Српскиот амбасадор во Бугарија, Данило Вучетиќ соопшти дека е повикан во Белград на консултации, што претставува „мерка која што сведочи за незадоволството на Србија“ со одлуката на Софија да го признае Косово. Вучетиќ изјави дека предал протестна нота на бугарската влада поради одлуката да го ...
Портпаролот на Владата на Република Македонија, Ивица Боцевски, во врска со шпекулациите во некои косовски медиуми за тоа дека Македонија ќе го признае Косово во текот на денешниот ден за МИА изјави дека владиниот став е веќе соопштен и нема промени.
БЕЛГРАД, 22 март (АП) - Српскиот претседател Борис Тадиќ ги отфрли обвиненијата дека Србија сака да го подели Косово по етничка линија со поттикнување на насилства и тензии во северниот дел на Косово каде што доминираат Србите.
Белград- Според истражувањето на ТНС "Медиум галуп", доколку српските парламентарни избори се оддржеа во втората недела од март, коалицијата околу Демократската партија на претседателот на Србија Борис Тадиќ ќе освоеше 105 пратенички мандати, додека Српската радикална партија на Томислав Николиќ ќе ...
СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДЕЦИДЕН ЗА КОСОВО Српскиот претседател Борис Тадиќ ги отфрли шпекулациите за наводните намери на Белград да издејствува поделба на Косово и истакна дека Србија продолжува да инсистира на зачувување на неповредливоста на целата своја територија, јави српското радио „Б92“.
Владиниот став за признавањето на Косово е познат и нема промени, изјави владиниот портпарол Ивица Боцевски по вчерашните шпекулации во косовски медиуми дека Македонија денеска ќе го признае Косово. Албанската агенција ИНА, повикувајќи се на извори од албанската политичка елита во Македонија, вчера ...
Рускиот амбасадор во НАТО ги обвини САД дека со испраќањето воена помош на Косово вооружува поранешни терористи и оцени дека тој потег може да предизвика нови насилства во регионот Вашингтон ќе му испрати воена помош и оружје на Косово, вклучувајќи и борбени авиони, како поддршка на новата држава, ...
Во овој момент многу е важно НАТО да ја прими Македонија како полноправен член, за присуството на Алијансата да се спротивстави на сите агресии и напади од Косово и од Албанија. Ова го изјавил Лоренс Иглбергер, поранешен амбасадор на САД во Србија, во интервју за српскиот весник "Глас јавности".
Вашингтон, 21 март - Американскиот претседател Џорџ Буш одобри испорака на оружје за Косово како знак на воспоставувањето меѓувладини односи по признавањето на независноста. Во меморандумот на Белата куќа испратен до Стејт департментот, претседателот Буш наведува дека Косово може да добива ...
Отава - Признавањето на независноста на Косово од страна на Канада не може да биде оправдување за барањата за независност на провинцијата Квебек, тврди канадскиот премиер Стивен Харпер. Тој истакна дека случајот со Косово е уникатен и оти независноста е постигната со вмешување на меѓународната ...
Белград, 21 март - Србија ги повлече своите амбасадори од соседните држави Бугарија, Унгарија и Хрватска. Оваа одлука на Белград се дефинира како одговор на тоа што трите држави го признаа Косово, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.
Српскиот претседател Борис Тадиќ синоќа ги отфрли шпекулациите за наводните намери на Белград да издејствува поделба на Косово и истакна дека државата Србија продолжува да инсистира на зачувување на неповредливоста на целата своја територија.
Белата куќа смета дека САД има право да доставува оружје на Косово и оти таквите испораки се целосно законски бидејќи се засноваат на планот на Марти Ахтисари. Вашингтон, 21 март (МИА) - Белата куќа смета дека САД има право да доставува оружје на Косово и оти таквите испораки се целосно законски ...
САД не планираат да создаваат воена база на Косово, но ќе достават материјална помош и вооружување на новата држава, изјавил американски дипломат за Итар-Тасс, кој побарал анонимност. Вашингтон нема никаков интерес од создавање на каква и да било воена база на Косово, истакнал дипломатот.
АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Американскиот претседател Џорџ Буш одобри воена помош за Косово како знак за воспоставување на односите по признавањето на независноста, соопшти Белата куќа. Во меморандумот на Белата куќа, Буш наведува дека сега Косово е независно и може да добие одбранбен материјал во ...
Министерскиот совет на вчерашната седница одлучи да ја признае независноста на Косово, соопшти прес-службата на Владата на Бугарија. По седницата, премиерот Сергеј Станишев и вицепремиерот и министер за надворешни работи Ивајло Калфин, на прес-конференцијата ги образложија причините за признавањето ...
Владата на Бугарија ја официјализираше денеска одлуката за признавање на независноста на Косово. Двете држави ќе воспостават дипломатски односи на ниво на амбасади, а детали за одлуката на Владата во Софија попладнево ќе соопшти премиерот Сергеј Станишев.
БЕЛГРАД, 20 март (Ројтерс) - Соседите на Србија, Хрватска, Унгарија и Бугарија, вчера и зададоа удар на српската кампања за поништување на едномесечната независност на Косово кога соопштија дека ќе ја признаат новата република.
Дипломатски извори изјавија дека неколку бугарски семејства си заминале од Србија, загрижени за својата безбедност Српските соседни земји Хрватска и Унгарија вчера официјално ја признаа независноста на Косово, а Бугарија најави дека тоа ќе го направи денеска.
Српските министри Бобан Станковиќ и Ненад Рашиќ денеска учествуваа на седницата на Владата на Косово, прв пат откако косовските институции ја прогласија независноста, пренесоа приштинските електронски медиуми на албански јазик.
Во знак на протест, претставникот на српската заедница во хрватската влада вчера поднесе оставка БЕЛГРАД - Соседите на Србија - Хрватска, Унгарија и Бугарија - вчера и' зададоа удар на српската кампања за укинување на едномесечната независност на Косово, најавувајќи дека ја признаваат новата ...
Целта Косово да добие признавање на независноста на половина членки на ОН до септември е тивко напуштенa, за да биде заменет со идејата за предност на „квалитетот над квантитетот“, пишува денеска лондонски „Тајмс“. Судејќи според зборовите на претставникот на ЕУ за Косово Питер Фејт, таа идеја ...
Српскиот премиер Воислав Коштуница изјави дека одлуката на Џорџ Буш да го вооружи Косово е нов „длабоко погрешен чекор на САД по незаконското признавање на едностраната независност“. „На Косово веќе има премногу оружје и наместо дополнително да ги вооружуваат Албанците, би било потребно Америка да ...
Република Македонија, која е сосед и на Србија и на Косово, планира наскоро да ја признае новата држава во соседството, тврди „Фајненшл тајмс“, повикувајки се на неименувани функционери во Скопје. Лондонскиот весник наведува дека тоа е важен чекор за смирување на сопственото албанско малцинство кое ...
Министерскиот совет одлучи денеска да ја признае независноста на Косово, соопшти прес службата на Владата на Бугарија. Ќе бидат воспоставени дипломатски односи на ниво на амбасади. Софија, 20 март (МИА) - Министерскиот совет одлучи денеска да ја признае независноста на Косово, соопшти прес службата ...
Самоизолација или демократизација Србија на крстопат Повеќето партии во Србија се сложуваат со констатацијата дека вонредните избори се логичен излез од постојната криза. Но, кризата може да продолжи и по изборите, затоа што составот на следната нова коалиција може да биде многу сложен, освен, ако ...
Хрватската влада на вчерашната затворена седница го призна Косово. За ова не гласаше потпретседателот на Владата, Слободан Узелац, кој е од српската партија СДСС. Веднаш по седницата тој поднесе оставка и манадот му го даде на располагње на премиерот Иво Санадер, меѓутоа, како што дознаваме, ...
