TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кометал Ѓорче Петров-ФТЦ Будимпешта 31:28

А1 - 17.02.2007

Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров против ФТЦ Будимпешта ја остварија првата победа оваа сезона во лигата на шампионките. Завршницата во Кале беше драматична зашто кометалки за евро - опстанок преку КПК, мораа да победат со повеќе од три гола разлика, но славеа со 31:28 или со ист резултат со ...

Сега е денот „Д“

Време - 17.02.2007

ДЕНЕСКА ВО СРЦ „КАЛЕ“ КОМЕТАЛ ЃП - ФТЦ БУДИМПЕШТА (18 ЧАСОТ) ФТЦ Будимпешта, противникот на Кометал Ѓорче Петров во денешниот натпревар од 5. коло од ракометната Лига на шампионки (ЛШ), се надева на нерешен резултат во СРЦ „Кале“ (18 часот) и со тоа да го продолжи настапот во Европа, во Купот на ...

Ѓорчепетровки на поправен

Вест - 17.02.2007

РАКОМЕТ, ЛИГА НА ШАМПИОНИ - КОМЕТАЛ ЃП ГО ПРЕЧЕКУВА ФТЦ Победа над ФТЦ вечерва, каква било, по можност изразена со над три гола разлика, е она што во овој момент на малодушност им треба на ѓорчепетровки. Во прашање веќе не е борбата за четврт-финалето на Лигата на шампио Победа над ФТЦ вечерва, ...

Сега или никогаш за ѓорчепетровки

Утрински - 17.02.2007

Победа од четири гола разлика вечерва против Ференцварош ќе го доближи Кометал Ѓ.П. до КПК РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ И покрај сите пропуштени возови во нивниот најлош настап во Лигата на шампионите по дебито во 1993 година, поради развојот на настаните во групата Д ракометарките на Кометал Ѓорче Петров ...

Победа и за Наукович

Дневник - 17.02.2007

Кометал ЃП мора да брка 4 гола разлика против ФТЦ Будимпешта за да се пласира во КПК, каде што би им се придружила Русинката Многу мечеви сезонава во женската ракометна Лига на шампионките за Кометал ЃП беа „последна шанса“, но денешниот дуел во СРЦ „Кале“ (18 ч.

Нема избор - само победа

Вечер Прес - 17.02.2007

Вечерва во "Кале" (18 ч.) Кометал Ѓ. Петров, откако ги загуби шансите за пласман во четвртфиналето во ЛШ, во петтиот настап брка победа со повеќе од три гола разлика над унгарскиот Ференцварош и пласман во КПК Во 10. учество во Лигата на шампионите, откако се игра во групи, Кометал Ѓ.

Наукович почна да трча

Време - 15.02.2007

ПО НЕСРЕЌАТА Марина Наукович, бекот на Кометал Ѓорче Петров, завчера почна со трчање, но сигурно не е подготвена за преостанатите два натпревари на скопјанки во ракометната Лига на шампионки (ЛШ). Наукович имаше несреќа непосредно пред стартот на ЛШ.

Наукович почна да тренира

Вест - 15.02.2007

РАКОМЕТ - ПО ЕДНО И ПОЛМЕСЕЧНА ПАУЗА По едно и полмесечна пауза поради повреда, големото, но се уште неискористено засилување на Кометал Ѓорче Петров за оваа сезона, Марина Наукович, се врати на тренинзите. Русинката со македонски пасош за почеток ќе работи само на враќањето на кондицијата, без да ...

Маријана Тирка можеби ќе биде тренер на Кометал ЃП

Време - 15.02.2007

Маријана Тирка, тренерот на романскиот прволигаш Рулментул Брашов, е една од можните жени-тренери што може да седнат на тренерската клупа на Кометал Ѓорче Петров. На сегашниот тренер на Кометал ЃП, Андриј Портној, му истекува договорот во јуни и досега никој од управата на клубот не разговарал со ...

Ем преполовени, ем непослушни

Дневник - 15.02.2007

Радуловиќ со температура, Колесник го повреди коленото, Озел на испитувања, а тренерот вели: со овие играчи - толку! Место да ја подготвува тактиката за саботниот дуел со ФТЦ Будимпешта, што е најважниот меч во Д-групата на Лигата на шампионките за Кометал ЃП, тренерот Андриј Портној размислува ...

Тирка прва на списокот за тренер

Дневник - 15.02.2007

Никој не разговарал со мене, вели романската пријателка на Бојков Маријана Тирка, поранешна романска репрезентативка, сега тренер на Рулментул Брашов, е меѓу најсериозните кандидати да го замени Андриј Портној на тренерската позиција во Кометал ЃП.

