TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Селекторот Јовановски се прости со пораз

Утрински - 11.01.2002

Висок пораз на Македонија од Финска 0:3 во последното коло на турнирот во Бахреин Фудбалската репрезентација на Македонија неславно ја заврши азиската турнеја забележувајќи висок пораз од селекцијата на Финска со 0:3, во рамките на последното трето коло на турнирот, на кој покрај овие две ...

Финците не беа фини со Македонија

Дневник - 11.01.2002

ФУДБАЛ - меЃународен турнир во Бахреин Со два бода по двете реми со Албанија и со Бахреин "црвено-жолтите" ќе бидат најмногу трети Македонската фудбалска репрезентација со пораз од Финска со 0-3 го заврши учеството на меѓународниот турнир во Бахреин.

Пo турнирот во Бахреин Македонија на трето место

А1 - 10.01.2002

Македонија - Финска 0:3. Пораз на нашата фудбалска селекција за крај на новогодишната турнеја во Бахреин. Ѓоре Јовановски се прости од селекторската клупа без победа и на 17 натпревар како предводник на репрезентацијата. Убедлив пораз по двата нерешени дуела на фудбалскиот турнир во Бахреин што го ...

Силјановски ја спаси честа

Утрински - 09.01.2002

Второ реми (1:1) на македонската фудбалска репрезентација на турнирот во Бахреин Утре нашата селекција игра против Финска Бахреин и Македонија одиграа 1:1, а идентичен резултат постигнаа и Финска и Албанија во второто коло од Меѓународниот турнир на Бахреин, кои се одиграа на националниот стадион.

Со победа над Финска, Македонија ќе биде прва на турнирот

Дневник - 09.01.2002

ПО РЕМИТО И СО БАХРЕИН Деби-голот на Силјаноски им донесе второ реми на "црвено-жолтите" на меѓународниот турнир во Бахреин ("Голф дејли" од Манама Специјално за "Дневник") Бахреин и Македонија играа нерешено, 1-1, во второто коло од фудбалскиот куп "Шут" во Бахреин.

Скрпениот фудбалски состав од Бахреин може да се врати и како победник

А1 - 08.01.2002

Далеку од очите на овдешната јавност, главно со по некоја бајата информација преку канцеларијата на фудбалскиот сојуз, некогаш дури и без неа, затоа со помош на странските агенции и на арапските сателитски телевизиски канали, овие денови на меѓународни настапи на македонските спортисти ги почнаа ...

Без примен и без даден гол на стартот

Вест - 08.01.2002

ФУДБАЛСКИ ТУРНИР ВО БАХРЕИН Спаси сигурен гол.- Гого Јовчев Македонската фудбалска репрезентација во првиот настап на турнирот во Бахреин, во средбата со Албанија играше нерешено 0:0. Десеткуваниот состав на нашиот национален тим, во првиот дуел против Албанија , на националниот стадион во Бахреин ...

Македонија и Албанија ремизираа во здодевен меч

Дневник - 08.01.2002

ФУДБАЛ - ТУРНИР ВО БАХРЕИН Финска го победи Бахреин со 2-0, а синоќа, во второто коло, играа Албанија - Финска и Бахреин - Македонија Вијаи Мрутјунјаја (Специјално за "Дневник" од Манама) Македонија и Албанија во саботата ремизираа без голови во здодевен меч, во вториот ден од "Купот Шут", ...

Македонија - Бахреин 1:1

А1 - 07.01.2002

Македонската фудбалска селекција по стартниот пораз од Оман, одигра и трет нерешен натпревар на новогодишната турнеја во Бахреин, против домашната селекција 1:1. Двата гола на натпреварот биле постигнати во првото полувреме. Домашната селекција на Бахреин повела во 11 минута со голот на Камир, ...