TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Трите "НЕ" за Македонија

Вечер Прес - 13.05.2006

Трите "Е" на СДСМ, всушност претставуваат три големи "НЕ" за Македонија. Три големи "НЕ", кои ги доведоа граѓаните на работ на катстрофата. Три "НЕ", кои се пресудни за сите економски, образовни, а со тоа и евроинтеграциски неуспеси. Меѓутоа, работите почнаа да се менуваат.

Учителки по секс "предаваа" во "Би ту"!

Вечер Прес - 13.05.2006

Полноќ! На сцена стапнува водителот Боки и ги најавува ѕвездите на вечерта - три девојки и едно згодно момче - поранешен мистер. И покрај тоа што е најавено порно шоу, речиси никој во публика и не мрднува, нема атмосфера. Кој би поверувал дека среде Скопје може да се случи и таква лудост?! Ама ...

"МИ-АНОВА-та Енциклопедија" најоригинално дело

Вечер Прес - 13.05.2006

"МИ-АНОВА-та Енциклопедија, општа и македонска" е прогласена за најдобро оригинално издание меѓу двата саема од страна на издавачите и книжарите во Македонија. Жири-комисијата, во состав проф. Александар Цветкоски (претседател), Веле Смилески и Ресус Шабани, втората награда во оваа конкуренција ја ...

Хари Мата Хари ќе ги тужи "Версаче"

Вечер Прес - 13.05.2006

Босанскохерцеговскиот евровизиски претставник Хари Варешановиќ алијас Хари Мата Хари останал без костумот за Атина. Пред заминувањето во грчката престолнина облеката од Донатела Версаче стигнала, но не онаква каква што ја нарачал Хари.

Уште "санкции" да им воведат!

Вечер Прес - 12.05.2006

Европската комисија идната недела ќе им се закани на Бугарија и Романија со стопирање на предвидената финансиска помош, доколку целосно не ги спроведат започнатите реформи, објавуваат вчера бугарските медиуми повикувајќи се на предлог-извештајот што Еврокомисијата треба да го објави на 16 мај.

Перо Антиќ ги "скина" мрежичките

Вечер Прес - 12.05.2006

Нашиот кошаркар интернационалец Перо Антиќ ја прикажа најдобрата игра, откако настапува во дресот на Црвена Звезда. Во петтото коло од националното првенство на СЦГ, неговиот тим славеше против Хемофарм со 85:75, во дербито на колото.

"Ледено доба - 2"

Вечер Прес - 12.05.2006

Популарниот анимиран филм, познат како "Ајс ејџ", "дојде" и во Скопје. Малото предисториско животно што личи на верверица, симпатичниот опосум ги води повторно неговите пријатели во "спасување" на светот. Во првиот дел, со предисториските животни, мамутот и тигарот, им го враќаа бебето на луѓето ...

Република на "фудбалско игралиште"

Вечер Прес - 12.05.2006

Британецот Алекс Хартли, планира да прогласи независност на еден мал остров што се појави во реонот на Арктикот како последица на глобалното затоплување, јавија вчера норвешките медиуми. Островот со големина на фудбалско игралиште се појави по топењето на еден глечер во норвешкиот архипелаг ...

Билетите за "Апокалиптика" 600 денари

Вечер Прес - 12.05.2006

Светска атракција "Апокалиптика" на 30 мај доаѓа во Скопје. Концертот ќе биде на скопско лизгалиште со почеток во 21:00 часот, а ќе почне со настап на една од најнадежните македонски рок-групи во моментов - Дедицатед фор Лифе. А во 22 часот ќе почне настапот на ѕвездите.

Градат "старо" училиште, се фалат дека е ново

Вечер Прес - 12.05.2006

- Укажуваме дека Владата не гради на местото на опожарените училишта, туку го узурпира и доградува веќе започнатото училиште, за кое Советот на општината веднаш по пожарот, донесе одлука да го гради Општината, а на местото на опожарените да гради Република Македонија, наведува градоначалникот на ...

"Расадник" на млади таленти

Вечер Прес - 12.05.2006

Жителите на Бутел добија ново спортско игралиште. Сместено на полпат кон Радишани, во "Расадник" ќе биде вистинско место за спорт и рекреација најмладите од двете населби. Екипите на Бутел и Радишани, вчера го одиграа и првиот натпревар во мал фудбал.

Заем за изградба на ХЕЦ "Света Петка"

Вечер Прес - 11.05.2006

"Електрани на Македонија", со аманет на Владата, ќе склучи договор за земање кредит од Дефа Банка од Никозија, Кипар во износ од 57,4 милиони евра. Парите од заемот ќе бидат наменети за имплементација на втората фаза од проектот за изградба на ХЕЦ "Света Петка".

