TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Скор - три порази и два нерешени меча на чаирчани

Утрински - 20.02.2002

Чаирчани поразени и на крајот во Анталија: Слога Ј. - Вит 1:2 Екипата на Слога Југомагнат и во последниот меч од рамките на вториот дел од подготовките во Анталија го претрпе третиот пораз. Овој пат подобар од нашиот шампион беше просечниот тим Вит, шестопласиран во грузиското првенство, славејќи ...

Слога Ј. се враќа од Анталија со гол-разлика 3-11

Дневник - 20.02.2002

Фудбалскиот шампион Слога Југомагнат од подготовките во Анталија, Турција се враќа со три пораза и два нерешени меча. Во последниот натпревар, со грузискиот прволигаш ВИТ, чаирчани загубија со 1-2, иако на полувремето водеа со 1-0 со голот на младиот Николче Танчевски.

Мечот решен во вториот дел

Утрински - 18.02.2002

Втор пораз на чаирчани во Анталија: Слога Ј. - Партизан 0:2 Со погодоците на Илиев во 60 и Ранковиќ во 88 минута фудбалерите на белградски Партизан го совлада македонскиот фудбалски шампион Слога Југомагнат со 2:0, откако на полувреме резултатот гласеше 0:0.

Белградски Партизан поуспешен со 2:0

Вест - 18.02.2002

Подготовки на фудбалерите на Слога Југомагнат во Анталија, Турција Во натпревар одигран во рамките на подготовките во Анталија, Турција, фудбалерите на Слога Југомагнат се поразен со 2:0 (0:0) од белградски Партизан. Стрелци за "црно -белите" биле Илиев во 60 и Ранкович во 88 минута.