Ана Велјановска Пратениците од Социјалдемократскиот сојуз вчера поднесоа барање до прерседателот Трајко Вељаноски да се одржи посебна собраниска седница на која ќе се расправа за извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема ништо спорно во иницијативата на СДСМ, но, сепак, одлука за тоа дали ќе ја поддржат, ќе донесат откако ќе ја разгледаат.
Евроабасадорот Ерван Фуере, денеска при посетата на Охрид одговарајќи на новинарско прашање изјави дека важно е целото политичко раководство, односно државниот врв обединето да работи на примена на препораките содржани во Извештајот на Европската комисија.
Брисел бара обединување, наместо досегашната раздвоеност кај политичките партии во Македонија, за постигнување на целта – членство во Европската Унијата. Три дена по објавувањето на извештајот на комисијата, Ерван Фуере повика на политичка мобилизација за исполнување на препораките наведени во рапортот.
- Знаеме каков беше притисокот врз медиумите за време на изборите. Европската Комисија и пред својот Извештај изразува особена загриженост и посветува големо внимание на слободата на медиумите, како предуслов за секое демократско општество.
Амбасадорот на ЕУ во Скопје Ерван Фуере, во интервју за БиБиСи на македонски вели дека доколку Македонија имаше избори без насилства и закани, функционален парламент и лидери кои зборуваат меѓу себе, тогаш Европската Комисија ќе препорачаше почеток на преговорите за нејзино членство во Унијата. Тој смета Македонија сепак има капацитет да ги исполни бараните критериуми.
Ана Велјановска Спикерот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски, вчера му нотирал грешки од извештајот на евроамбасадорот Ерван Фуере, дознаваме од собраниски извори. Наспроти премиерот Никола Груевски, кој излезе пред јавноста и оцени дека извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е реален и треба да се прифати таков каков што е, средбата меѓу Фуере и Вељаноски се ...
На пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев не му е гајле за критиките на Европската комисија, изнесени во годинашниот извештај за Македонија. Тој вчера, на заедничката седница на собраниски тела за надворешна политика и евроинтеграции каде што амбасадорот на ЕУ Ерван Фуере го претстави извештајот за напредокот на Македонија, ги релативизираше критиките од извештајот.
Верувам дека добри избори идната година, заедно со континуиран политички дијалог во дух на консензус и спроведување на сите реформи, ќе и дадат на Европската комисија доволно аргументи догодина да препорача датум за почеток на преговори за Македонија. Ова во интервју за новинската агенција Макфакс го изјави европретставникот во Македонија Ерван Фуере.
Избори по европски терк и одржлив политички консензус се клучни за партнерството на Македонија со Европа. Евроамбасадорот Фуере на пратениците им ги презентираше детално забелешките, негативностите, но и позитивните чекори. Задачите се и за власта и за опозицијата нема губитници и добитници, исполнувањето на критериумите, потенцира амбасадорот Валеро ќе биде победа за земјата.
„Комесарот беше многу јасен дека извештајот е изготвен врз основа на осумте норми коишто и беа поставени на Владата. Таа проценка се содржи во извештајот, и затоа тој немаше доволно основи за да го каже датумот за преговори“, изјави во интервју за А1 евроамбасадорот Ерван Фуере. .
Лошите избори и отсуството на политички дијалог меѓу власта и опозицијата се главните причини зошто Македонија трета година по ред стагнира на патот кон членство во Европската унија. Амбасадорот на Унијата во Скопје, Ерван Фуере, го кажа тоа гласно повикувајќи ги политичките партии да работат заеднички за да може земјата да напредува во европските интеграции.
Амбасадорот на Европската унија во Македонија, Ерван Фуере, го презентираше извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кон членство во Унијата пред членовите на Комисијата за европски прашања во парламентот во Скопје. Фуере се сретна и со претседателот на Собранието и неговите заменици.
Не треба да си ракетен физичар за да видиш каде имаше недостатоци, рече Ерван Фуере. Тамара Грнчароска. Критериумите, пред се' политичките, за пристапување кон Европската унија не се исполнети на таков начин што ќе и' овозможи на Европската комисија да препорача датум за старт на преговорите со Македонија.
