TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Буш бара Ким да ги открие нуклеарните програми

Вест - 07.12.2007

ВАШИНГТОН, 7 декември (Ројтерс) - Американскиот претседател Џорџ Буш му пишал писмо на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ил во кое го потсетува дека Пјонгјанг мора да го исполни ветувањето да ги обелодени сите детали од своите нуклеарни програми, соопшти вчера Белата куќа.

Буш му испрати писмо на Ким Јонг-Ил

Утрински - 07.12.2007

ПЕКИНГ - Американскиот претседател Буш му испрати лично писмо на изолираниот лидер на Северна Кореја Ким Јонг-Ил, објави вчера Пјонгјанг, бидејќи се соочува со неизвесност кога и како ќе ги исполни чекорите за нуклеарно разоружување, договорени со Вашингтон.

Нуклеарното разоружување на Северна Кореја тече по планот

Макфакс - 07.12.2007

Токио Демонтажата на нуклеарната програма на Северна Кореја се одвива според планот, соопшти главниот американски преговарач за нуклеарната програма. Американскиот преговарач Кристофер Хил во текот на овонеделната посета на Пјонгјанг на претседателот Ким Јонг Ил му предаде писмо од американскиот ...

Разговорите за нуклеарната програма на Северна Кореја на крстопат

Макфакс - 07.12.2007

Сеул Разговорите, чија што цел е да се натера Северна Кореја да се откаже од амбициите да произведува нуклеарно оружје стигнаа до „крстопат“. Ова денеска го изјави јужнокорејскиот министер за надворешни работи Сонг Мин Сун кој посочи дека крстопатот се појавил поради разминувањата во однос на ...

Хил го обиколи нуклеарниот комплекс кај Пјонгјанг

А1 - 04.12.2007

Главниот американски преговарач за севернокорејската нуклеарна програма, помошникот државен секретар Кристофер Хил, го обиколи денеска нуклеарниот комплекс Јонбјон, северно од Пјонгјанг, по што замина на разговори со министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Пак Уи Чун.

Хил во посета на Северна Кореја

А1 - 03.12.2007

Американскиот помошник-државен секретар на САД Кристофер Хил, кој што е главен преговарач на САД за севернокорејската нуклеарна програма, пристигна денеска во посета на Северна Кореја. Целта на посетата е да ја изврши последната инспекција на севернокорејските нуклеарни инсталации во Јонбјон пред ...