Граѓаните најмногу се интересираат за легализација на оружјето што го поседуваат без дозвола, ова е главна карактеристика на вториот ден од третата фаза на разоружувањето. Во најуспешните општини во скопско, околу една третина од предаденото оружје е за уништување, а две третини за легализација.
РАЗОРУЖУВАЊЕ Последната трета фаза од акцијата за доброволно предавање и собирање огнено оружје, муниција и експлозивни материи и легализација на оружјето почна вчера, кога од хеликоптер требаше да бидат исфрлени 500 илјади летоци претежно во селските средини.
Денеска ќе почне третата и последна фаза од акцијата за собирање на нелегалното оружје ?Политичките партии во државава, освен вербалната поддршка на акцијата за собирање на нелегалното оружје, не направија ништо за да влијаат кај своето членство за подигнување на јавната свест за потребата од ...
Трибина На новинарите во државава, кои пишуваат за акцијата за доброволно предавање на оружјето им е побитно колку пушки и пиштоли ќе се предадат на пунктовите, отколку да се смени свеста на луѓето за употреба на оружјето, изјави Иван Андреевски, претседател на Здружението на Македонија, на ...
Оперативниот центар се надева дека третата последна фаза од акцијата за собирање на нелегалното оружје во земјава, ќе биде најуспешна. “Очекуваме помасовно учество на граѓаните со оглед на информациите кои ги имаме“, изјави Благоја Марковски.
Хари Костов на Координативното тело >„Можеби Македонија по завршувањето на акцијата за предавање на нелегалното оружје ќе личи на полициска држава, но само за оние кои ќе поседуваат нелегално оружје, а демократска за оние кои ќе ги почитуваат законите", рече министерот за внатрешни работи Хари ...
По 15-ти декември, полицијата ќе прави контроли и ќе ги применува санкциите предвидени со законот за лицата кои поседуваат нелегално оружје, повтори денеска министерот за внатрешни работи Хари Костов на 8-та седница на координативното тело за разоружување.
Трибина на Институтот за воено и мирнодопско истражување за собирањето на нелегалното оружје Со тековната акција за собирање на оружјето, без разлика на конечните резултати, не може да се очекува да биде собрано целото нелегално оружје во државата, а со оглед на актуелната политичка ситуација во ...
Граѓаните во централна, јужна и источна Македонија, најмногу вратиле нелегално оружје во досегашнава акција, соопшти денеска офицерот за операции Благоја Марковски. Во западниот дел на земјава, одsивот е слаб. Една од причините е ставот на ДПА дека се додека целосно не се спроведе Охридскиот ...
Благоја Марковски ја оценува втората фаза како задоволителна Симон Илиевски ОХРИД - Акцијата за разоружување ќе заврши на 15 декември во 16 часот и според законот по тој рок не ќе може да се предава нелегално оружје. Ова е ставот на Благоја Марковски, офицер на Оперативниот центар за спроведување ...
РАЗОРУЖУВАЊЕ Координативното тело за разоружување нема да го продолжува терминот за собирање на нелегалното оружје, кој е до 15 декември. Според Благоја Марковски, офицер за операции во координативното тело, успех ќе биде ако дотогаш бидат собрани пет-шест илјади парчиња оружје.