Време е политичките лидери да почнат да работат заедно. Владата и нејзините коалициски партии да преземат водечка улога за поправање на оценките од Извештајот. Опозицијата, рака под рака со Владата, да придонесе Македонија да влезе во следната фаза од процесот за зачленување во ЕУ, повика европретставникот Ерван Фуере откако ги презентира клучните забелешки од Извештајот на Европската комисија за ...
Груевски: Ќе се подобриме. Македонија не доби датум за преговори за зачленување во Европската Унија зашто не ги исполни политичките критериуми - изборите, политичкиот дијалог и административните проблеми. Слабостите посочени во извештајот од Европската комисија ќе ги подобриме, изјави премиерот Никола Груевски по вчерашната средба со европретставникот Ерван Фуере, кој и официјално му го предаде ...
Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за европски прашања. Единствена точка на дневен ред е Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија - 2008 година, што пред членовите на Комисијата ќе го презентира Ерван Фуере, специјален претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија ...
Извештајот на Европската комисија за прогресот што Македонија го направи во изминатата година е објективен и фер-преглед, заснован на детална анализа, изјави вчера евроамбасадорот Фуере. - За нас овој извештај треба да се смета од сите вклучени страни како охрабрување за интензивирање на напорите за реформи и подобрување на имплементацијата.
Пратениците од власта и опозицијата на евроабасадорот Ерван Фуере и францускиот амбасадор Бернар Валеро им покажаа што значи политички дијалог на македонски начин. Двајцата дипломати на денешната презентација на Извештајот од Европската комисија на собраниската Комисија за европски прашања беа сведоци на меѓусебни препукувања за тоа чија одговорност е поголема за лошите оценки на Европската унија.
Недостатокот на политички дијалог и донесувањето закони по брза постапка беа само дел од забелешки во извештајот на ЕК за работата на Собранието, што амбасадорот Ерван Фуере ги посочи пред Комисијата за европски прашања. Пратениците го оценија извештајот како објективен и заклучија дека е крајно време да се заложат за отстранување на сите посочени недостатоци, за со следниот извештај Македонија ...
Ни треба политички дијалог. На Македонија и' требаат одржлив и постојан политички дијалог, конструктивност и соработка меѓу сите партии, како и непартизирана полиција и администрација, порача вчера европретставникот Ерван Фуере пред членовите на трите собраниски комисии задолжени за надворешни работи, пред кои го претстави извешатојот од Европската комисија.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска ќе го прими специјалниот претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија Ерван Фуере. Евроамбасадорот Фуере ќе го презентира годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија - 2008 година.
Извештајот на ЕК за Македонија треба да се смета како охрабрување за интензивирање на реформите и нивната имплементација за интегрирање на земјата во ЕУ. Тој е објективен и фер одраз на прогресот што Македонија го направи во изминатата година и ги содржи препораките во однос на исполнување на осуммте одредници зададени од Брисел и дополнителната деветта по инцидентите на парламентарните избори, ...
Политичкиот дијалог да биде одржлив, изборите на пролет, беспрекорни – им порача евроамбасадорот Фуере на пратениците. И на партиите од власта и на оние од опозицијата, Фуере им сугерираше во иднина да заборават на политичка тензија и на бојкот на Парламентот, што Европската Комисија ги нотира како сериозни недостатоци во последниот извештај. - Исполнете ги политичките критериуми.
Специјалниот претставник на Европска унија Ерван Фуере, денеска, на претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, ќе му го презентира годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија. На средбата на која г. Фуере ќе го презентира годишниот извештај ќе присуствуваат и потпретседателите на Собранието, Светлана Јакимовска, Рафис Аљити и Јани Макрадули и координаторите на ...
Претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски денеска ќе го прими евроамбасадорот во земјата Ерван Фуере. На средбата, како што е соопштено, амбасадорот Фуере ќе го презентира годишниот извештај на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Македонија за 2008 година, во присуство и на потпретседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи..
Објективна оценка што ги одразува реалната економска слика на Македонија, вели Фуере образложувајќи ги забелешките и препораките на европската комисија што се однесуваат на економијата. Како клучни недостатоци забележани во извешатајот се:. трговскиот дефицит. невработеноста. структурните реформи. енергетскиот сектор. Евроамбасадорот Фуере забележува: И во поглед на функционалната пазарна ...
