отсто од октомвриската плата бидејќи неоправдано отсуствувал на 12 собраниски седници. Откако во септември Собранието му го одзеде имунитетот, Џемаили не се појави ни во законодавниот дом, ниту на судско рочиште.
Алити му забележа на Велјановски зошто Џемаили не бил опоменат за отсуството од парламентот. Светлана Унковска. Пратеникот од редовите на ДУИ, Хисен Џемаили, еден од обвинетите за случајот „Мавровски работници“, и по трет пат нема да седне на обвинителна клупа.
Каде е Хисен Џемаили, го бараат и МВР и судот, но сега и Собранието, за да му соопштат дека поради неоправдано отсуство ќе го казнат со 60 проценти помала плата. И сето ова повод за меѓусебни обвинувања. Започна неговиот сопартиец со барање кое ако не беше смешно ќе беше трагично, а го оправдуваше со Деловникот. „Дали е претходно известен и пратеникот“, вели Рафиз Алити, ДУИ.
Никако да стартува процесот за малтретираните мавровски работници. По два неуспешни обида полицијата да ги приведе пратеникот Хисен Џемаили и другите обвинети за насилство врз градежниците, в среда судењето ќе се помести за еден месец затоа што Денот на дрвото е неработен. Се уште нема утврдено датум кога ќе биде закажано продолжението.
Хисен Џемаили за октомври ќе земе преполовена плата. Собранието, на предлог на спикерот Вељановски, го казни пратеникот на ДУИ поради тоа што минатиот месец не се појавил на работа, без притоа да го извести Парламентот за своето отсуство. Неговиот сопартиец Алити бараше одлуката да се одложи зашто, повикувајќи се на Деловникот, рече дека претседателот на Собранието прво требало да го повика ...
Пратеникот од редовите на ДУИ Хисен Џемаили поради отсуство на парламентарните седници ќе биде казнет со околу 55 илјади денари. Според новиот правилник ако пратеникот отсуствува 3 пати во ред и не го информира претседателот на Парламентот за секоја седница ќе биде казнет со по 5%. Џемаили до сега отсуствувал на 12 седници што подразбира и казна од 60% од неговата месечна плата.
Пратеникот Хисен Џемаили од ДУИ по кој полицијата трага за случајот Малтретирани мавровски работници ќе добие преполовени септемвриска и октомвриска плата поради тоа што не присуствувал на собраниските седници во овие месеци, а своето отсуство не го најавил.
Трајко Велјановски, претседател на Собранието ќе му ја скрати платата на пратеникот Хисен Џемаили од ДУИ за 60 отсто поради тоа што 12 пати едноподруго не присуствувал на собраниските седници. Џемаили не е појавен на своето работно место откако Собрнаието во септември му го одзеде пратеничкиот имунитет поради обвиенението во случајот Малтретирани мавровски работници.
Да му се скрати од платaта на пратеникот од ДУИ Хисен Џемаили кој по одземањето на имунитетот не е достапен за судот , обвинет е дека учествувал во малтретирањето на работниците од градежното претпријатие Маврово, или да се признае дека ваквата мерка е само покритие за како што обвинува опозицијата игрите што ги прави МВР со неговото апсење.
Оваа Предлог - одлука ја усвои денеска на седница Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Претседателот на Комисијата Илија Димовски рече дека е доставено известување од претседателот на Собранието за неоправдано отсуство на пратеникот Џемаили и согласно член 31 од Деловникот за работа на Собранието на пратеникот кој отсуствува најмалку трипати едноподруго на собраниските седници му се ...
Иако Џемаили е обвинет за воено злосторство против човештвото и по него трага и МВР, вчера неговите сопартијци, но и СДСМ и ЛДП побараа Собранието, барем телефонски да го извести дека ќе расправа за неговата плата. Пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили обвинет за малтретирање на градежните работници од Маврово во конфликтот во 2001 година два месеци ќе зема помала плата за 30 проценти.