TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДИК ги одби сите приговори за текот на гласањето

А1 - 18.04.2004

Државната изборна комисија ги одби сите приговори за текот на гласањето во првиот круг на вонредните претседателски избори. ВМРО-ДПМНЕ имаше поднесено 11 приговори за изборни неправилности во Чаир и Шуто оризари. ДПА реагираше за нерегуларности во 16 избирачки места во тетовско, гостиварско, ...

Пари за хонорари има, за опрема нема

Вест - 17.04.2004

ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА 14 ГОДИНИ НЕЕФИКАСНА Само за надоместоците на ДИК, која ја сочинуваат 12 члена, предвидени се околу 160 илјади евра, плус уште 15 илјади евра за дневници и патни трошоци. Една и пол милијарда денари, или околу 245.000 евра, државата Македонија веќе четиринаесет години ...

Тајни знаци за јавните работи

Време - 17.04.2004

Емил Зафировски Се уште трае славењето на „победата“ во таборите на двете политички партии на Албанците во Македонија (впрочем, како и во македонскиот блок), а на политичкиот пазар рапидно расте цената на гласачите-Албанци. Во штабовите на двајцата претседателски кандидати им е јасно дека иако ...

Во вториот круг треба да излезат 847.553 гласачи

Утрински - 17.04.2004

ГЛАСАЊЕ Уставот е јасен и дефинира дека во вториот изборен круг на гласачките места треба да излезат вкупно 847.553 граѓани, што е мнозинство од половината избирачи плус еден гласач од 1.695.103 граѓани, запишани во Единствениот избирачки список, а дека ќе биде избран оној што ќе добие повеќе ...

Ни треба подобар мониторинг за вториот круг

Дневник - 17.04.2004

вмро-дпмне Меѓу двата изборни круга ќе се задржиме на истите водечки принципи - правда, сигурност и успех за новото лице на Македонија, бидејќи резултатите од првиот изборен круг покажаа дека овие принципи се она вистинското во што граѓаните на Република Македонија веруваат, тоа се принципите на ...

На Македонија сега и е потребен претседател

Дневник - 17.04.2004

Владо БуЧковски Македонија не смее да дојде во ситуација да се повторуваат претседателските избори. Тоа ќе не доведе во сериозна политичка криза и ќе ги оддолжи сите значајни реформски процеси за наше приближување кон евроатлантските и европските интеграции.

Најрегуларни избори досега

Дневник - 17.04.2004

Џевад Адеми Не сме задоволни од процентот на излезените гласачи. Затоа најмногу внимание ќе обратиме на причините за неизлегувањето на голем дел од електоратот Првиот круг на овие претседателски избори помина во демократска атмосфера.

Денеска конечните резултати

Дневник - 17.04.2004

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА Три часа пред да истече рокот, вчера никој немаше испратено приговор до Државната изборна комисија за гласањето и за сумирањето на резултатите. ДИК денеска треба да ги објави целосните, конечни резултати од вонредните избори за претседател на државата што се одржаа во ...

Одзивот на изборите најмал од осамостојувањето на Македонија

А1 - 16.04.2004

Одзивот од само 55% во првиот круг од изборите е сигнал дека во останатите десетина дена до вториот круг, изборните штабови на двајцата претенденти за претседател Црвенковски и Кедев ќе мора да се фокусираат на анимирање - што поголем број граѓани да излезат на гласање за се избегне опасноста да не ...

Граѓаните се презаситени од демагогија

Време - 16.04.2004

ОПАЃА ИНТЕРЕСОТ ЗА ГЛАСАЊЕ Александра М. Митевска Најмал одѕив на гласачите досега, албанското гласачко тело покажува оти не дозволува да го водат по тесните партиски патеки, стагнира рејтингот на најголемите политички партии - тоа се елементите што го окарактеризираа првиот круг од третите избори ...

Шут во сивата зона

Време - 16.04.2004

Диана Младеновска Во избирачкиот список има сива зона со околу 220.000 гласачи, што е околу 13 отсто од вкупниот електорат во земјава. Бројката сама по себе го активира алармот под претпоставка дека станува збор за непостојни гласачи, иако никој не сака да верува дека и тоа може да ни се случи.

ВМРО-ДПМНЕ и ДПА ќе се жалат кај ДИК

Време - 16.04.2004

ДОДЕКА СДСМ И ДУИ СЛАВАТ ПОБЕДА Емил Зафировски ВМРО-ДПМНЕ и ДПА обвинуваат за многу нерегуларности и инциденти за време на изборите и најавуваат жалби до Државната изборна комисија за повторно гласање секаде каде што имало неправилности.

