TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нема бегање

Утрински - 23.02.2008

Поглед Гордана Дувњак Четирите хашки предмети ни се вратија дома. По пет години собирање прашина во Хашкото обвинителство, повторно си ги добивме назад. Велат, недопрени. Допрва обвинителите и судиите ќе копаат во купиштата материјали и ќе анализираат до каде е дојдено во списите и што понатаму.

Хашките случаи се отвораат в понеделник

Вечер Прес - 23.02.2008

Амнестија за Хашките случаи нема, Шврговски најавува истрага - Веруваме во македонското судство, а особено во обвинителот Љупчо Шврговски. Правдата и вистината конечно ќе излезат на виделина - коментираат семејствата на 12- те киднапирани Македонци, во конфликтот во 2001 година.

Четирите случаи преведени ќе се предадат до судот

А1 - 22.02.2008

Јавното обвинителство откако ќе ги преведе предметите за четирите хашки случаи, ќе ги предаде до надлежниот суд на понатамошно нивно постапување. За три предмети има донесено решение за спроведена истрага, а за едно, за малтретираните работници од „Маврово“, обвинението е во правна сила.

Хашките предмети стасаа во Обвинителството

Дневник - 22.02.2008

Четирите хашки предмети вчера стасаа во Македонија и веднаш му биле предадени на Јавното обвинителство. Вработени во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, кои имаат сертификат да работат со заштитени информации, биле во Хаг и ги презеле и пренесле предметите што хашкото ...

Хашките предмети в понеделник се отвораат во јавното обвинителство

Канал5 - 22.02.2008

Случајот со малтретираните работници од градежното претпријатие “Маврово” по враќањето од Хаг директно ќе оди на судење во скопскиот кривичен суд – обвинението покренато во 2002-та е се уште активно, објави државниот обвинител Љупчо Шврговски.

Хашките предмети стигнаа во Скопје

Утрински - 22.02.2008

Новите ќелии во затворот во Шуто Оризари подготвен за новите евентуални станари Во Јавното обвинителство вчера се примени околу сто килограми хартија во четири картонски кутии Гордана Дувњак Четирите хашки предмети, конечно, стасаа во Скопје и се наоѓаат во сефот на Јавното обвинителство на ...

Сто килограми хартија во сефот на Шврговски

Време - 22.02.2008

ХАШКИТЕ ПРЕДМЕТИ СТИГНАА ДОМА Двајца курири веќе ги презеле четирите кутии со хашките досиеја од македонската амбасада во Хаг и преку Брисел ги донесоа до сефот на македонското обвинителство. Јавниот обвинител Љупчо Шврговски за „Време“ потврди дека ги примил материјалите, но не сака да зборува за ...

Хашките досиеја стигнаа во обвинителството

А1 - 21.02.2008

Хашките досиеја спакувани во четири кутии тешки 100 килограми, еден час пред пладне стигнаа во македонското обвинителство. Во земјава ги донесоа двајца курири, кои ги презедоа од амбасадата во Хаг. Јавниот обвинител, Љупчо Шврговски, потврдува дека се тука и дека ги сместил во сефот на Јавното ...

Четирите Пандорини кутии се враќаат од Хаг

Време - 21.02.2008

ТРИБУНАЛОТ СЕ ОСЛОБОДИ ОД МАКЕДОНСКИТЕ СЛУЧАИ Документацијата за четирите хашки случаи, кои се однесуваат на конфликтот од 2001 година, а за кои Трибуналот не покрена постапка, минатата недела е префрлена во македонската амбасада во Хаг.

Четирите предмети чекаат во македонската амбасада во Хаг

Утрински - 21.02.2008

Од МНР велат дека „во тек е постапка за преземање“ Гордана Дувњак Хашкото обвинителство и' го врати на Македонија жешкиот костен. Но, четирите предмети поврзани со етничкиот конфликт во 2001 година се' уште се во Холандија и се наоѓаат во македонската амбасада во Хаг, каде што чекаат да бидат ...

Маневски потврди дека четирите хашки предмети стигнале во Македонија

Канал5 - 21.02.2008

Министерот за правда Михајло Маневски потврди дека четирите хашки предмети стигнале во Македонија. Тој рече дека во текот на денот ќе му бидат доставени на државниот обвинител. Маневски не кажа во каква форма предметите пристигнале во Македонија, дали имало истрага во Хаг и какви докази испратиле ...

Судот во Хаг и ги тутна предметите на в.д. амбасадорката

Вест - 21.02.2008

ТРИБУНАЛОТ СЕ ОСЛОБОДИ ОД ЧЕТИРИТЕ СЛУЧАИ По наредба на Трибуналот, Хашкото обвинителство пред неколку дена, без присуство на обвинител од Македонија, ги предало предметите во нашата амбасада во Хаг За неколку дена четирите хашки предмети со злосторства против човештвото, извршени од ОНА во 2001 ...

Хашките предмети вратени во „црни вреќи“

Дневник - 21.02.2008

Македонските обвинители не знаат што содржат предметите што хашкото обвинителство ни ги вратило пред неколку дена. Хашкото обвинителство без да го извести македонскиот Јавенобвинител ги доставило во македонскатаамбасада во Хаг четирите предмети за кои не покрена обвиненија.

Не се знае каде се хашките предмети!?

Вечер Прес - 21.02.2008

По завчерашните изјави за Вечер од наши извори дека четирите предмети од Хаг, во текот на минатата недела пристигнале во Скопје, вчера по еднодневна недостапност ги консултиравме Јавниот обвинител Љупчо Шврговски и Министерот за правда Михајло Маневски.

Хашките досиеја ги чува в.д. амбасадорот во Холандија

А1 - 20.02.2008

Хашките досиеја од пред неколку дена ги чува в.д. амбасадорот во Холандија Шпреса Јусуфи. Таа не кажува дали четирите големи кутии со материјалите за „Липково“, „Раководството на ОНА“, „Градежните работници на Маврово“ и „Непроштено“ се уште се во амбасадата или ги пренесувала на друго место.

Шврговски потврди дека хашките предмети се во Македонија

Канал5 - 20.02.2008

Предметите од Хаг, за кои хашкото обвинителство не покрена обвиненија, се предадени на македонските власти - потврди за Канал 5 државниот обвинител Љупчо Шврговски. Од министерството за правда, согласно процедурата, преку Врховниот суд четирите досиеја ќе бидат испратени до Јавното обвинителство.

Хашките предмети стигнаа во Македонија

Вечер Прес - 20.02.2008

Извори за Вечер велат дека иако Шврговски побарал Хашкиот трибунал да ги достави предметите поединечно, тие во Македонија пристигнале во пакет Хашките предмети пристигнаа во Македонија, тврдат извори од Обвинителството. Според нив предметите веќе се во просториите на Републичкото јавно ...

Четирите предмети предадени на Македонија

А1 - 19.02.2008

Четирите предмети се предадени во македонската амбасадата во Хаг, ама допрва ќе патуваат кон Македонија. Од Јавното обвинителство за А1, велат дека ги очекуваат, но не знаат кога. Од македонската амбасада во Хаг не даваат информации, упатуваат на МНР и од таму нема ништо.

Четирите предмети од Хаг се во Македонија - испратени се пред една недела

Канал5 - 19.02.2008

Четирите хашки предмети им се вратени на македонските власти. Трансферот се случил уште минатата недела, дознава Канал 5, но во Македонија за ова се молчи. Вратени се сите 4 досиеја заедно, иако македонскиот обвинител Шврговски бараше да доаѓаат случај по случај.