Отворен специјализиран бутик за накит Стефани Тодорова, Анџела Витанова и Елизабета Димовска, манекенки од Модното студио "Црнокрак", во средата во кафе-барот "Тренд" ја претставија најновата колекција на сребрен и златен накит и рачни часовници на марката "оксет".
Грчкот бренд за накит и часовници" Оксет" завчеравечер го презентираше својот ексклузивен накит во ноќниот клуб" Тренд", по повод отварањето на новата продавница во Скопје. Накитот е изработен од злато и родирано сребро( без никел) кое не потемнува го носеа манекенки од модното студио "Црнокрак".
МОДНА ЖУРКА ВО „ТРЕНД“ Модна ревија и фотосесија на накит од познатата грчка марка „оксет“ ќе се одржи вечерва во клубот „Тренд“ како дел од модните журки што ги организира модното студио „Црнокрак“. Почетокот е закажан за 23 часот, а претходно во 20 часот свечено ќе биде отворена и новата ...
Вечерва од 23 часот, во ноќниот клуб "Тренд" ќе има модна ревија на накит со манекенките од модното студио "Црнокрак". Моделите ќе ја презентираат новата колекција на грчкиот накит "оксет". Новите парчиња од оваа колекција се од злато и од сребро, со светкави полускапоцени камења во неколку бои.
Во рамките на модните случувања што во средите се на репертоарот на клубот "Тренд" за вечерва е планирана ревија на накит. Се работи за познатиот грчки бренд "Оксет", што и официјално од денеска првпат ќе може да се најде на домашниот пазар.