TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Виновниците се покајаа за минатонеделните инциденти

Вест - 02.10.2004

Седница на клубовите од Првата и од Втората фудбалска лига Претставниците на второлигашот Шкендија од Арачиново и на прволигашот од Шкендија од Тетово искажаа каење за минатонеделнити инциденти што се случија на мечевите со Тетекс, односно со Работнички Кометал.

"Дисциплинецот" Салиу ги затвори вратите пред новинарите

Вест - 30.09.2004

На вчерашнот сослушување со актерите од мечот во Арачиново Можеби плашејќи се дека дискусијата што се водеше при соочувањето со актерите на инцидентот што се случи по мечот во Арачиново ќе излезе во јавноста, "дисциплинецот" на ФФМ Зејди Салиу вчера ги затвори вратите за новинарите.

На дисциплинецот Салиу му пречат новинарите

Време - 30.09.2004

ФУДБАЛ Дисциплинскиот комесар во Фудбалската федерација на Македонија, Зејди Салиу, вчера ги отстрани новинарите што сакаа да бидат присутни на соочувањето помеѓу луѓето од Шкендија и фудбалерите и Управата на Тетекс, по повод инцидентот по нивниот меѓусебен меч одигран во саботата во Арачиново.

Суспендиран теренот во Арачиново

Дневник - 29.09.2004

по инцидентот на меЧот ШкендиЈа-тетекс Фудбалското игралиште во Арачиново, каде што настапува второлигашот Шкендија, е суспендирано. Комесарот за натпревари во ФФМ, Миле Спиркоски, се одлучи за ваква мерка по физичкиот напад врз играчите на Тетекс и судиите од страна на домаќините.

Касетата скратена-инцидентот и крајот не се снимени

Утрински - 29.09.2004

Според контролорот на судењетоп Апостол Крчев на мечот Шкенија-Тетекс МИОДРАГ МИЦКОВИЌ Дисциплинскиот комесар на ФФМ, Зејди Салиу, ќе има навистина многу работа да ги расчисти немилите сцени на саботниот второлигашки меч меѓу Шкендија и Тетекс (1:2) во Арачиново, на кој имаше и трето полувреме.

Теренот во Арачиново суспендиран, а во Тетово на дисциплинска

Вест - 29.09.2004

По инцидентите во изминатово коло По немилите настани што изминатиов викенд се случија на фудбалските натпревари Шкендија (А) - Тетекс (1:2) и Шкендија 79 - Работнички Кометал (0:1), Натпреварувачката комисија на ФФМ на вчерашната седница одлучи теренот во Арачиново да биде суспендиран, додека ...

Поднесени четири прекршочни пријави против навивачи од Арачиново

Време - 29.09.2004

МВР ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО САБОТАТА Министерството за внатрешни работи поднесе прекршочна пријава против Ч.Н. (25), Ф.Б. (35) и Р.А., сите од скопското селото Арачиново, поради физички напад на фудбалерите на Тетекс, по фудбалската средба Шкендија - Тетекс, одиграна во саботата. А.М.

Миле Спиркоски го суспендира теренот на Шкендија

А1 - 28.09.2004

Комесарот за натпревари на ФФМ Миле Спиркоски го суспендира теренот на второлигашот Шкендија од Арачиново поради физички напад врз судиите, гостинските фудбалери и управата на Тетекс. Случајот е предаден на дисциплинецот во федерација Зејди Салиу кој треба да ја одреди висината на санкцијата.

Лизгачки старт од зад грб за соживотот

Време - 28.09.2004

Фудбалерите на Шкендија викендов во Арачиново истурија грст сол на раната од 2001 година. Изѕидаа уште еден бедем на недоверба, страв, омраза, наспроти сите заложби ова скопско село да стане пример за мирен живот, разбирање и меѓуетничка толеранција.

Двете Шкендии се соочуваат со високи казни

Време - 28.09.2004

ФУДБАЛ - ПОРАДИ ИНЦИДЕНТИТЕ Прволигашот Шкендија 76 Тетово и второлигашот Шкендија Арачиново се соочуваат со високи дисциплински казни за инцидентите викендов на домашните терени во мечевите од своите натпреварувања. Според правилникот на дисциплинската комисија, двете Шкендии се соочуваат со казна ...

Во Тетово удрен судијата, во Арачиново спречен линч

Вест - 28.09.2004

"Трети полувремиња" во Првата и во Втората фудбалска лига Мечевите во Тетово и во Арачиново, што изминатиов викенд се одиграа во рамките на Првата и на Втората фудбалска лига, беа зачинети со инциденти. На тетовскиот прволигашки меч Шкендија 79 - Работнички Кометал (0:1) големата нервоза ...

МВР го потврдува инцидент и трага по напаѓачите

Утрински - 28.09.2004

Тепачка во Арачиново по саботниот натпревар меѓу Шкендија и Тетекс МИОДРАГ МИЦКОВИЌ Тешкиот инцидент во саботата по завршувањето на второлигашкиот натпревар во Арачиново меѓу домашната Шкендија и Тетекс го потврдува и полицијата.

Комесарот отвора досие за Арачиново и Тетово

Дневник - 28.09.2004

ИНЦИДЕНТИ Фудбалскиот второлигаш Тетекс вчера во ФФМ пријави инцидент на мечот во Арачиново, по натпреварот со Шкендија, во кој биле тепани играчите и судијата Наќе Ризов, а не бил поштеден ниту вториот помошник Гоце Недев. Тетовци прозваа дека и полицајците не ги заштитувале.

Ниту фудбалот не е безбеден во Тетово, Куманово и во Арачиново

Време - 28.09.2004

СПОРЕД ПОСЛЕДНИТЕ ИНЦИДЕНТИ НА СТАДИОНИТЕ Златко Крстевски Во Арачиново и во Тетово, во саботата и во неделата, за малку ќе имаше линчување на фудбалери, судии, раководители на клубови... И тоа само поради тоа што гостинските екипи победиле.

ЌОТЕК ЗА ТРИТЕ БОДА

Вечер Прес - 28.09.2004

ТЕТОВО, 28 СЕПТЕМВРИ.- Иако пред средбата не планираа ни најмал успех, фудбалерите на Тетекс со беспоштедната и пред се добра игра, успеаја среде Арачиново да ја совладаат екипата на Шкендија. Меѓутоа, трите освоени бода, †текстилци" скапо ги платија, со скршеници и модринки по телата и главите, ...

ФФМ ќе го расчисти инцидентот во Арачиново

А1 - 27.09.2004

Надлежните органи на Фудбалската федерација на Македонија ќе ги преземат сите мерки за комплетно расчистување на случајот, им порачал генералниот секретар на ФФМ Лазар Митровски на претставниците на Тетекс на денешниот состанок во куќата на фудбалот, по повод инцидентот по саботниот второлигашки ...

Фудбалерите на Тетекс избегнаа линч во Арачиново

Време - 27.09.2004

ФУДБАЛ – ВТОРА ЛИГА Александар Самарџиев Фудбалерите и Управата на македонскиот фудбалски второлигаш Тетекс од Тетово едвај спасиле глава во Арачиново, во саботата, по мечот против Шкендија, кој тетовци го добиле со 2-1. Победата била нивна најголема грешка.