Да се расчисти со „вишокот“ во избирачкиот список

Време - 16.04.2004

ПРАВНИЦИ ГО ПРОЗИВААТ МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА Диана Младеновска Министерот за правда Иџет Мемети е одговорен за веродостојноста на податоците во избирачкиот список и тој е повикан да ја елиминира можноста од постоење виртуелни гласачи во избирачкиот список, дури и ако станува збор за само неколку ...

ДИК нема приговори за повреда на гласањето

Време - 16.04.2004

ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ Претседателските кандидати од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски со 385.300 гласа и Сашко Кедев со 309.131 глас влегуваат во вториот изборен круг, покажуваат првичните резултати на Државната изборна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за упад на избирачко место, полицијата демантира

Дневник - 16.04.2004

КОНТРОВЕРЗИИ ЗА ГЛАСАЊЕТО ВО ШУТО ОРИЗАРИ Група непознати лица ги одзеле гласачките ливчиња од Избирачкиот одбор во едно од избирачките места сместени во училиштето "26 Јули" во Шуто Оризари и ги уфрлиле во гласачката кутија - обвини Дарко Алексов претседател на граѓанската асоцијација "Мост".

Жолт картон за политичарите

Време - 15.04.2004

Стојанка Митревска Македонските гласачи како да ги подзакопаа секирите пред и за време на претседателските избори, што може да се толкува како демократско зреење. Првиот круг од третите претседателски избори вчера помина во речиси камерна атмосфера.

До 14 часот гласале 30 отсто од граѓаните

Време - 15.04.2004

ГРАЃАНСКА АСОЦИЈАЦИЈА „МОСТ“ Околу 30 отсто од граѓаните со право на глас гласаа вчера до 14 часот, се првичните неофицијални информации на граѓанската асоцијација „Мост“, чии активисти ги набљудуваа претседателските избори. Од „Мост“ велат дека најголем дел избирачки места се отворени навреме.

Претпладнето само шлаканици

Вест - 15.04.2004

Во тетовското село Теново Рефет Елмази од ДПА, поранешен заменик -министер за внатрешни работи, му удрил шлаканица на активист на ДУИ, но ситуацијата не ескалирала. Државната изборна комисија соопшти дека Граѓаните на Македонија вчера избираа претседател на државата.

Без сериозни инциденти за време на вчерашното гласање

Време - 15.04.2004

МВР Изборите минаа фер, во демократска атмосфера и без посериозни инциденти, изјави вчера Мирјана Контевска, портпаролка на МВР. Според неа, Министерството ги презело сите мерки за безбедно одвивање на гласањето. - Во текот на гласањето добивме информации од странски набљудувачи дека на некои од ...

Раселените се плашат да гласаат во кризните подрачја

Време - 15.04.2004

ВО КУМАНОВСКО-ЛИПКОВСКИОТ РЕГИОН Повеќе од 170 раселени лица од кумановско-липковскиот регион, сместени во приватни сместувалишта, нема да излезат на претседателските избори бидејќи се плашат да гласаат во Опае, Матејче и во Ропаљце, села од поранешните кризни региони.

Иселениците не ја пополнуваат „сивата зона“ во избирачкиот список

Време - 15.04.2004

СПОРЕД ПОДАТОЦИТЕ НА МВР Диана Младеновска Во системот на Министерството за внатрешни работи се евидентирани 69.217 македонски државјани што живеат во странство, а имаат право на глас. Тоа е една третина од околу 220.000-те гласачи што, според сознанијата на „Време“ и според тврдењата на ...

До 16 часот на гласање излегле 26,3 отсто од избирачите

Време - 15.04.2004

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА До 16 часот вкупно 446.411 гласачи, или 26,3 отсто од запишаните од избирачкиот список, излегле на избирачките места. Според информациите од ДИК, во овој период најголем бил одѕивот во Берово, каде што гласале 41 отсто избирачи, а најмал во Тетово, каде што на изборите ...

Политичарите посакаа фер и демократски избори и масовен одѕив

Утрински - 15.04.2004

Претседателските кандидати и лидерите на политички партии вчера го остварија своето граѓанско право Претседателските кандидати и лидерите на политичките партии во државава посакаа одржување мирни и демократски избори и масовен одѕив на граѓаните.

Пендаровски: Најтешкиот ден од изборите ќе биде на 28 април

Утрински - 15.04.2004

ОЦЕНА Најтешкиот ден за Државната изборна комисија ќе биде 28 април кога е предвидено одржување на вториот изборен круг, изјави вчера претседателот на ДИК, Стево Пендаровски. Тој е оптимист за одѕивот на гласачкото тело и верува дека по завршување на изборниот ден, односно по затворање на ...

