TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Драган Христовски нов тренер на Победа

Вест - 11.06.2004

Фудбал Официјалниот шампион, прилепска Победа многу бргу ја разреши дилемата околу пополнување на тренерското место по заминувањето на Никола Илиевски Џиџи. Од вчера нов тренер на прилепчани е Драган Христовски. Тој вчера во попладневните часови на мотелот крај велешкото езеро ги водеше завршните ...

Шампионското кормило во рацете на Христовски

Дневник - 11.06.2004

ПОБЕДА ГО РЕШИ ТРЕНЕРСКОТО ПРАШАЊЕ Драган Христовски е новиот кормилар на фудбалскиот шампион Победа од Прилеп. Неколкудневните преговори што фудбалскиот стратег од Штип ги водеше со раководството на Победа вчера завршија со заемен договор.

Никола Илиевски побарал плата од 4.000 евра?

Утрински - 09.06.2004

Зошто досегашниот тренер на Победа си замина од Прилеп МИОДРАГ МИЦКОВИЌ По освојувањето на титулата - Шампион на Македонија за првпат во самостојна Македонија (не)очекувано шефот на Стручниот штаб на Победа, Никола Илиевски - Џиџи, си замина од Прилеп по разговорите со челните луѓе од клубот, ...

Драган Христовски нов кормилар на Победа?

Утрински - 08.06.2004

Откако Никола Илиевски Џиџи си замина од Прилеп поради семејни причини Само еден ден по официјалното заминување на тренерот Никола Илиевски Џиџи од кормилото на актуелниот шампион Победа, во прилепската чаршија веќе почнаа шпекулациите околу името на неговиот наследник на клупата на оваа екипа.

Бочески, Стратев, Мацков и Христовски кандидати за тренер на Победа

Време - 08.06.2004

ФУДБАЛ Испразнетото место шеф на стручниот штаб на шампионот Победа, по заминувањето на Никола Илиевски - Џиџи, нема да биде пополнето се до крајот на неделава. Управата на клубот очигледно е во акција, но не сака избрзано решение. - Вие новинарите сте многу нестрпливи.

Тренерот Илиевски ја напушти Победа

Дневник - 07.06.2004

ПОРАДИ СЕМЕЈНИ ОБВРСКИ Никола Илиевски-Џиџи, тренер на фудбалскиот шампион на Македонија Победа, поднесе оставка на местото шеф на Стручниот штаб, спроти почетокот на подготовките на прилепскиот прволигаш и спроти новата сезона од квалификациите за Лигата на шампионите.

Џиџи вторпат избега од Победа

Време - 07.06.2004

ФУДБАЛ Зоран Игески Никола Илиевски - Џиџи (49) повеќе не е тренер на новиот македонски фудбалски шампион Победа. По шестмесечна работа и само четири дена од прославата на првата титула, тој го напушти клубот, по вторпат, по март 2001 година.

Џиџи замина од Прилеп

Вест - 07.06.2004

Победа остана без тренер ПРИЛЕП.- Како гром од ведро небо во прилепската јавност одекна веста дека Никола Илиевски ја напушта "Победа". Овој невообичаен потег особено изненадува по остварениот најголем успех во клупската историја - првата освоена шампионска титула.