Сукцесија БЕЛГРАД - Членовите на финансиските експертски комисии од петте земји-наследнички на поранешната СФРЈ на завчерашниот состанок во Белград се согласија околу понатамошните чекори што ќе бидат преземени за исплата на долгот на поранешниот Советски Сојуз спрема СФРЈ.
Преговорите со Русија за поделба на побарувањата што произлегуваат од некогашниот руски долг кон СФРЈ во износ од околу 1,5 милијарда клириншки долари, би требало да почнат кон крајот на јуни и почетокот на јули. Во поканата за преговори, испратена по вчерашниот состанок за сукцесија во Белград, ...
„Земјите наследнички на поранешната СФРЈ се со заеднички став дека долгот што Обединетите нации го побаруваат од овие држави, а кој датира од 1992-рата до 2000-та година, треба да биде избришан“, изјави постојаниот пратеник на Хрватска во Светската организација, Иван Симоновиќ.