Добар изборен ден во Македонија

Дневник - 15.04.2004

ПРВ КРУГ ОД ВОНРЕДНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ Партиските штабови навестија дека очекуваат одѕив на избирачите од околу 60 отсто Во мирна и свечена атмосфера, без поголеми инциденти, вчера во Македонија се одржа првиот круг од вонредните претседателски избори.

Гласањето помина во демократска атмосфера

Дневник - 15.04.2004

ВО ТЕТОВО И ВО ГОСТИВАР Гласањето за избор на претседател на државата во Гостивар со уште девет општини и во Тетово плус осум општини вчера до 14 часот помина без инциденти. До 14 часот во Гостивар и околните општини гласале 15 отсто од 115.000 граѓани со право на глас.

Раселените и годинава ќе жнеат троскот

Дневник - 15.04.2004

ПРОДОЛЖУВААТ МАКИТЕ НА БЕГАЛЦИТЕ ОД ЛИПКОВСКО Околу 600 Македонци и Срби и пролетва нема да ги обработат имотите и се жалат дека не смеат да се вратат во родните куќи Нивите на околу 600 Македонци и Срби во Липковско и пролетва останаа неизорани, а неизвесноста до кога овие раселени лица ќе останат ...

Во метрополата гласање без возбуда

Дневник - 15.04.2004

СКОПЈЕ Солиден одѕив на гласачите и минимални нарушувања на изборната процедура го следеа изјаснувањето на граѓаните на Скопје на вчерашните претседателски избори. Во населбата "Методија Андонов - Ченто" на гласачкото место 2.495 членовите на избирачката комисија изјавија дека тројца гласачи се ...

Одземени и уфрлени ливчиња во Шутка и во Непроштено

Дневник - 15.04.2004

Дваесетина непознати лица ги одзеле гласачките ливчиња од избирачкиот одбор и со нив ги наполниле гласачките кутии во училиштето "26 јули" во скопската населба Шуто Оризари, соопштија набљудувачите на граѓанската асоцијација МОСТ.

Полицијата интервенирала во неколку гласачки места

А1 - 14.04.2004

Од утрово полицијата неколкупати интервенирала на гласачките места по барање на претседателите на одборите заради зачувување на јавниот ред и мир. Станува збор за поситни инциденти со кои се нарушувал текот на гласањето. „Во неколку наврати е побарано од одборите, така во Црн врв е побарано според ...

Според МОСТ имало неправилности во Шуто Оризари

А1 - 14.04.2004

Според информациите на граѓанската асоцијација МОСТ 20 непознати лица во две избирачки места во Шуто оризари ги одзеле гласачките листови и ги наполниле кутиите. Набљудувачите на МОСТ поради закани од нив ги напуштиле сите избирачки места во Шутооризари.

Гласањето во избирачките места ширум Македонија се одвива мирно

А1 - 14.04.2004

Во избирачките места во Тетово се удвои процентот на гласачи во однос на раните утрински часови така според изјавите на ДИк и претседателите на избирачките одбори процентот на излезени гласачи изнесува над 20%. На сите 211 избирачки места гласањето во Тетовско започна без проблеми освен во село ...

ДПМНЕ и ДПА имаат забелешки за изборниот процес

А1 - 14.04.2004

Изборниот штаб на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ има одредени забелешки за денешниот тек на гласањето. „Беа констатирани многу инциденти не само нарушување на изборниот процес туку и инциденти за кои ја алармиравме ДИК и ОБСЕ.

ДИК: Изборите поминаа во демократска атмосфера, излегоа 55,44% од гласачите

А1 - 14.04.2004

Точно во 19 часот се затворија сите избирачки места освен во Црн врв каде гласањето не ни започна и во оние места каде гласањето беше пролонгирано поради прекин во текот на денот. За тоа како поминаа изборите тука ќе ни каже Стево Пендаровски претседател на ДИК.

Според првите неофицијални резултати води Црвенковски

А1 - 14.04.2004

Портпаролот на ДИК, Зоран Таневски, ги соопшти првичните конкретни резултати од обработени 84% од гласачките ливчиња. Одзивот на гласачите во првиот круг на претседателските избори бил 55,44%. „Од обработените гласови кандидатите ги добиле следните гласови: „Тоа е од оној процент на обработени ...

Граѓаните од идниот претседател очекуваат вработување и подобар живот

А1 - 14.04.2004

Први,со отворањето на избирачките места уште во седум часот наутро гласаа постарите граѓани, велат, како што е ред. Да завршат со гласањето, па да продолжат со другите обврски во денот. „Да гласаме порано потоа можеби ќе има гужва“, рече еден граѓанин.