Донации за "Цветан Димов", но и за Радовиш

Вечер Прес - 11.05.2006

Градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, и претставникот на Европската унија во Македонија, Ерван Фуере, вчера го посетија Саемот на книгата што се одржува во една од халите на "Скопски саем" при што донираа средства кои ќе бидат наменети за опожарените училишта во Радовиш.

Портокалова "Преродба на Македонија"

Вечер Прес - 11.05.2006

Економски пресврт, намалување на невработеноста и сиромаштијата, се главните точки во изборната програма на ВМРО-ДПНМЕ насловена како "Преродба во 100 чекори", што вчера беше презентирана пред неколку илјади луѓе присутни во скопскиот хотел Холидеј Ин. ВМРО-ДПМНЕ вети најниски даноци во Европа.

Изградбата на "Кермес" продолжува

Вечер Прес - 11.05.2006

"Изградбата на "Кермес" нема да биде сопрена и таа ќе продолжи и понатаму независно од најавите за судска постапка. Во моментов само сакаме да го доусовршиме постоечкиот проект за тој да одговара на вистинските потреби на паркот, изјави вчера скопскиот градоначалник Трифун Костовски.

"Сликите што свират"

Вечер Прес - 11.05.2006

Скопскиот џез фестивал, во соработка со Скенпоинт, затсиноќа во Музеј на град Скопје организираше прослава на еден убав јубилеј - прикажување на десетте календари од последниве десет години, кои изминативе години беа знак на распознавање.

Порно ѕвезди во "Би-ту"

Вечер Прес - 11.05.2006

Вечерва со почеток од 23 часот, во скопската дискотека Би-ту на "репертоарот" како гости доаѓаат еротски, односно порно ѕвезди "Хот шоу Србија”. Станува збор за три девојки плус едно машко - поранешен носител на титулата Мистер. Во нивната екипа се и диџеи со одбрана музика и провокативно сценарио.

"Проблем"

Вечер Прес - 11.05.2006

Филмот "Проблем" ќе го гледаме од 11 - 14 мај (21 ч.) во Арт кино "Фросина" во МКЦ. Германскиот режисер Хари Клевен се "здружил" со европска екипа, па во овој трилер ангажирани се францускиот актер Бенот Магимел, Германката Наташа Рејнер, Белгиецот Оливиер Гурме.

"Даворин" го обединува Балканот

Вечер Прес - 11.05.2006

Музичките награди "Даворин" четири години традиционално се доделуваат во Сараево. Оваа година такви награди, по прв пат ќе се доделат и на музичари во Србија и Црна Гора и Хрватска. Наградите името го добиле по Даворин Поповиќ, легендарниот пејач на групата "Индекси".

Татко на обвинет за убиство одби да сведочи

Дневник - 10.05.2006

На вчерашниот судски претрес во Основниот суд во Куманово Јетиш Сејдии (54), татко на Адмир Сејдии (24), обвинет за убиство на Сашо Димитровски-Боксер (45) од Куманово, одби да сведочи. Тој го искористи законското право и не сакаше да појасни во врска со критичната ноќ, кога на 9 септември минатата ...

Селектирана "среќна 13"

Вечер Прес - 10.05.2006

Уметничкиот директор на МТФ "Војдан Чернодрински", Ѓунер Исмаил, селектираше 13 претстави за годинешниот фестивал, што ќе се одржи во Прилеп по 41-пат од 2 до 9 идниот месец. Во официјалната конкуренција влегуваат седум проекти: "Дон Жуан" на Драмскиот театар, "Женидба" на НТ Битола, "Оркестар ...

По традиција "харашо"!

Вечер Прес - 10.05.2006

Силите, кои денес повторно се обидуваат да ги оживеат симболите на нацизмот и сеат расистичка омраза, екстремизам и ксенофобија, го водат светот кон слепа улица, кон бесмислено крвопролевање и жестокост, рече рускиот претседател Владимир Путин во говорот пред парадата на Црвениот плоштад во чест на ...

Јаделе "за душа" - испуштиле душа!

Вечер Прес - 10.05.2006

Три лица починаа, а 111 се хоспитализирани во градот Бор, јужна Турција поради труење со храна раздавана на погреб во неделата. Здравствената состојба на едно од лицата кои се во болница е сериозна, соопшти локалната болница.

"Нинанајна" тргна во освојувачки поход

Вечер Прес - 10.05.2006

Елена Ристеска, нашата овогодинешна евровизиска претставничка завршната пресконференција пред походот на Атина ја искористи да каже дека подготовките успешно се завршени и екипата е подготвена за достојно претставување. "Се што требаше да направиме, направивме", едногласна е целата официјалната ...

Грк го наместил полицаецот од "Богородица"?

Вечер Прес - 10.05.2006

Со распит на неколкумина обвинети од најголемата судска постапка за криумчарење мигранти и возила, фалсификување исправи, вчера во Основниот суд Скопје 1 продолжи постапката против 28 обвинети. Благоја Балески, таксист од Прилеп, призна дека превезол тројца патници до село Ракле.