Канада ја призна независноста на Косово, изјави канадскиот министер за надворешни работи Максим Берниер. „Го признавме Косово како независна држава”, рече Берниер синоќа и додаде дека станува збор за „единствен случај” што не може да се користи како преседан.
Владите на Бугарија, Унгарија и Хрватска се договорија да дадат заедничка изјава во врска со нивните претстојни национални решенија за признавање на Косово, јави БТА повикувајќи се на соопштение од канцеларијата на портпаролот на Министерството за надворешни работи.
Кризата во Македонија се надоврзува на драматичните настани во Косово Од нашиот дописник Томислав Ивановски ЛОНДОН - Владината криза во Македонија, а посебно излегувањето на единствената партија на Албанците од владиниот состав, предизвикаа вознемиреност во британските медиуми, кои стравуваат дека ...
Загреб - Хрватска, Унгарија и Бугарија, три држави кои граничат со Србија, можно е денес да ја признаат независноста на Косово, објавија вчера хрватски весници. „Хрватската влада може да ја признае в среда независноста на Косово“, наведува „Јутарњи лист“.
Центарот за истражување и креирање политики спроведе анкета кај македонските граѓани за испитување на јавното мислење дали да се признае Косово. Поголем е бројот на граѓаните кои не се согласуваат Косово да се признае како независна држава.
Српските соседи Хрватска, Бугарија и Унгарија денеска ќе ја признаат независноста на Косово, објавија загрепските весници „Јутарњи лист“ и „Вечерњи лист“.Хрватскиот амбасадор во Србија, Тончи Станичиќ, за весникот „Политика“ изјави дека Загреб „евентуално“ ќе ја признае еднострано прогласената ...
Хрватска и Унгарија денеска ја признаа независноста на Косово, со што станаа првите соседи на Србија кои презедоа ваков чекор. На одлуката на двете земји и претходеше заедничка изјава на хрватската, унгарската и бугарската влада во која се најави признавањето на независноста на Косово.
Јапонската Влада денеска ја објави одлуката со која официјално ја призна независноста на Косово, соопшти Франс-прес. „Се надеваме дека долгорочната перспектива на Косово ќе придонесе за регионалната безбедност“, изјави министерот за надворешни работи Масахико Комура.
БЕЛГРАД, 18 март (Ројтерс) - Србија и нејзиниот сојузник Русија се консултираат да преземат заеднички мерки за да се спречат сите форми на насилства против косовските Срби, изјави вчера премиерот во оставка на Србија, Воислав Коштуница.
Европа-Балкан Иван Торов Дали проблемите на Србија (околу Косово), Македонија и БиХ се најдоверлив индикатор дека и ЕУ е во криза? БЕЛГРАД - Старата добра обединета Европа во последните месеци преживува вистински кошмар. Таа се посвети на смирување и амортизирање на реакцијата на Србија на губењето ...
„Њујорк тајмс“ во својата денешна анализа истакнува дека судирите на српските демонстранти и меѓународните сили во северниот дел на Косовска Митровица претставуваат најсериозен бран на насилство кое се случило на таа територија од кога на 17 февруари косовските Албанци еднострано прогласија ...
Прогласувањето независност на Косово по се изгледа ќе го искомпликува претстојниот самит на НАТО, кој во април ќе се одржи во Букурешт и ќе ги влоши веќе затегнатите односи меѓу Алијансата и Русија, оценува "Фајненшел тајмс".
Некои компании планираат да отворат бензински пумпи, синџир на маркети, конзервна фабрика, а за влез е заинтересирана и фирма од Пеќ , која работи со компјутерска опрема Косово е еден од најзначајните трговски партнери на Македонија и политичарите и бизнисмените не треба да го занемарат тој факт, ...
Косово инсистира сите производи да имаат детали за „Република Косово“, што е неприфатливо за Србија БЕЛГРАД, ПРИШТИНА - Црвената кутија на бисквитите „плазма“, еден од најомилените производи во поранешна Југославија, нуди брз вовед во дилемата за бизнисот заглавен во политичките расправии меѓу ...