TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Муминовиќ: Ако треба да бидеме казнети, тогаш и Делчо нека плати

Време - 09.12.2004

ФУДБАЛ - ГАЗДАТА НА СЛОГА Ј. ВЧЕРА ВО ПОСЕТА НА ФФМ На Слога Југомагнат ништо не и значи тоа што Делчо Јакимовски ќе биде избришан од листата на судии, кога тој ни нанесе неверојатна штета, која тешко се поправа, вели Рафет Муминовиќ, газдата на чаирскиот фудбалски клуб.

Потврден „кецот“ за Јакимовски

Време - 09.12.2004

ФУДБАЛ - СЕДНИЦА НА СТРУЧНИОТ СУДИСКИ СОВЕТ Стручниот судиски совет при ФФМ вчера ја потврди единицата за судијата Делчо Јакимовски, за неговото делење правда на мечот Слога Југомагнат - Работнички Кометал. Според Советот, „кецот“ за судискиот интернационалец е поради тоа што тој не досудил чист ...

Четири меча пауза за Јакимовски, Чаир суспендиран

Вест - 09.12.2004

ФФМ Поради досуден непостоечки пенал, во 89 минута, на минатонеделниот првенствен натпревар помеѓу Слога Југомагнат и Работнички Кометал (1:3), главниот судија Делчо Јакимовски доби единица од судискиот стручен совет, што автоматски значи пауза за него на четири натпревари.

Зелено светло за започнување на постапка против Делчо

Утрински - 09.12.2004

Стручниот совет на судиите ја прифати оценката за Јакимовски Емил Китановски СаШо Ѓ. Димовски Стручниот совет на фудбалските судии на својот вчерашен состанок ја прифати "единицата" на фудбалскиот интернационалец Делчо Јакимовски изречена од страна на контролорот на средбата на Чаир, и со тоа даде ...

Чаир суспендиран, кецот на Делчо потврден

Дневник - 09.12.2004

ФУДБАЛ - ФФМ Теренот во Чаир е суспендиран. "Единицата" на фудбалскиот судија Делче Јакимовски за арбитражата на мечот Слога Ј. - Работнички К (1-3), доделена од контролорот Раско Мишковски, е потврдена. Со тие одлуки на комесарот за натпревари и на Стручниот судиски совет, во ФФМ вчера официјално ...

На судијата Делчо му е отсвирено

Вечер Прес - 09.12.2004

Деновите на Делчо Јакимовски, како судија во македонскиот фудбал, се одбројани. По вчерашната одлука на Стручниот совет на судискиот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, да ја прифати оценката "единица" за Јакимовски, се наѕира крајот на контроверзниот "човек во црно".

Потврдена единицата за Делчо Јакимовски

А1 - 08.12.2004

Стручниот совет при судискиот одбор на Фудбалската федерација на Македонија му ја потврди единицата на судијата Делчо Јакимовски за арбитражата на неделниот првенствен натпревар Слога Југомагнат - Работнички Кометал. Откако ја прегледал снимката од спорните моменти, судиските експерти останале на ...

Единица за Делчо, суспензија на теренот на Слога?

Вест - 07.12.2004

Актерите на првенствениот меч во Чаир утре на тапет на органите на ФФМ По настаните што се случија финишот и по неделниот првенствен натпревар помеѓу Слога Југомагнат и Работнички Кометал (1:3), речиси е сигурно дека главниот судија на овој меч Делчо Јакимовски ќе добие слаба оценка, единица, а ...

Јакимовски доби „кец“, го чека бришење од листата

Време - 07.12.2004

ФУДБАЛ - ПО КАТАСТРОФАЛНАТА АРБИТРАЖА ЗАВЧЕРА НА ЧАИР Златко Крстевски Делчо Јакимовски, македонскиот интернационален фудбалски судија, заработи единица за неговото катастрофално делење на правдата на мечот Слога Југомагнат - Работнички Кометал (1-3), поради што имаше сериозен инцидент по мечот.

Последниот пенал на Делчо

Дневник - 07.12.2004

Коментар - Милорад Стојмановски Фудбалскиот судија Делчо Јакимовски со измислениот пенал на стадионот на Чаир го "отсвири своето". За судењето на натпреварот Слога Југомагнат - Работнички Кометал добил "единица" од контролорот, што ќе значи автоматска казна од најмалку еден месец.

Судијата Јакимовски заминува во предвремена пензија

Дневник - 07.12.2004

ПО СКАНДАЛОЗНИОТ ПЕНАЛ ВО ЧАИР Интернационалниот фудбалски судија Делче Јакимовски, по скандалозната одлука со досудениот пенал во последната минута на средбата меѓу Слога Југомагнат и Работнички Кометал, со што директно влијаеше на конечниот исход, ќе замине во предвремена пензија.

Делчо Јакимовски нема повеќе да суди сезонава

Вечер Прес - 07.12.2004

Контроверзниот фудбалски судија Делчо Јакимовски, се очекува да биде казнет со бришење од судиската листа, по лакрдијата што ја направи во Чаир во неделата. Како што е познато, Јакимовски драстично ја оштети екипата на Слога Ј., не досуди чист, а досуди непостоечки пенал за Работнички К.

Сивило, дволичност и инциденти во нашиот спорт

А1 - 06.12.2004

И по 13 години самостоен македонски спорт се уште се однесуваме малоѓраѓански и без фер плеј манири. Наместо натпревари што ќе бидат долго очекувани, нашиот спортски амбиент нуди сивило, дволичност и инциденти. Првенствените конкуренции најмалку постојат за играчите, уште помалку за гледачите, а ...

Работнички го преживеа и Чаир

Вест - 06.12.2004

Прва фудбалска лига - 16 коло Лидерот на табелата Работнички Кометал со многу маки успеа да дојде до трите бода на стадионот во Чаир, со што и по ова 16 коло ја задржа предноста од 10 бода пред второпласираниот Вардар. "Црвено- црните" во меч со многу пресврти триумфираше против локалниот ривал ...

Јакимовски избегна линч во Чаир

Дневник - 06.12.2004

ФУДБАЛ - ПРВА ЛИГА По досудениот пенал во 90. минута за Работнички К. со кој лидерот стаса до победа, навивачите на Слога Ј. сакаа физички да се пресметаат со интернационалниот судија, кој се спаси благодарение на полицијата и обезбедувањето Македонскиот интернационален фудбалски судија Делче ...

Судијата Јакимовски ја уништи Слога Ј.

Вечер Прес - 06.12.2004

Трикратниот шампион Слога Ј. го загуби, можеби, најважниот меч сезонава, во борбата за опстанок во Првата лига. Популарните "Гулаби", загубија на свој терен од лидерот Работнички К. со 1:3, најмногу "благодарение" на главниот судија Делчо Јакимовски.