Се "осеќав" немоќно ко Гоце Делчев на Баница!

Вечер Прес - 10.05.2006

Во младоста на секој од нас постои една пресвртна вечер, која е полна со желби и очекувања дека - од утре цел свет ќе биде поразличен. Иако, другиот ден чуда сепак не се случуваат, таа вечер наречена "матурска" е многу важна, на која со години и години потоа се сеќаваме со задоволство.

"Јас и натаму држам час"

Вечер Прес - 10.05.2006

Гледачите на кабелската телевизија, веројатно, слушнале за гаснењето на Третиот канал на Српската национална телевизија РТС, и забраната за емитување на БК телевизија. Од тука, многу водители размислуваат за преминување на некоја друга, нова или стара телевизија.

ОДБИ ДА СВЕДОЧИ ТАТКОТО НА ОБВИНЕТИОТ ВО СЛУЧАЈОТ "БОКСЕР"

Вечер Прес - 10.05.2006

Вчера во Основниот суд во Куманово во својство на сведок се појави Јетиш Сејдии (54) таткото на Адмир Сејдии (24) обвинет за убиство на Сашо Димитровски-Боксер (45), сите од Куманово. Таткото на обвинетиот го искористи законското право и одби да сведочи за случувањата настанати на 9 септември ...

"Четници ли се четници"

Вечер Прес - 09.05.2006

"Ти си четничко копиле", и вели мајката на ќерката во пресудниот момент на филмот "Грбавица" кога се дознава сета трагедија од приказната на мама Есма и ќерката Сара (Луна Мијовиќ). "Мојот татко го заклаа четниците. Мојот татко е шехит (маченик).

"Апаурински" хитови!

Вечер Прес - 09.05.2006

Едо Маајка пред неколку вечери одржа промотивен концерт во загрепски Аквариус, каде го презентираше својот нов албум "Стиго ќумур". Овој рапер е без влакно на јазикот, составува најубиствена рима, се пожестоко и без милост фрла огнови по секоја закана на човечкото достоинствно, сите го знаат и е со ...

За секоја песна, по еден "бисер"

Вечер Прес - 09.05.2006

Поп пејачката Андријана Јаневска, пред објавувањето на својот нов албум, активно работи и на својот имиџ. Новата соработка се однесува со стилистката Тања Веда. - Кога почна да се потготвува буклетот за новиот албум на Андријана, одлично се вклопи идејата да изработам накит за секоја од десетте ...

"Да" за старски дом во Штип

Вечер Прес - 08.05.2006

"Има потреба од отворање на центар за стари лица во Штип", заклучија претставниците на здруженијата на пензионери од источна Македонија и на центрите за социјална работа од овој регион, поддржани од организаторот на средбата, невладината организација ЕХО.

Бојкот за филмот "Кодот на Да Винчи"

Вечер Прес - 08.05.2006

Грчката православна црква ги повика верниците да го бојкотираат гледањето на филмот "Кодот на Да Винчи", кој треба да се прикажува во грчките кино-сали кон крајот на месецов. Светиот Синод потврди дека пред прикажувањето на филмот ќе издаде брошури во кои граѓаните ќе бидат предупредени да не го ...

Уплав од "источњаци"!

Вечер Прес - 08.05.2006

Околу 63 отсто од граѓаните на Европската Унија стравуваат дека понатамошното проширување на ЕУ со "источни" земји ќе ги зголеми проблемите на пазарот на работна сила во нивните држави, покажуваат најновите резултати од испитувањето што го спроведе Евробарометар.

Градот го 'истресоа" 500 американски агенти

Вечер Прес - 08.05.2006

Прелети на хеликоптери и товарни авиони кои во воздушното пристаниште Ќилипи кај Дубровник изминатава недела донесоа тони сигурносна опрема, ноќно заварување на хидранти и цевките од сообраќајните знаци, вадење на сите поштенски сандачиња , канти за отпадоци , контејнери , детално пребарување на ...

Се "чешлаше" и Ваљево

Вечер Прес - 08.05.2006

Акцијата на специјалните сили на српската полиција во потрага по Ратко Младиќ и неговите соработници, вчера продолжи на територија на западна Србија. Главната акција се одвиваше во Ваљево и неговата околина, а траеше повеќе часови.

Расчистување на "спорните" теми

Вечер Прес - 08.05.2006

Под досега невидени мерки за безбедност, што ги изреволтираа сите граѓани, викендов во Дубровник престојуваше американскиот потпретседател Дик Чејни. Во саботата, доцна попладне, тој разговараше со премиерот Иво Сандаер, но главната средба беше со претседателот Стипе Месиќ, бидејќи "спорните" теми ...