Откако беше објавен во Брисел, извештајот им беше доставен и на властите во Скопје. Го дочекаа како реална оценка на состојбите во земјата, документ во кој се нотирани позитивните случувања во изминатата година, но и слабостите поради кои Европската комисија оценила дека Македонија сеуште не е подготвена за следна фаза во евроинтеграциите.
Премиерот Никола Груевски го оцени како реален извештајот што Европската комисија го објави денеска за напредокот на Македонија кон ЕУ интеграциите. Груевски најави дека Владата ќе се обиде да ги исправи сите негативни заклучоци, кои влијаеа земјата и трета година по ред да не добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.
Европската комисија денеска ќе го објави годинешниот извештај за напредокот на Македонија во процесот на европските интеграции. Според најавите од Брисел, се очекува во извештајот да биде нотирано дека Македонија има направено прогрес особено во економскиот дел, борбата против корупцијата и визната либерализација, но се уште не ги исполнува политичките критериуми.
Македонскиот премиер Никола Груевски го оцени извештајот што Европската комисија го објави денеска за напредокот на Македонија кон ЕУ интеграциите како реален. Груевски најави дека Владата ќе се обиде да ги исправи сите негативни заклучоци, кои влијаеа земјата и трета година по ред да не добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.
На утрешната седница на Комисијата за европски прашања, заедно со Комисијата за надворешна политика, евро-амбасадорот Ерван Фуере, ќе го презентира извештајот на Европската комисија во однос на напредокот на Република Македонија во периодот од октомври 2007 до сега.
Организирањето на избори, политичкиот дијалог, реформите во судството, полицијата и спроведувањето на Законот за полиција, борбата против организираниот криминал, корупцијата, јавната администрација, се дел од забелешките во извештајот на ЕК, каде Македонија не постигнала доволно напредок.
Извештајот на Европската комисија е реален и гo содржи она што беше направено и што се случи во државата, последната година, смета премиерот Никола Груевски по средбата со Ерван Фуере. При предавањето на Извештајот од страна на евроамбасадорот, Груевски ги потенцираше препораките дадени за надминување на забележените недостатоци и најави дека по анализата Владата ќе изготви стратегија за ...
И Претседателот Бранко Црвенковски по одложувањето на патувањето за Загреб, го прими шефот на Делегацијата на Европската комисија во земјава, Ерван Фуере, при што му беше врачен Извештајот на Европската комисија Во писменото соопштение од Кабинетот на Претседателот се напоменува дека, амбасадорот Ерван Фуере ги презентирал достигнувањата на Република Македонија и притоа, зборувајќи за негативните ...
Има позитивни оценки во делот на економијата, борбата против корупцијата и криминалот, судството, реформите во полицијата и визната либерализација. Негативните оценки се претежно во делот на политичките критериуми односно во делот на изборите, кај политичкиот дијалог и делумно во делот на администрацијата, изјави премиерот Никола Груевски по добивањето на Извештајот од евроамбасадорот Ерван Фуере.
Тој посочи дека позитивни оценки се дадени во делот на економијата, борбата против корупцијата и криминалот, судството, реформите во полицијата и визната либерализација. Негативните оценки се претежно во делот на политичките критериуми односно во делот на изборите, кај политичкиот дијалог и делумно во делот на администрацијата.
Според шефот на државата, Ивештајот на ЕК дава објективна оценка на состојбите во земјата и затоа, врз основа на она што е содржано во него, Македонија треба да ги насочи своите идни активности. Двајцата соговорници се согласија дека е најважно да се направи добра анализа на препораките и да се изнајдат начини за нивно надминување со цел наредната година извештајот на Европската комисија да биде ...
Извештајот на Европската комисија е реален и генерално ги содржи работите што се случија во Република Македонија во изминатите 12 месеци како и препораките за надминување на нотираните слабостите, изјави премиерот Никола Груевски по средбата во Владата на која евроамбасадорот Ерван Фуере му го предаде Извештајот.