MOСТ: Одзивот на гласачите до 17.50 часот бил 49%

А1 - 14.04.2004

Според граѓанската асоцијација МОСТ до 17.50 часот на гласање излегле помеѓу 48,5 и 49% од гласачите. Асоцијацијата регистрирала и нови случаи на неправилности при гласањето во Демир Хисар каде имало гласање без лични карти. Забележани се случаи каде еден гласач гласал за повеќемина, а забележани ...

Не лажеа сите, не очекуваме ништо да се смени

Вест - 14.04.2004

ВО СКОПЈЕ И ВО КУМАНОВО ГЛАСАА РАСЕЛЕНИТЕ Министерството за правда до Државната изборна комисија достави списоци, според кои право на глас имаат 8.601 раселено лице, околу илјада болни и немошни лица, како и 1.362 лица кои издржуваат казна затвор или се Министерството за правда до Државната изборна ...

Македонија избира шеф на државата

Време - 14.04.2004

ТРЕТИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ Диана Младеновска Граѓаните на Македонија денеска од 7 до 19 часот на 2.973 избирачки места во земјава ќе можат да го искористат своето право на глас на третите по ред непосредни избори за претседател на државата.

Граѓаните на Македонија денеска гласаат за претседател

Утрински - 14.04.2004

Избирачите треба да се определат меѓу четворица кандидати за шеф на државата: Џелили, Црвенковски, Острени и Кедев Граѓаните на Македонија денеска гласаат за нов претседател. Во првиот круг на овие вонредни претседателски избори, кои прв пат се одржуваат во среда, наместо во недела како што беше ...

Војниците, раселените, затворениците и болните гласаа вчера

Утрински - 14.04.2004

Еден ден пред одржувањето на третите вонредни претседателски избори во земјава На 170 раселени лица им беше скратено правото да гласаат, бидејќи се сместени во приватни сместувалишта во Куманово Војниците, болните, внатрешно раселените лица, снемоштените и затворениците, согласно со одлуката на ...

Гласаа војниците, раселените, болните и осудениците

Дневник - 14.04.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ Околу 180 лица ги нема на избирачкиот список вели Новко Атанасовски, претседател на избирачкиот одбор во хотелот "Кристал" во Куманово Со отворањето на гласачките кутии, вчера во 7 часот почна гласањето за избор на претседател на државата.

Македонија избира

Дневник - 14.04.2004

денеска вонредни претседателски избори За да може да гласаат, граѓаните мора да носат важечка лична карта или патна исправа и да бидат запишани во единствениот избирачки список Граѓаните на Македонија денеска ќе избираат претседател на државата.

Слаб одзив на раселените лица на денешното гласање

А1 - 13.04.2004

Во 7 часот беа отворени двете избирачки места каде што гласаа раселените лица од скопско, Тетовско и Кумановско. Раселените сместени во скопските колективни центри гласаа во домот „Здравко Цветковски“, а оние од Кумановско во хотелот Кристал во Куманово.

Денеска и утре ќе се гласа за претседател

Време - 13.04.2004

ИЗБОРИ Диана Младеновска Граѓаните со право на глас денеска и утре, по третпат во независна Македонија, ќе гласаат за еден од четворицата кандидати за претседател на државата. Синоќа на полноќ почна изборниот молк, а од утринава гласаат раселените, војниците, затворениците, болните и снемоштените ...

Денеска гласаат војниците, раселените и болните

Утрински - 13.04.2004

Кампањата на претседателските кандидати заврши и Македонија е во предизборен молк Гласачкиот материјал веќе е дистрибуиран во 34-те општински изборни комисии. По промените во Единствениот избирачки список е утврдено дека право на глас ќе имаат 1.695.103 избирачи САШКО ДИМЕВСКИ - ЖАКЛИНА ЃОРЃЕВИЌ ...

Денеска гласаат војниците, затворениците и раселените

Дневник - 13.04.2004

УТРЕ ВОНРЕДНИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ Утре, 14 април, ќе се одржат вонредните претседателски избори. Изјаснувањето на електоратот почнува денеска, со гласање на лицата кои се на отслужување на воениот рок, затворениците и на внатрешно раселените лица.

Започна изборниот молк

Канал5 - 13.04.2004

Ноќеска на полноќ заврши предизборната кампања и почна изборниот молк во рамките на претседателските избори 2004 година што ќе се одржат утре. Внатрешно раселените лица, војниците во касарните, болните лица и затворениците ќе гласаат денеска.

Од полноќ започнува предизборниот молк

А1 - 12.04.2004

Утре први ќе гласаат војниците, внатрешно раселените како и лицата во казнено поправните домови. До посебните избирачки одбори кои ќе го спроведуваат ова гласање целокупниот гласачки материјал ќе се дистрибуира денеска. Внатрешно раселените лица утре ќе гласаат во двата колективни центри во Скопје ...