Комуналната служба на општина Аеродром заедно со ЈП „Паркови и зеленило“ почнаа да го расчистуваат кејот покрај реката Вардар, и тоа од мостот „Близнаци“ во Ново Лисиче кон улицата „Тодор Чангов“.
Речното корито на реката Вардар е исчистено и уредено на неколку локации, при што се отстранети отпадот и непотребната вегетација околу реката и во речното корито.
Наредните неколку дена ќе се врши машинско чистење на коритото Во акцијата за чистење на коритото на реката Вардар се вклучи и Општина Гази Баба.
Министерството за транспорт и врски информира дека заклучно со 8 септември, исчистено и уредено е речното корито на Вардар на повеќе локации, при што се отстранети градежен отпад, пластика, џбунеста вегетација, високостеблести дрва и друг отпад.
Скопје, 10 септември (МИА) - Министерството за транспорт и врски информира дека заклучно со 8 септември, исчистено и уредено е речното корито на Вардар на повеќе локации, при што се отстранети градежен отпад, пластика, џбунеста вегетација, високостеблести дрва и друг отпад.