Високите политички тензии, ограничениот дијалог со опозицијата, итното донесување на серија закони во Парламентот – поради овие клучни слабости што Македонија ги покажа последниве 12 месеци – ја испушти шансата и оваа година да добие датум за почеток на преговорите. Евро-амбасадорот Фуере накусо резимираше реформите не се исполнети на начин доволен Македонија да добие датум за преговори.
Македонија не доби препорака за почнување преговори за членство поради политичкиот дијалог, изборите, проблеми во администрацијата – изјави Премиерот Груевски откако денеска од евроамбасадорот Фуере го доби извештајот на Европската Комисија.
Европската комисија го објави извештајот за напредокот на земјава во последните дванаесет месеци. Како што беше и очекувано датум за преговори нема, но има напредок во повеќе области, а во некои е констатирано дека треба уште да се работи. Позитивна оценка има за областа на економијата, реформите во судството, спроведување на антикорупциските мерки, полицијата, спроведувањето на рамковниот ...
Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски, денес ќе го прими Амбасадорот Ерван Фуере, Шеф на Делегацијата на Европската Комисија во земјава, соопштуваат од кабинетот на претседателот. На средбата, Амбасадорот Фуере на Претседателот Црвенковски ќе му го презентира Извештајот на Европската комисија за прогресот на Македонија во изминатата ...
Европратеникот Ерван Фуере денеска на Претседателот Бранко Црвенковски му го предаде Извештајот на Европската комисија за прогресот на Република Македонија во изминатата година. Како што соопштуваат од кабинетот на Претседателот, на средбата амбасадорот Фуере ги презентирал достигнувањата на Македонија и притоа, зборувајќи за негативните оценки, посочил на дел од политичките критериуми кои не ...
Македонскиот премиер Никола Груевски го оцени извештајот што Европската комисија го објави денеска за напредокот на Македонија кон ЕУ интеграциите како реален. Груевски најави дека Владата ќе се обиде да ги исправи сите негативни заклучоци, кои влијаеа земјата и трета година по ред да не добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.
Најважно е добро да се анализираат препораките и да се изнајдат начини за нивно надминување, со цел наредната година извештајот на Европската комисија да биде позитивен за Македонија. Ова денеска заеднички го оценија македонскиот претседател Бранко Црвенковски и евроамбасадорот Ерван Фуере, кој му го предаде извештајот на ЕК за напредокот на Македонија во евроинтеграциите за 2008 година, Според ...
Премиерот Никола Груевски пак се пожали на работењето на евроамбасадорот во земјава, Ерван Фуере, овој пат со обвинување дека тој никогаш не кажал пофални зборови за Владата!? Иако Фуере изминативе три-четири недели целосно апстинира од јавно давање изјави, особено откако пред повеќе од еден месец Груевски директно на Брисел му се жалел на неговото работење со обвинување дека евроамбасадорот во ...
Груевски пак го искара Фуере. „Не се сеќавам кога господинот Фуере кажал нешто позитивно за нас“, се пожали во неделата вечерта во неколку наврати македонскиот премиер Никола Груевски на евроамбасадорот во Македонија, Ерван Фуере, говорејќи во дебатната емисија „100 дена на Владата“ на МТВ.
Евроамбасадорот Ерван Фуере вчера два часа пушташе музика и ги забавуваше гостите во популарниот скопски ресторан "Дал Метфу" во центарот на Скопје. Фуере беше првата јавна личност што пушташе музика по повод прославата на 25-годишнината од постоењето на корпорацијата "Дал Фуфо". Тој својот диџеј сет од два часа го започна со песната "Мајка на Марика" од Тоше Проески, а продолжи со сентиши.
По промоцијата на господинот Фуере како диџеј, можеби конечно ќе го фатиме вистинскиот такт!. Вчера, необично топлото ноемвриско неделно пладне, во пицеријата „Дал мет фу“ течеше во ритамот што го „диктираше“ европретставникот во Македонија, Ерван Фуере.
Фуере одушеви како диџеј. Традиционална ирска музика, омилените песни од Тоше, Калиопи и од „Синтезис“, хитови на легендарните „У2“ беше репертоарот што вчера, во познатиот скопски ресторан „Дал Мет Фу“, во улогата на диџеј, го пушташе евроамбасадорот Ерван Фуере. Изборот на неговата музика ги одушеви присутните гости.