Збогум за пет-шест играчи

Вест - 14.02.2007

КОМЕТАЛ ЃП НАЈАВУВА РЕМОНТ Управата на Кометал Ѓорче Петров ќе се откаже од услугите на пет-шест ракометарки по завршувањето на сезоната како дел од планираниот ремонт на играчкиот кадар. Во екот на сезоната не се соопштуваат имиња, како на оние што би си заминале, така и на играчите од списокот ...

Во Кометал ЃП доаѓа женски тренер?

Време - 14.02.2007

ОТКАКО ЌЕ ЗАМИНЕ АНДРИЈ ПОРТНОЈ Александра Мазнева Бундалевска Се погласни се шпекулациите дека во македонскиот женски ракометен првак Кометал Ѓорче Петров од следната сезона на тренерската клупа ќе седне женски тренер, неофицијално дознава „Време“.

Кометал ЃП ќе ангажира женски тренер

Дневник - 14.02.2007

Единствениот македонскиот женски ракометен првак, Кометал ЃП, в година ќе добие жена за тренер, што ќе биде првпат во историјата на клубот и на терените во земјава . Од извори блиски до спонзорот на клубот, се најавуваат и многу кадровски промени, се' со цел клубот веќе в година да се врати на ...

Шампионот подготвува ремонт

Вечер Прес - 14.02.2007

Спонзорот и управата на клубот размислуваат за квалитетни засилувања за новата сезона, а веројатно на 5-6 сегашни првотимки ќе им се каже збогум Откако се натпреварува во Лигата на шампионите (1993) и игра во групи од сезоната 1996/1997 година, Кометал Ѓ.Петров ја има најлошата сезона.

Четврта нула за скопјанки за збогум од ЛШ

Време - 13.02.2007

Кометал Ѓорче Петров се збогува со настапот во ракометната Лига на шампионки (ЛШ) по четвртиот пораз во групата Д, сега пак од Слагелсе (16-24), во неделата. Единствената можност за продолжување на натпреварите во Европа сезонава Кометал ќе ја бара во освојување на 3.

Спасот на сезоната е во КПК

Вест - 13.02.2007

РАКОМЕТ - КОМЕТАЛ ЃП ЕЛИМИНИРАН ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ На две кола до крајот, познати се двете екипи што Д-групата ги дава во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Таму оваа сезона нема да ги гледаме ѓорчепетровки, не ни заслужија, туку Хипо и Слагелсе се тие кои пр СЛАГЕЛСЕ - КОМЕТАЛ ЃОРЧЕ ...

Комплексот Легангер остана

Вечер Прес - 13.02.2007

Во четвртиот настап Кометал Ѓ.Петров против традиционално незгодниот противник Слагелсе го забележа четвртиот пораз во групата Во досега најслабо одиграната сезона во Лигата на шампионите Кометал Ѓ. Петров го доживеа и четвртиот пораз во "Д" групата, во исто толку настапи, со што нашиот првак се ...

Кометал Ѓорче Петров проголта уште една горка пилула

А1 - 12.02.2007

Во таборот на нашиот ракометен владетел, вчера во Данска белки конечно сфатија дека моменталната генерација е за неколку класи под нивото на шампионската од пред пет години, која уште два пати беше на чекор до европската титула.

Хипо му даде шанса на Кометал

Вест - 12.02.2007

РАКОМЕТ, ЛИГА НА ШАМПИОНИ Хипо му даде голем поттик на Кометал ЃП во пресрет на неговата вчерашна средба со Слагелсе во Копенхаген откако на гостински терен го совлада ФТЦ со 36:34. Австријките со оваа победа обезбедија пласман во четврт-финалето на Лигата на шампионите со максимални осум бода од ...

Ѓорчепетровки "никакви" и во Данска

Утрински - 12.02.2007

По поразот од Слагелсе од 24:16 заврши приказната за четврт-финалето во ЛШ, почна таа за КПК Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров ја продолжија својата најцрна серија откога во 1994 година првпат настапија во Лигата на шампионите, претрпувајќи убедлив пораз од 24:16 и во реваншот со Слагелсе во ...

Третото место - последна шанса

Дневник - 12.02.2007

По поразот во Данска, треба да го победиме ФТЦ Будимпешта дома повеќе од три разлика за да се надеваме на КПК Ракометарките на Кометал ЃП својата шанса за останување на евросцената ќе ја бараат само во Купот на куп-победниците, откако во 4.